Дали мажите сакат повеке секс од жените?

  • Креатор на темата Креатор на темата Sizikottt
  • Време на започнување Време на започнување
Абе... Тоа се само бројки, статистика... Секогаш звучат пострашно отколку што навистина се. :)

А тоа дека мажите се поотворени на оваа тема е од причина што девојчињата уште од малечки се воспитуваат да ги потиснуваат таквите желби и нагони и да не зборуваат слободно за сексот, додека кај мажите таквото однесување дури и се поттикнува... Затоа и испаѓа дека мажите сакале повеќе секс од жените, иако тоа што почесто зборат за сексот не значи дека и почесто мислат на тоа. :)

Ова е исто како што машките деца ги учат да ги потиснуваат своите емоции за да не испаднат плачковци... Па така се добива (погрешен) впечаток дека жените општо се почувствителни од мажите само зошто си дозволуваат да ги искажат емоциите и затоа што им е „дозволено“ да заплачат без никој да ги нарече слабаци. :)
Забегав јас во други психологии...

Како мислиш дека би изгледале машко-женските односи посебно во сексуалноста ако девојчињата се воспитуваат исто како машките во однос на сексуалноста? Односно да појаснам колку има улога генетика и хормони а колку воспитување?

Имав малку поинакво мислење ама ова ме натера на размислување.
 
Кога хипотетички и машките и женските деца исто би се воспитувале, машко-женските односи меѓу нив веројатно би биле далекуууу помалку комплицирани. Ама ова е утопија. :)

Не знам како би изгледале, и не знам ни колку врска имаат машко-женските односи со слободното изразување на тема секс. Јас само ја наведов најлогичната причина зошто жените се позатворени на таа тема, а мажите од друга страна дигаат повеќе џева. :icon_lol:

Генетика и хормони секако дека имаат голема улога, ама воспитувањето, посебно на нашево поднебје сметам дека е клучно, затоа што овде најшироко е сметан сексот како табу тема, „срамотен“ збор и сл., и сите знаеме какво е генералното мислење за девојче кое слободно се изразува и практикува секс, а какво за машко кое истото тоа го прави.
Технички, културата на живеење е таа што е заслужна за тоа дека се очекува од девојките да бидат мирни, чесни и повлечени, а е дозволиво за мажите да бидат отворени, со „збеснати“ хормони, па дури и вулгарни. :)
 
Значи би бил многу интересен експеримент во една околина (едно село на пример) сите деца во однос на сексуалноста исто да се воспитаат и да се види во понатамошниот живот дали ќе има големи разлики во однесувањето (посебно кај сексуалноста) во споредба со тоа што денес се важи како општествена норма.

Второ. Би било интересно да се дознае (мене би ме интересирало :)) колку од девојките имале ситуација да се однесуваат различно од она што го чуствуваат само заради воспитување и мислење дека тоа не е морално.

Такво неинхибирано општество би било доста интересно во одредени слободи :).
 
Би било интересно indeed. :)

Ама не мислам дека наскоро ќе доживееме да видиме како би било. :)
 
Би било интересно indeed. :)

Ама не мислам дека наскоро ќе доживееме да видиме како би било. :)

Може и правеле такви експерименти ама нема да ги објават :wink:.

Тебе ти се случило да се однесуваш „попристојно„ само за да не излезеш од нормите на општеството затоа што си девојка?

И ако е тоа така зарем не би требало вие девојките први да ги смените работите пошто мајките имаат голема шанса да влијаат на воспитувањето на децата а посебно ќерките?
 
Може и правеле такви експерименти ама нема да ги објават :wink:.

Тебе ти се случило да се однесуваш „попристојно„ само за да не излезеш од нормите на општеството затоа што си девојка?
Не само што ми се случило, туку ми се случува секој ден. Иако јас дури спаѓам во послободните девојки (во однос на отвореност при разговори за секс, не во однесување, зошто сепак си имам граници), сепак никогаш не сум се однесувала така како што само од машко се очекува да се однесува, а не дека понекогаш не ми доаѓала желба :)

Во секој случај мора да ги почитуваш непишаните правила на луѓето ако сакаш да бидеш прифатен, а не осудуван.

Јас морам да си го контролирам јазикот и однесувањето за да испаднам културна и воспитана; ти мора да се контролираш да не заплачеш за да испаднеш мажествен и силен. Општеството тоа од нас го очекува, зошто така се поставени работите, и ние мораме да му удоволиме на општеството ако сакаме да се вклопиме. :)
И ако е тоа така зарем не би требало вие девојките први да ги смените работите пошто мајките имаат голема шанса да влијаат на воспитувањето на децата а посебно ќерките?
Па можеби и би требало, ама тоа воопшто не е лесно. Дури и незамисливо е да промениш работа која е таква одсекогаш, иако со тек на време секако ќе почне да се менува, ама тоа ќе биде многу долго време. Не можеш да промениш цел еден концепт на општество преку ноќ, понекогаш не можеш ни со векови.

Сепак, ако нештата се вакви веќе толку време, можеби и би требало да се вакви. :)
 
Не само што ми се случило, туку ми се случува секој ден. Иако јас дури спаѓам во послободните девојки (во однос на отвореност при разговори за секс, не во однесување, зошто сепак си имам граници), сепак никогаш не сум се однесувала така како што само од машко се очекува да се однесува, а не дека понекогаш не ми доаѓала желба :)

Во секој случај мора да ги почитуваш непишаните правила на луѓето ако сакаш да бидеш прифатен, а не осудуван.

Јас морам да си го контролирам јазикот и однесувањето за да испаднам културна и воспитана; ти мора да се контролираш да не заплачеш за да испаднеш мажествен и силен. Општеството тоа од нас го очекува, зошто така се поставени работите, и ние мораме да му удоволиме на општеството ако сакаме да се вклопиме. :)
Па можеби и би требало, ама тоа воопшто не е лесно. Дури и незамисливо е да промениш работа која е таква одсекогаш, иако со тек на време секако ќе почне да се менува, ама тоа ќе биде многу долго време. Не можеш да промениш цел еден концепт на општество преку ноќ, понекогаш не можеш ни со векови.

Сепак, ако нештата се вакви веќе толку време, можеби и би требало да се вакви. :)
tolku mnogu zborovi i na kraj bez poenta tolku mnogu zborovi za da kazees deka nemaj pojma sto zboris!
 
ama maskite pobrzo im ide sex vo glava,a na devojcinjata pokasno i toa mn pokasno od maskite,i zavisi ima nekoj devojcinja sakaat poveke nekoj po malku :helou:
 
Како мислиш дека би изгледале машко-женските односи посебно во сексуалноста ако девојчињата се воспитуваат исто како машките во однос на сексуалноста? Односно да појаснам колку има улога генетика и хормони а колку воспитување?

Имав малку поинакво мислење ама ова ме натера на размислување.

А какви се сега машко-женските односи според тебе?
Добри? Лоши? Отворени? Затворени?

Јас од твојот пост добивам многу лош впечаток за она што ти го пишуваш.
Ако една жена е послободна да зборува за нејзиниот сексуален живот, тогаш таа е неморална и невоспитана?
 
суштината и на машката и на женската сексуалност е во генетиката и во кој правец генетски ке се развива општеството ке го следи и сексуалноста во тоа воспитувањето скоро и да нема влијание и тоа влијае само на формата т.е начинот на изразување на сексуалноста
 
Да, мажите повеќе сакаат секс. Ние преферираме слатка и нежна љубов. Бацување и гушкање.

Зашто и јас сакам нежна љубов. Али и сексот е супер...:pipi:

Иначе нема везе машко - женско кој повеќе сака. Можеби и исто сакаат само машките погласно го кажуваат тоа...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom