Дали имате страв од заболекари?

  • Креатор на темата Креатор на темата Кнез Мишкин
  • Време на започнување Време на започнување

Дали имате страв од посета на заболекар?

  • да

    Гласови: 11 34,4%
  • не

    Гласови: 21 65,6%

  • Вкупно гласачи
    32
  • Гласањето е завршено на .
ИмаМ!
Од тоа бушењето :vozbud:Има и љогави луѓе ќе те акнат у жлебина! :pos2:
Ко бушат со тоа нема пречки за нив, освен долго Аааааа!
И после: А бе ништо, тоа од шо ти е расипан забот.
 
Никогаш нема да ja заборавам мојата прва средба со машинката онаа не што испушта вода, туку таа другата(ја викав машинка за бушење камења:pos:)
Тогаш ми се чинеше ќе ми се откорне вилицата.Ух, страшно:)
 
лелеее,каков страв имам јас да знајте....
порано ко ке одев на заболекар и ја држев раката на заболекарката демек помалце ке болит ако ја влечам јас... ( кутра жена,роднина ми беше,иначе после првата средба ќе ме истераше :pos2: )

и од 6 години до 13 некаде на заболекар немав појдено од тој пусти страв....и ко појдов еднаш,2 месеци ги праев сите заби шо ми беја за праење...не кажвам колку беја...:kesa:
 
А на мене така стругајки ме имат акнато во живецот на забот, крв прскаше на сите страни, и се онесвестив.

Од тогаш имам страв.
 
Што вели заболекарка после добар секс?

Не требаше да го вадиме! :wink:
 
Се е до забарите. Брат ми имаше ужасен страв од забари, многу заби му се расипаа, ама немаше намера да оди на лекар од страв. Потоа го смени заболекарот, и се опушти. Едноставно нејзиниот пристап го ослободи и повеќе нема страв и непријатност од забари и стружење (:
 
Не се плашам од ништооооо. (= Обично им викам: Бидите нежни и сите се смеат и проаѓа брзо времето
 
Дааа!!! и то не е толку од болката,колку од звукот.уллл ме ежит мн:ija:
 
до даска ми е страв од заболекари
одам само заради тоа што заболекарката е згодна и убава...ноооооогу згодна и убава..и млада:nesvest:
 
Многу ми е страв од заболекари и тие нивните машини.
 
Не се плашам. Можеби е поради тоа што уште од мал, заболекарката кај што одев секојпат, беше екстра. Знаеше кога да направи кратка пауза(јас само ке кренев рака и таа престануваше), а бидејќи и се знаеме многу време и муабет многу си правиме, така да многу брзо ми поминува правењето на заб. Инаку, и мене ми пречи звукот, но, кога се мора, се мора :)
 
Кога бев мал имав уплав од заболекари... многу се плашев но сега... не едноставно нема од што да се плашам :toe:
 
Не ми е страв од заболекарите,одсекогаш сум одела кај супер заболекари и во работата и во односот према мене.Језиво ми е од тие машинките шо ми бушат в заб...Страшно ме нервираат.
 
Ако ви е страв од забар, треба да се запознаете со чичковците и тетките на Максилофацијална хирургија. Касапи во вистинска смисла на зборот.
Тогаш ќе си го барате и тоа како вашиот матичен забар. Ама за да не дојде да морате да посетите максилофацијален хирург, одете си почесто кај матичниот забар.
Ем волкот сит, ем овците на број:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom