Дали имате исполнет живот и што за вас е исполнет живот ?

Член од
24 мај 2014
Мислења
5.309
Поени од реакции
5.928
Колку што ѕирнав ваква тема нема а вреди да има па ја отварам. Драги Кајганџии смислата и идејата е да си ги кажете стандардите ваши во контекст на тоа што за вас лично е исполнет живот и да обрасложите дали сметате дека вашиот, сопствениот живот е исполнет или не е. Се разбира и да подобјасните ако е зошто е исполнет ако не ви е зошто не ви е... Можда личи на безлично фантазирање ова али за мене е потребно размислување за ваа работа.

Пошто стално ме корегираат за тоа а и навистина не е фер јас да ја отворам темава а да не пишам прв еве вака: Ако разумно ем стабилно размислам имам просечно исполнет живот, задоволен сум во смисла дека се што ми е на планот животен (школување, работа, карактер, начин на живот итн.) ми тече не е за фалба и светско чудо него помалку или повеке тешко или лесно се одвиваат, се тркалаат работите (во позитивна насока). И што е за мој вкус најбитно се трудам да благодарам и бидам благодарен.

Официјално и последен пат "Дали имате исполнет живот и што за тебе е исполнет живот ?"
 
Водам презафатен но исполнет живот. Доста ме критикуваат помалце да работам но моментално не ги слушам.
Задоволен сум од образованието, иако не работам според него. Задоволен сум исто така и од работата, но се стремам секогаш се повеќе и повеќе да постигнам. Среќен сум поради тоа што имам долга и стабилна врска, исто така и друштвото ми е супер, баш луѓе какви што сакам.

За мене исполнет живот е да бидеш опкружен со луѓе кои ги сакаш, ти значат и се би направил за нив, исто така и они за тебе.
 
Иако сум уште во фазата на школување, одсекогаш сум сонувал а и денес сонувам да водам исполнет живот. Но што тоа навистина претставува за мене? Исполнет живот за мене е да имаш здрави родители покрај себе без разлика на која возраст си, да имаш брат/сестра на која ке можеш да му/и ги кажеш најинтимните тајни, да имаш 2-3 вистински другари кои ке бидат со тебе и во добро и во зло, да бидеш добар, паметен, да имаш убави оценки на училиште, хармонија во семејството, да имаш една вистинска љубов за цел живот. И на крај, да имаш потомство. Многу луѓе денес веруваат дека ако имаат пари ке можат се да си приуштат и со тоа ке водат исполнет живот. Но вистината е далеку од оваа замисла. Џабе му на некој милиони кога нема со кого да подели и добро и лошо, ке нема рамо за плачење, ке нема родители......
 
Да имаш исполнет живот значи да ги имаш околу тебе сите оние работи кои ти ги сакаш, ти значат и си се изборил премногу за да бидат твои и до тебе.

За мојот живот можам да кажам дека е исполнет, но премногу малку. Да речеме од таа исполнетост, исполнети се само 40 - 50%, а тука се вбројува тоа што до мене го имам моето семејство кое најмногу ми значи, тоа што имам мал успех на поле кариера и тоа што се борам за да ги исполнам своите цели. Другите 50 - 60% исполнетост кои ми фалат се надминувањето на кавгите, здравствените проблеми, нервозите, сиромаштијата и исполнувањето на целите. Кога ќе стигнам до тие 100% ќе можам да речам дека имам исполнет живот. Во моментов полуисполнет живот.

:)
 
Според мене,да имаш исполнет живот првенствено значи да си задоволен сам со себе,односно исполнет,а дури потоа да те задоволат/исполнуваат луѓето околу тебе.

Лично јас не се сметам за многу исполнета личност. Од себе не сум задоволен(иако ги имам сите предуслови да бидам-сеуште се школувам,ми оди добро да не речам одлично,имам родители шо доста време посветуваат на фамилијата,солидно стојам финасиски). Тие некои работи одат супер,но и покрај тоа не се осеќам баш исполнето. Сепак кругот околу мене не ме прави баш задоволен,понатаму имам ниска самодоверба за запознавање нови луѓе кои би допринеле за поголема исполнетост итн. Имам онака...50-60% од онаа исполнетост што БИ САКАЛ да ми се исполни онака како што си ја имам зацртано во главата
 
Да чукнам у дрво се движи по план животов... сега за сега.

Пред 3-4 години го живеев најлошиот живот на светот, бев како мува без глава, не бев задоволен ни од место на живеење, ни од образованието, од семејството најмалку, љубовен план катастрофа, бев задоволен само од изборот на другари.

Сега дури страв ме фаќа како работите се сменија. Ќе дипломирам кај и да е, ситно се брои до октомври треба да е готово, а струката си ја засакав ептен. Работам и солидно заработувам за недипломиран, а идеите за приватен бизнис ми се остваруваат. Љубовен план одлично, друштво никад боље. Звезда прва на табела лапав и возачка пред некое време. Некако сите коцки се поклопуваат и понекогаш не ми се верува како се смени се за 180 степени. Уште режимот да падне и ќе процветам :D
 
Од тоа колку ќе биде еден човек исполнет, задоволен и среќен не зависи само од самиот човек туку многу повеќе зависи од околината односно од состојбите во микрокозмот на живеење, движење и комуницирање, значи потесно семејство, пошироко семејство(роднини), комшилукот со кој личноста е опкружена, џабе е се ако околината не ти е по мерак пропаѓа се во вода бидејќи секогаш мислењето на мнозинството(во микрокозмот во кој опстојуваш) ти ги кине крилата без разлика што и да сакаш да кажеш или направиш јбг менталитет, е сега некој ќе рече лесно е да се смени средината да ама камо куќите да беа подвижни како што се автомобилите па по желба секој да си бира каде ќе се паркира денеска или пак барем е*аниов економски стандард да беше едно минимум десет пати подобар па да можеше младиот човек во државава сам да си живее некаде настрана на раат и да биде 100% независен и да нема никаква потреба од комуницирање со лица кои не му одговараат, туку да си води сосема свој живот исклучиво по своите лични убедувања и сфаќања !
 
Да чукнам у дрво се движи по план животов... сега за сега.

Пред 3-4 години го живеев најлошиот живот на светот, бев како мува без глава, не бев задоволен ни од место на живеење, ни од образованието, од семејството најмалку, љубовен план катастрофа, бев задоволен само од изборот на другари.

Сега дури страв ме фаќа како работите се сменија. Ќе дипломирам кај и да е, ситно се брои до октомври треба да е готово, а струката си ја засакав ептен. Работам и солидно заработувам за недипломиран, а идеите за приватен бизнис ми се остваруваат. Љубовен план одлично, друштво никад боље. Звезда прва на табела лапав и возачка пред некое време. Некако сите коцки се поклопуваат и понекогаш не ми се верува како се смени се за 180 степени. Уште режимот да падне и ќе процветам :D

Да, на многумина им се има случено тоа неколку лоши години па потоа една две три подобри и поуспешни години и тоа на повеќе животни полиња да, ама животот не застанува тука, животот е преполн со разно-разни предизвици кои демнат од сите страни и никогаш човек не треба да скока до облаци од среќа бидејќи секој/а нов/а ден, месец, година е нов предизвик и нова борба друже !
 
За мојот живот можам да кажам дека е исполнет, но премногу малку. Да речеме од таа исполнетост, исполнети се само 40 - 50%,

Како бе можеш да напишеш вакви две реченици?

Како?

Бот ли си, трол ли си, саглам си, бегаш од ментеше?

Премногу малку а?
 
Во моментот жива катастарофа.Ми иде да се рокнам, али пуст живот мил е.Во сите полиња сум катастрофа оваа 2015 година.Сакам малце да прошетам, немам пари до змијарникот да одам.Цела фамилијарна заштеда што во МАК услови е скромна оди по лекови.Беласица во трета лига, одам по села кај што шлапам у кал до колена,и гледам најмизерен фудбал.Бизнисот кој го имав до минатата година кој ми носеше одлична заработувачка и живеев како цар, власта ми го сече, и сега сум гол пиштол.
Другариве кои ги ценам како браќа и што секогаш ме ваделе од најлошото по Нова година ќе бегат од овде.Градот кој што го сакам од целото мое срце, умира пред мои очи(мислам духовно, вака се развива невидено).За љубов па да не збориме.
Врти суки дали сум и 20 % исполнет во моментот од тоа што го сакам.Единствено нешто што во моментот оди како треба е факсот и толку, се друго е во надолна линија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom