Дали мислите дека со форумов созревате?

  • Креатор на темата Креатор на темата Volkswagen
  • Време на започнување Време на започнување
Не е тоа созревање,читањето не те прави созреана личност туку искуството.

Сепак, форумов доста помага од аспект на размислување, развиваме критичко мислење, размислуваме за некои теми и за да дадеме соодветен одговор се ставаме во некои фиктивни ситуации во кои реално не би се нашле. Колку тоа во вистина би ни помогнало не знам, но дефинитивно преку читање на различни мислења правиме споредба меѓу нашите и туѓите ставови и формираме некој конечен став.

Втора предност на форумов е можноста за дискусија на било која тема, простор каде ќе се изразиш и изјасниш и нема да бидеш налик на чудак или погрешно сфатен, што е од особено значење за мене, дискусијата е многу важна. Како и да е, дојдовме во време каде и квалитетната дискусија се намалува, но за среќа сеуште ја има и ќе ја има се додека постојат постарите членови на форумов
( претежно љубам да навлагам во сериозна дискусија со членови што се моја генерација и претходно, значи 2008/07/06 и така, без навреда кон новите- созрејте ќе дискутирам и со вас :D )
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom