Дали минималната плата треба да биде иста во сите општини?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Разбирам што сакаш да кажеш - ако платата е пониска во помалите градови, повеќе луѓе ќе бараат работа во Скопје.

Но, од друга страна, трошоците за живот во Скопје и во помалите места не се исти. Така да, повисока минимална плата не значи автоматски и поудобен живот.

Прашањето е дали е пофер сите да имаат иста минимална плата или таа да се прилагоди на локалните услови, а со тоа и да се балансира и приливот на луѓе.
Живеам во Охрид.Се е поскапо него во другите градови.Од туризам не жиевеам само плаќам поскапи производи.Одвај чекам да заврши летово,гужви урлкања до сабајле,гужва во собраќајот,немам кај да паркирам пред зграда.Дали според тебе и ние во Охрид треба да земаме поголема плата од другите градови поради поскапиот живот и да имаме бенифициран стаж поради гњаважата шо ја трпиме во летните месеци?
 
Јас се уште немам изградено став, ја отворив темава за да ги прочитам вашите размислувања и да поттикнам дискусија, па можеби ќе изградам.

Сметам дека во Охрид можеби е пскапо во сезона, во локалите. Сезона е 3 месеци, а годината има 12. Во трошоци не спаѓаат само пијачки и храна во ресторани, туку и режиски трошоци (и даноци), цена на кирија, цена на градски превоз, основни намирници.
 
Земјоделскиве производи се доста поскапи од да речиме Прилеп или Битола.Инаку сум против минималецот да биде различен са секоја општина.Не е фер за иста работа да добиваш помалку.Тоа се дешавало во поранешна Југославија каде шо имало републички просек и нормално таквите политики створиле револт и меѓусебна нетрпеливост меѓу народите.Сите знаеме како заврши таа приказна.
 
Од друга страна, знаеме и како заврши вештачкото зголемување на минималецот во Македонија. Се издејствуваа повисоки плати, а потоа сосема "неочекувано" се појави и инфлација (кој би рекол дека трговците би ги покачиле цените кога ќе им наметнеш поголеми трошоци...). Па така, сите може да заклучиме дека покачувањето на платите не донесе и повисока куповна моќ и дека "висока минимална плата" се добива со работа, а не со "владина одлука" :)
 
Ова дивеење на цените не е предизвикано од зголемување на минималецот.Инфлацијата е предизвикана како последица од војната во Украина и ковидот Како зголемување на минималецот на обичниот работник кој работи во најтешки услови со само пола сат пауза е проблем,а 40 посто во државна администрација не работат ништо и земаат далеку поголеми плати?Не мислиш дека тие се вистинскиот проблем?
 
Види вака, кога минималната плата расте по административен декрет, а не затоа што фирмите заработуваат повеќе или работиме попаметно, тоа е како да му додаваш тегови на брод што и онака тоне.

Фирмите не се добротворни организации - ако мораат да даваат поголема плата за иста работа, ќе си ги покријат трошоците така што ќе ти ја кренат цената на кафето, пицата или чевлите. И ете ти ја инфлацијата.

Плус, кога наеднаш кај народот ќе има повеќе пари, а производите и услугите се ист број, логично е цените да рипнат - повеќе пари бркаат исто количество роба. Класика.

Не викам дека инфлацијата ни е само од тоа. И ковидот, и војната во Украина ни ја „подариле“ добра доза поскапувања, ама да се правиме дека административното качување на минималецот нема врска, е исто како да велиш дека бурекот не дебелее ако го јадеш стоејќи.
 
Не е толку животот поскап во Скопје отколку во внатрешноста. Во Скопје само имаш повеќе работи на што ги трошиш парите. :)
 
Значи проблемот во државава е зголемување на минимиалецот?Па ако фирмите се брод шо тоне како тоа по езерово се возат најскапи јахти и глисери како никогаш до сега?Се градат згради како никогаш до сега.Кој ги купува становите работнициве шо земаат минималец?Ги купуваат истите тие газди на фирми,разноразни тендерчии,корумпирани партиски административци.Тие приказни завршијавеќе.Алал да им е на љугето шо зедоја бугарски пасоши и си заминаја од корумпиранава вукојебина.Види богати значи работнициве шо ринтаат најмногу не требало да земаат повеќе плата.Завршија тие времиња на евтина работна рака.И децата на работниците треба да живеат пристоен живот.Ако сакаш да ги исправиш работите во државава почни од партиските полтрони и парламентарците кои земаат огромни суми за патни трошоци.Предложи им и тие да земаат минималец за да нема инфлација во државава,нели.Баш ме интересира дали ќе прифатат,шо викаш ќе прифатат?
 
Убаво звучи ова за „достоинството на работникот“ и „сите да живеат пристојно“, ама реалноста не е роман од социјалистички рај.

Факт е дека парите не паѓаат од небо - ако им ја кренеш платата на сите со декрет, без тие фирми да заработуваат повеќе, цените ќе рипнат за да се покрие разликата. И тоа не е „теорија на газди“, тоа е економска математика стара колку и трговијата.

Да, има јахти и глисери - ама тие се на еден мал дел луѓе што играат по свои правила. Не значи дека секој што има фирма е таен милионер. Повеќето мали и средни бизниси едвај врзуваат крај со крај. Кога им удираш административно трошок, први страдаат тие, а со нив и работните места.

Ако сакаме вистинска промена, треба да ја зголемиме продуктивноста и да ги расчистиме тие тендерџиски мафијаши, а не да се тешиме со приказни дека можеме да креваме плати по желба и дека тоа нема да има последици. Инаку, ќе останеме во филм дека живееме во „држава за сите“, а во реалноста цените ќе ни ја јадат платата побрзо од што ќе ја добиеме.
 
Не е толку животот поскап во Скопје отколку во внатрешноста. Во Скопје само имаш повеќе работи на што ги трошиш парите. :)
Скопје низ цела година и Охрид во летна сезона се скапи на ниво на европски метрополи.

Само почни од кирија/рента или цена на м2 стан/куќа во централно градско подрачје.
Земи било кој рандом град... пример Штип... ќе најдеш стан од 80квадрати за 200 евра месечно - наместен. Во Скопје за 200 евра ќе добиеш гарсоњерче од 30 квадрати, празно. Или некаде надвор од градот па ако работиш тука, ќе ти треба 2 автобуси и 70 минути во правец само за на работа да стигнеш. И ќе отераш све у три лепе п...

Ноќен живот, се од Аеродром до Карпош ти е нереално со цени. За 3 пијачки ти требаат 1000 денари (освен ако не пиеш Скопско). Ако си со жена/девојка, 50 евра ги трошиш како од шала во 2/3 саати.
Паркингот на одредени места е каде каде поскап (освен од Охрид :D)

Диската да не ни почнуваме (сеа ги затворија ок но додека работеа...).

За останати работи, пазарење во маркети, гориво итн итн итн, исти цени се секаде да, но предходниве работи ги менуваат доста стандардот.
 
Убаво звучи ова за „достоинството на работникот“ и „сите да живеат пристојно“, ама реалноста не е роман од социјалистички рај.

Факт е дека парите не паѓаат од небо - ако им ја кренеш платата на сите со декрет, без тие фирми да заработуваат повеќе, цените ќе рипнат за да се покрие разликата. И тоа не е „теорија на газди“, тоа е економска математика стара колку и трговијата.

Да, има јахти и глисери - ама тие се на еден мал дел луѓе што играат по свои правила. Не значи дека секој што има фирма е таен милионер. Повеќето мали и средни бизниси едвај врзуваат крај со крај. Кога им удираш административно трошок, први страдаат тие, а со нив и работните места.

Ако сакаме вистинска промена, треба да ја зголемиме продуктивноста и да ги расчистиме тие тендерџиски мафијаши, а не да се тешиме со приказни дека можеме да креваме плати по желба и дека тоа нема да има последици. Инаку, ќе останеме во филм дека живееме во „држава за сите“, а во реалноста цените ќе ни ја јадат платата побрзо од што ќе ја добиеме.
Е па затоа ти викам сите на минималец,а не да се удира само по најсиромашните.Па секој да види како се преживува со минимална плата.А не овде шпартаат со најнови јахти и џипови ама работникот бил крив за инфлацијата,види мајката.Пошто не сме социјалистички рај љугето си заминаа надвор.Истите тие газди кои на кенлерите ги уценуваа да им работат за 12000 сега ги молат за 30000- 40000 илјади.Нема веќе гратис работење,Хрватска е тука во близина.
 
Последно уредено:
Ако одиме по логиката поголем град повисоки трошоци и повисока минимална плата, помалите места уште толку ќе се испразнат или пак обратно помалите места да се стимулираат со повисока минимална плата а во големите градови да биде пониска ефектот ќе биде ист, масовно иселување и рмбање за европски минималец.

Да имавме просечна плата од 3000еур а минималната да се движи од 1200 до 1500 ваква идеја би имала некоја одржливост.

Во ситуација во која што сме денес е неизводливо и од економски и од демографски аспект, проекциите за намалување на население драстично би скокнале.

А и ваква одлука со различни минимални плати не дозволува уставот. Дел од граѓаните ги ставаш во подредена улога во општеството.
 
Само почни од кирија/рента или цена на м2 стан/куќа во централно градско подрачје.
Земи било кој рандом град... пример Штип... ќе најдеш стан од 80квадрати за 200 евра месечно - наместен. Во Скопје за 200 евра ќе добиеш гарсоњерче од 30 квадрати, празно. Или некаде надвор од градот па ако работиш тука, ќе ти треба 2 автобуси и 70 минути во правец само за на работа да стигнеш. И ќе отераш све у три лепе п...

Нема шанси во Штип да најдеш стан за таа цена. И ако најдеш, тоа ќе биде со намештај од време на Југославија.

Штип за рента е скап и цените горе-долу безмалку ги следат оние во Скопје. Може се малку пониски, но и потешко е да најдеш што сакаш поради пониската понуда.
 
@Monte Ако бидне нешто од овоа барај таму домазет да бидам Скопје или посини ме да ја прајме работава да сменам адреса само :pos:
Acid нашол со македонец да итруе :pos:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom