Дали Папата ќе ја посети Македонија?

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
Српските портали почнаа да известуваат со извесна доза на хистерија дека Иванов го поканил Папата на посета во Македонија.

Не сум баш сигурен за оваа вест. Папата не е било кој и сигурно може многу да и помогне -- но и да и одмогне -- на Македонија.

Исто така, не знам дали нашите медиуми пишувале нешто на оваа тема, но вреди да се продискутира. Доколку доаѓа, централното прашање е дали е посетата поврзана за грчкиот спор со нашето име?

http://www.srpskapolitika.com/
 
Го поканија официјално од наша страна пред месец дена, така да веста ти е стара.
 
Требен ни е, нека се гони подалеку.
 
Иванов треба на Папата да го однесе во Пепи или Шабан с. Дабиле Струмица.
Ќе видите наредниот ден и ЕУ и НАТО и историја ќе ни признае светот ќе се обединиме и се !!!
 
Ако се има во предвид колкав медиумски простор се отстапува деновиве на државната телевизија по повод "150 години кукушка унија" ништо чудно.

Не дека јубилејот не е важен настан во македонската историја, ама Ѓорѓе сериозно се зафатил со задачата да го донесе Папа(чот) во Македонија па ги користи сите можни начини.

Во што нема ништо лошо, нормално.
 
Ја поздравувам активноста за носење на Папата во Македонија. Спорот со името по моје нема никаква врска со Папата и со неговото доаѓајне не би требало да има некој напредок во преговорите.

Знам дека има доста луѓе кој не се баш за да дојде Папата но мислам дека време е после скоро 1000 години католичката и православната црква да се доближат. Не гледам ништо лошо во тоа и ќе додадам дека католичката и православната црква се доста поблиски него на пример со протестантите.
 
Туу ова е уште кога беше преседателот во посета на Ватикан, не е од деновиве, и мислам дека поканата е прифатена.
Само незнам за што служи прашалникот :)
 
Туу ова е уште кога беше преседателот во посета на Ватикан, не е од деновиве, и мислам дека поканата е прифатена.
Само незнам за што служи прашалникот :)

Зошто не сум сигурен дека ќе дојде.

Инаку, секоја чест на Иванов за напорите да го довлечка во Македонија. И тоа како ни е потребна подршка.
 
Прво прашањето е дали ќе дојде. Ако дојде, тоа е голема работа за нас, но и за соседите, бидејќи гледаме дека на недојден гостин почнува да ги фаќа хистерија и не само во Србија.

Второ, секој Папа секогаш играл многу претпазливо во Македонија бидејќи сме политички трусно подрачје. Но не може да се одрече дека сме добивале помош од Ватикан во минатото, вклучувајќи и за време на осамостојувањето. Речиси сум сигурен дека нема да не уценува, но дали и какви придобивки ќе бара?

Доколку дојде, мислам дека ќе биде многу поволна за нас таа негова посета. Иванов треба да игра максимално “агресивно’’ и да бара буквално се'.
 
Зошто не сум сигурен дека ќе дојде.

Инаку, секоја чест на Иванов за напорите да го довлечка во Македонија. И тоа како ни е потребна подршка.
Имаше еден папа со име Ванчо Пајо Втори па и тој даде подршка на тогашна Југославија со ставањето на неговиот потпис за да почне растурањето на Југославија а тие последици уште ги чуствуваме ние, што преку меѓународно непризнавање, што преку Албанскиот проблем...
Тоа ти е како да го викнеш волкот овчар да ти биде во стадото, знајте дека ако дојде после неговата посета ќе има некоја голема промена кај нас, дали ќе е името или национализмот не знам ама јас лично не му верувам, за останатите не знам што мислат?
 
Јас сум добро запознаена со причините за доаѓањето на Папата.

Најголемата причина за неговото доаѓање според мене познати информации е поканата од спомен куќата на Мајка Тереза за 100 годишнината од нејзиното раѓање.

Сега вие можете да си додавате или одземате причини како вас ви годи.

А претседателот во случајов е како главен на држава да испрати таква покана. :helou:
 
Коа сакаше папата Јован Павле Втори да дојде, нашиве неќеа, сеа на Папата Бенедикт 16-ти покана му праќаат...
Не знаат шо сакаат.

Инаку, ептен би била среќна да дојде кај нас.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom