Дали именувате предмети со лични имиња?

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување
Па телевизорот го викам Стиви, му го позајмив имево на Чендлер од „Пријатели“. Компјутерот ми се вика Пеце, сите викаат писи, писи, ама јас го измакедонизирав сето тоа и сега се вика Пеце. Знам уште нешто викав по име, да ми текне ќе постирам пак:)
 
Не, а не се сеќавам мечиња да сум крстела... Само 2-3 барбики, тоа е се ..
Иначе преферирам маченца да си крстам...:back:(живи):vozbud:
 
претежо колите/моторите ги прекрстувам... така да ескордот ми е фордача (нагалено од форд), фиестата стрелчо-белчо (бела е), моторот ми е магаре...
 
Досега немав ставено отсега ке им ставам прекрасната бела тоалетна хартија ке ја викам Кате во чест на мојата бивша другарка, вц шолјата во Чест на мојата бивша професорка Грета, а тесните балетанки кои ми направија рани ке ги викам Сталин и Ленин. хм...ми се допага ..
 
На плишаните мечиња често давам имиња:).
 
Никад не сум го напрајла тоа,али еве веќе коа ја прочитав темава на форумов размислив и одлучив на моево среќно пенкалце кое 2 години ми ги решава испитиве да му дадам име оти заслужило:vozbud::vozbud: па од сеа еве ќе си го крстам сречко:pipi:
 
Не недавам имиња:toe:...
 
Немам обичај да давам некои имиња на предметите ама ме изнасмеавте со имињава на компјутерите :) На сите бре Пеце ви се вика компјутерот :pos2:
 
Не, ама ко бев помала си имав едно моливче, многу си го сакав и си го крстив Тити.:salut:
 
Не,ја немам таа навика и некако глупо ми е
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom