Дали луѓето се менуваат?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
10269546_10152141670573722_4046030397088037384_n.jpg


А, дали може темпераментот на човекот да се промени ?
 
Ме интересира, што мислите, кога ќе кажете за некој човек дека се сменил, дали тој човек навистина се сменил или само го покажал своето вистинско лице?

Не мора да биде само менување за лошо, може и за менување кон добро...

Прашањето е колку луѓето навистина може да се сменат?

Велат: Волкот го менува влакното, но наравот не.

Дали се согласувате со тоа или сепак не?

Дали мислите дека е можно човек да се смени на подобро или полошо?
Или сепак, луѓето не се менуваат, туку едноставно им паѓаат маските. Маски кои некого го прават заштитен од повредување и маските кои служат за манипулација.

Може ли да се случи човек да го поттиснува својот карактер и чувства во себе и одеднаш да изплива се на површина, а околината да мисли дека тој човек се променил?


Психолошката структура на еден човек или подобро речено неговото размислување и однос како индивидуа подлегнува на доста промени како на пример општоприфатениот менталитет, идеологијата на поединецот, политичката определеност или пак влијанија од надворешната средина како што се социјалните проблеми.
 
Модерните и прогресивните се менуваат. Скапаните конзервативци не. Модерните успеваат.
 
Како што е прикажано во филмот The Day the Earth Stood Still, луѓето се менуваат кога крајот е блиску, или доколку ги чека опасност, или пак, како што Црноризец пиша, кога имаат (нај)тежок период во нивниот живот.

-Professor Barnhardt: "But it's only on the brink that people find the will to change. Only at the precipice do we evolve."
 
Дефинитивно луѓето имаат способност за менување. Страдањата како најсилен провокатор на истото.
Јас го сакам она менување кое доаѓа без да има таква тешка причина, кога се она што било потиснато во некого, сокриено од себе, одредена личност (најчесто) те натера да го покажеш, да се видиш себе си во поинакво светло, да се ослободиш од стегите и предрасудите, да се разбудиш!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom