Дали постои несебично дело!?

  • Креатор на темата Креатор на темата The G-Man
  • Време на започнување Време на започнување

The G-Man

Кепец
Член од
6 декември 2007
Мислења
501
Поени од реакции
12
Ова се прашувало од древни времиња: Дали постои несебично дело!?
Ова јас го прашувам сега, бидејќо нема дело што ќе го направиш и нема да се чувствуваш убаво.

Како на пример: Кога ќе дадеш облека на бездомници, кога ќе му помогнеш на некој со проблеми во врска со колата итн.

Но, сакам да слушнам вие што мислите. Ве молам дискусирајте општо и сликовито за да биде разбирливо.
 
Сите работи што ги правиме се од себичност,од потреба за дигање на егото,за да се чувствуваме поубаво,да на некој начин се ослободиме од гревовите.
„Јас направив нешто лошо,но направив и нешто добро па лошото може да се заборави,да ми се прости.Сега ми е подобро„
Секако дека е од себичност.
Луѓето се себични суштества.
Ова се прашувало од древни времиња:
Ова не сум знаела:)
 
Па да ти кажам вака, ако направиш добро дело и питоа се чувствуваш убаво е правилно(се радуваш дека си помогнал на некој)штом се радуваш за туѓа среќа, нема ништо лошо во тоа и баш не е себично.
Но, ако направиш добро дело и притоа се испофалиш дека си направил, а во себе се каеш поради тоа(зашто си потрошил пари и слично) е тогаш веќе правиме муабет за себичност.
Пример: имаш еден геврек, го делиш со некој зашто он нема што да јаде и што е тука себичното, и он се чуствува убаво и ти.
А ако му дадеш на некој половина само за да се покажеш пред другите и да речат лееле браво овој добар човек, тоа не само што е себично и злобно е!
 
Пример: имаш еден геврек, го делиш со некој зашто он нема што да јаде и што е тука себичното, и он се чуствува убаво и ти.
А следниот пат ќе поделиш зашто си се чувствувал убаво,а се чувствуваш убаво зашто ти праснало егото.Следниот пак ќе посакаш пак да ти порасне егото.
Колку и да не ми се допаѓа фактот,сепак ние сме себични и егоистички суштества.
 
Мислам дека не постои несебично дело... Зошто ?
- Затоа што секој човек кога прави нешто што останатите го сметаат за несебично или хумано дело и слично тој го прави со втора цел, односно сметајќи дека тој со тоа ќе добие нешто за возврат...
Некој ќе рече не е битен начинот битно е да се прави тоа
Јас пак ќе речам не многу е важно со која цел и зашто се прават работите
Зошто само доколку се од се срце и без никакви секундарни цели ја имаат вистинската вредност... но нажалост такви нема :toe:
 
А следниот пат ќе поделиш зашто си се чувствувал убаво,а се чувствуваш убаво зашто ти праснало егото.Следниот пак ќе посакаш пак да ти порасне егото.
Колку и да не ми се допаѓа фактот,сепак ние сме себични и егоистички суштества.
епа мене ми порасноло егото, а тој не е гладен, не правам само за себе нешто.
 
Сепак има нешто себично.
 
А следниот пат ќе поделиш зашто си се чувствувал убаво,а се чувствуваш убаво зашто ти праснало егото.Следниот пак ќе посакаш пак да ти порасне егото.
Колку и да не ми се допаѓа фактот,сепак ние сме себични и егоистички суштества.
има книга за ова и да факт е ние сме егоисти сите само секој различно тоа го манифестира..
 
Јас колку што знам зборот себичност означува само нам лично да ни биде убаво а за другите да не не боли к*р.Додека ако направиме дело кое што е за заедничко добро на повеќе ентитети од овој живот тоа дело не е себично туку е добро дело.
 
Зависи како гледаш на работите.

Технички, се` што правиме е од себични причини, за сами себе да си угодиме. Ако помогнеме некому, го правиме тоа за да се чувствуваме самите како подобри луѓе. Задоволни се двете страни, и ние и тој на кој што сме му помогнале, ама што е приоритетно? Дали по дадената помош ни е поважен исходот кој се однесува на нас или оној на помогнатата личност?

Од друга страна, ако се` што правиме е од себични причини, тогаш извесни апстрактни именки од типот дарежливост, сочувство, солидарност, широкоградост итн., би биле непостоечки особини, зошто во комбинација со себичност создаваат парадокс.

Затоа викам дека се зависи од начинот на кој ги гледаш нештата. Исто како што има два одговора на прашањето дали чашата е полупразна или полуполна, или како што две индивидуи различно ќе одговорат на прашањето дали сивата боја е понакај бела или понакај црна :)

има книга за ова и да факт е ние сме егоисти сите само секој различно тоа го манифестира..
А „марсовче вика дека...“?:nesum:
 
Нема несебично дело. Но ако тоа дело му помага на некој друг тогаш е прифатливо.
Една корпорација или обична фирма ќе донира определен дел средства само за да ја има на ТВ и да се рече дека помага на сиромашни и други несреќни лица.
Тоа е се маркетинг. Според мене би требало да се забрани со закон ваков вид на маркетинг.
Секоја индивидуа или претпријатие кое сака да донира да остане анонимно за јавноста.
 
Не постои несебичен човек, па со тоа ни несебично дело..
 
Чувствителна тема.Добро е да се знае како размислуваат некои од хуманитарците на форумов.
 
Чувствителна тема.Добро е да се знае како размислуваат некои од хуманитарците на форумов.
И кога бев дел од хуманитрната акција го имав овој став.Го имав приметено ова кај многумина,подоцна и кај себеси.Не ми е мило поради тоа,но ете такви сме.
Можеби несебични работи прават чесните сестри(оние што го следат делото на Мајка Тереза) зашто не знам каква корист би имале они кога тоа го одбрале како работа,како нивен пат.Макар и егоистичка.

Сепак,стојам позади мојот став дека секое дело е од себичност.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom