Дали можете да бидете во љубовна врска со човек што не го сакате?

  • Креатор на темата Креатор на темата facule bacule
  • Време на започнување Време на започнување
можи бе зошто да не .... ако гледам дека чупето стварно ме сака и поштова зашо да не пробаме. поарно така отколку да сакаш некоја па од газ да не те мава па да ја чекаш. вака најубо знајш дека те сака и ќе се труди да ја одржи врската , мирна ти е глата
 
pa podobro da ne go sakam a da mi e ubavo so nego otkolku da go sakam a da e nekoj gad i da mi e katastrofa, definitivno mozam da bidam so nekoj sto ne go sakam mene po bitno mi e toj da me saka
 
Незнам.. не сум била во таква ситуација. Сепак ако сум со него, нормално мора барем да има мала хемија меѓу нас, да ми се свиѓа и како што рече да ми е убаво со него, па со тек на време можеби би го засакала.
Или незнам неможам да си замислам да речам "ам одам со овој ама не го сакам", можеби ќе се лажам самата себе(а и другите) дека го сакам, а пак нема да го сакам.. и после некое време ќе ми светни сијаличката и ќе речам : aбе јас овој не го сакам.
Исто некако работиве не ми се поврзуваат. Љубовна врска- Човек што не го сакаш..
сепак то е некаква врска без врска.
А за во таква врска.. па многу често се дешава од шо ќе си повредена од тој шо го сакаш, на крај да појдиш со друг, а да не го сакаш.. чисто од инает само да тераш и да му докажиш дека можиш и без него. Тогаш самите себе се лажиме, ни то не е врска(ама има и шанси да прерасни во нешо).
 
Нема никакви шанси да се случи тоа
до сега не ми се случило,
ама сигурна сум дека не би го направила
 
Дефинитивно НЕ. Не е убаво да си со некого кој не го сакаш и на пример ја користиш само за секс.
 
Не би била во врска со некоја ако барем малку не чувствувам нешто кон него , само ке се измачувам себе си , без разлика дали тој ме ска, ми обрнува внимание или ми оди по кеиф цело време, јас самата не ке бидам задоволна од тоа што го чувствувам
 
На почетокот на врската, тешко е да го разграничиш допаѓањето од страста, страста од сексот, сексот од љубовта, љубовта од разбирањето... Така што, темата е оксиморонски поставена. На мене не може да ми е убаво да сум со некого, ако не чувствувам нешто за него. Макар да е и некаков вид на привлечност, не мора да е љубов. Сепак од таа привлечност, подоцна е можно да се развие љубов. Сума сумарум, да би можела, се до степенот додека не почувствувам за таа личност љубов. Ако не почувствувам, тогаш пиши пропало и фрлај се во нови предизвици.
 
Не можам. Нема погрдо чувство од тоа да си со некој, а да не го сакаш, претставува вистинско измачување.
На почетокот имало мала хемија, но подоцна се тоа се губи .. Па даваш шанса, си велиш можеби ќе го засакаш, но станува се потешко..
И на крај нормално, раскинување, кое во случајов претставува вистинско олеснување.

...
 
На почетокот на врската нормално дека нема да има некоја „ненормална“ љубов , туку само допаѓање. Така да , сите влегуваме во врска со човек кој што не го сакаме , но со времето како што го запознаваме човекот или ќе го замразиме па ќе заврши врската или пак ќе го сакаме.
Значи треба да сме спремни на варијанта дека не постои такво нешто како сродна душа , туку дека треба да станеме компактибилни со друга особа.
 
Охо секако дека можам.
Не можеш да засакаш некого само од гледање,па после да влезеш у врска.Така да технички,сите биле у таква врска,времето после ќе покаже колку ќе трае таа врска,дали симпатиите ќе прераснат у чувства,или ќе се стави крај на врската.

Не можам да бидам у врска со човек што не ми се свиѓал ни малку пред да бидеме у врска,а со некој што не сум го сакала(а ми се свиѓал) пред да бидеме у врска можам,simple as that :)
 
После првиот месец од врската кој ке помине во прилагодување на партнерите еден спрема друг, ако не го сакаш нема потреба да се измачуваш понатака во таква врска.
 
Ноуп...Нема иднина таквата врска, ама никој не гарантира дека во текот на врската не може да се заљубиш во партнерот и да ти е поубаво од секогаш...Се е релативно:toe:
 
Vo slucajot "so nego sum ama ne go sakam", sekogas ima nesto sto te privlekuva..na pr. materijalnata podrska,neznosta i vnimanieto...zavisi od covekot iako jas ne bi mozela toa da go napravam,zasto nekogas vo zivotot i mene ke mi se desi(karma) i ne planiram da se osekjam kako l...:nenene: :helou:
 
После првиот месец од врската кој ке помине во прилагодување на партнерите еден спрема друг, ако не го сакаш нема потреба да се измачуваш понатака во таква врска.

Ех па и ти сега еден месец...мене малку ми е тоа за да се заљубам онака ЗДРАВО . За 3 месеци веќе може да правиме муабет.После тоа веќе ако гледам дека не иде и дека нема начин да го засакам да,тогаш ќе му раскинам а порано мислам дека не :toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom