Дали ги оправдувате дисперзираните студии

  • Креатор на темата Креатор на темата danail.V
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
20 јуни 2011
Мислења
119
Поени од реакции
28
Возраст
33
Според вас дали треба да постојат дисперзираните студии или не.Дали од нив може да произлезат ефикасни кадри како и од матичните факултети и дали на дисперзираните факултети поесно се поминува
 
Според вас дали треба да постојат дисперзираните студии или не.
Да.
Дали од нив може да произлезат ефикасни кадри како и од матичните факултети
Не.
и дали на дисперзираните факултети поесно се поминува
Да.
 
Треба да постојат, ама многу полесно се поминува дека не се обраќа толку големо внимание на квалитетот на образование кое го добиваат студентите. Од искуство мое лично, знам дека дипломата е само едно парче хартија, со кое можеш да заминеш по голема нужда само, додека знаењето кое го стекнуваш на нашите универзитети (скоро сите погелеми и помали, државни и приватни) ќе ти седи запакувано некаде длабоко во тебе и никогаш нема да дојде до израз, оти нели, си учел застарени методи кои ти ги предавал професорот, да, тие методи кои ги учел тој кога бил млад, а не по новите кои излегле во меѓувреме.
 
Јас учам на вакви студии и тапа е се.Едноставно никој професор не е заинтересиран за студентите и предавања има многу малку.Професорите гледаат низ прсти, препис колку сакаш така да ако ти е само за да имаш диплома запиши се, а ако сакаш да научиш нешто не!
Голема грешка се овие студии, бегај од нив, за мене е веќе доцна:)
 
Во нешто се согласувам аи не баш целосно немора да значи ако е дисперзиран факултет дека се учи по застарени методи
 
Во нешто се согласувам аи не баш целосно немора да значи ако е дисперзиран факултет дека се учи по застарени методи
Оти?
Застарени информации се добиваат и на главните, не само на дисперзираните.
 
Мое мислење дека не се баш тапа како што викате.Преписките, незаинтересирани професори, и гледање низ прсти има се согласувам посебно на дисперзираниве студии но по мои информции се случува тоа некаде.
Кога бев средно една пријателка така подалечна поминуваше со максимален просек секогаш.Сите 4 години ги помина супер одлична а матурската проектна задача и матурските испити ги помина сите со 5.И лежеа општествениве науки(на природниве имаше исти резултат ама помалку беше заинтересирана за нив) имаше земену некоку пофалници дипломи она тоа напради од натпревари регионални и државни.
НЕ СЕ ЗАПИША НА ФАКУЛТЕТ
Зошто?Не беа финациски способни од дома да ја запишат.Немаа 200 Евра за да ја запишат.Немаа пари за да и прушат понатаможно образование на нивнотот дете кое со сигурност ќе беше или ќе биде интелектуалец.Тука се дисперзираните студии во муабетов.Огромни сретства ке заштеди секој кој би се запишал на дисперзирани студии одколку во Скопје.Пат, храна, облека, трошоци поврзани со факултетот, смештај.Јас само овој пример го знам но еве да земиме дека во просек од општини во Македонија во една генерација што завршила оваа година средно образование има по 2 такви случаи ќе дојдиме сигурно на поголема бројка од 200 за 5 години тоа се 1000 деца.Деца кои можеле да помогнат на светов, деца кои би биле идни успешни мегаџер, директори, приватници, пратеници, премиери, министри, претседатели, судии и адвокати, професори на факултети.Ако не ете од тие 1000 сигурно некаде 40% би успеале да стекнат од горенаведените професии.
Немоќни се да студираат на универзитетите на матичните факултети ама тука се дисперзираните студии на кои ке извадат стипенди и големи просеци.
 
Треба да постојат, ама многу полесно се поминува дека не се обраќа толку големо внимание на квалитетот на образование кое го добиваат студентите. Од искуство мое лично, знам дека дипломата е само едно парче хартија, со кое можеш да заминеш по голема нужда само, додека знаењето кое го стекнуваш на нашите универзитети (скоро сите погелеми и помали, државни и приватни) ќе ти седи запакувано некаде длабоко во тебе и никогаш нема да дојде до израз, оти нели, си учел застарени методи кои ти ги предавал професорот, да, тие методи кои ги учел тој кога бил млад, а не по новите кои излегле во меѓувреме.
Квалитетот на образованието и на матичните факултети е катастрофално. Сето тоа што го наброја се случува скоро секаде.
Па дали е нормално на државен факултет,конкретно на филолошки, полагања да вршиш надвор во паркот, 50проценти од предавањата да не ги реализираш пошто онака професорите ти се чил, или најсмешно е што немаш ни професори по најбитните предмети. Немаш ни амфитеатар за предавања, немаш ни простории или училници за исто така предавања, те селат од просторија во просторија, годината ти започнува на крајот од Ноември, а колоквиумите ти ги укинуваат пошто нели имаш 10 предмети(пошто предметите носат 3 кредити) и сите ги полагаш во испитна сесија во некој 3-5 дена. Јунска испитна сесија, фиктивно на хартија постои, а полагаш во Јули кога 90 проценти од луѓето ти се во странство на работа или слично. Секоја година протестираш пошто ги менуваат предметите како што сакаат, ги блокираат, па на крај со 300 кредити и 65 положени испити завршуваш пошто нормално мораш сите предмети да ги земаш иначе шефот на катедрата(карикирам) нема да има доволен број на студенти за определени предавања.
И крајот и врвот на се...отвораш досие, спремна дипломска, ти фалат 15 пријави!!! И пееш Дал је могуче!!! А пола професори не ти се од Македонија. И види сега ти какви квази факултети имаме.
П.С
А за пракса не сакам ни да спомнам пошто ќе треба да напишам уште 10 страни што се дешавало и што се дешава!!!
 
Така е само да додадам незатоплени простории каснење на професорите(ако веќе решиле да идат) ептен каснење со резултати од колоквиуми и испити.Секаде го има ова некаде помаку некаде повеќе
--- надополнето: 26 декември 2011 во 02:47 ---
Друга работа е што во Македонија има 83(не ме фаќајте за збор плус мунинус толку мисма дека беа)правни факултети со се дисперзирани студии.
Неможеме ни да си замислиме која бојка на студенти студира на овие дисперзирани студии.Неможеме ни да замислиме за 5 години колку ќе имаат дипома од правен факултет колкава хиперпродукција на кадри од оваа област ќе се направи.За нив треба работни места нормално секој што пошол на факултет очекува кога ќе заврши да се вработи а овде пак и тие со најдобриот успех ќе нема доволно државни установи каи ќе ги земат.Исто така професориве на овие факултети којзнае дали се квалификувани и колку се.А сосема друго се пак асистентите е тука му е мајката некоии помја си немаат некој супер работат се плашам дека на државно ниво првите се во поголем број.
Убаво од државава што даде можност на децата да се запишат покрај финансиските проблеми ама барем нека дадат и убава организација ова мислма дека не чини на дисперзираниве студии
--- надополнето: 26 декември 2011 во 02:55 ---
"Леле ќути бе ти касни професорот на предавања нигде го нема 1 саат чекаат 70 студенти ај си велиш ќе појдам во студенски прашања да видам шо да правам дали да си одам или да седам во ладно без парно овде.Одам во студенски па едната ѓоспожа е чекам да си го доправи новиот албум на фејсбук другата госпожа е чекам да си го догледа гликчето од свадбата на другарката нејзина.Ајде некако ќе ти се појави тука и прашувам сега дали че иде професорот тие ми викаат појма немаме поседете видете почекајте сигурно на пат е кај да е ќе дојде или одетеси незнаеме.Ај ќе им речиш да се јават да прашаат тие ти викаат добро одиш после 15 минути ти викаат не крева телефон.Добро ајде си одиш значи денеска трошиш пари за превоз до другиот град поблиску каде што ти е факултето денгубиш 3 сати на факултет чекајќи го професорот тој не иде.Денгубиш уште 2 саати на кафе да го чекаш комбето и се враќаш дома.Си немал предавања си мрзнел на факултет си потрошил пари и ништо не си направил" ова ми го имаше кажано една другарка кога го кажуваше незнаев дали да плачам или да се смеам
 
Дисперзираните студии имаат и позитивна и негативна страна. Позитивното е тоа што се има помали трошоци а негативно е тоа некои професори не ти оддаваат доволно внимание. Од дисперзираните студии секако дека може да излезе ефикакасни студенти, можеби се во помал број сепак ги има. За тоа дека полесно се минува до некаде е точно, но не мора да значи, се е до професорот. Пример во Струмица оваа година на економски(диспрезирани) останаа многу одлични ученици кои во средно имаа просек 5.00. и сум сигурен дека според резултати сме слични можеби и подобри од оние кои се во Штип. Се е до тоа колку е заинтерисиран поединецот да научи.
 
Јас учам на вакви студии и тапа е се.Едноставно никој професор не е заинтересиран за студентите и предавања има многу малку.Професорите гледаат низ прсти, препис колку сакаш така да ако ти е само за да имаш диплома запиши се, а ако сакаш да научиш нешто не!
Голема грешка се овие студии, бегај од нив, за мене е веќе доцна:)

Честитам на искреноста и тоа што имаш доблест да признаеш дека дисперзираните студии се срање кажано во поостра форма. ;) Лично поддржувам дисперзирани студии ама само во градови кај што стварно има потреба. Еве во Штип фино што отворија универзитет, иако баш не ми е по терк. Како и да е, не ми се свиѓа што отворија дисперзирани студии во секој град и село, така што секое пуле и муле да може да заврши факс и да има диплома, иако од една до друга диплома може да има светлосни години во знаење и квалитет. И после све поголем и поголем број со диплома ќе има невработени. Епа ќе има бе, не секој има капацитет и не треба секој да заврши факултет. Не е нормално во една држава 99% од матурантите да се запишуваат на факултет и 60-70% од нив да завршуваат, а можда и повише. Испаднавме ептен паметна нација, епа кај се парите ако сме толку паметни? :D Секој сака богат живот, најнова кола, куќа/стан, летување и зимување, луксуз итн. ама реално не може секој да ги има. Секој според својот капацитет. Сите легачи сакаат директори да бидат, не бива тоа така. Можда подобро ќе беше за социјално загрозените семејства студиите да беа поевтини, ама па тогаш ќе имаше циркуси и сите ќе лажираа финансиска состојба за да добијат што поевтини студии, знам дека сме таква цинкарошка држава. Кој сака да добие квалитетно образование и јако знаење ќе отиде на универзитетот св.Кирил и Методиј и ќе си избере соодветен факултет, кој сака да добие образование со помалку мака или колку да се каже дека има диплома ќе си отиде на дисперзирани студии. Проста логика. :P На крајот на краиштата, мислам дека знаењето и квалитетот победуваат! И така е! Ако не тука, бар некаде по светот! ;)
 
не е лесно ова прашање кога ке видиш на крај и тие зеле диплома ама каква
 
Дисперзираните студии се многу добри, бидејќи ќе се обрне внимание и на другите градови и Скопје нема да биде центар на се, па сите во Скопје по работа и живеачка. Арно ама прво треба да се направи план и програм, да се види со колку кадар се располага т.е да не треба еден професор денеска да е во Тетово, утре да предава во Гевгелија, треба да се види кое е најпогодно место за отварање на дисперзирани студии дали Гевгелија или Богданци т.е да се види дали ќе има доволен број на студенти итн и така наваму.
А овие направија дисперзирани и после 5 години ај сега ќе ги средуваме типично македонска работа, мада и други да го спроведоа истото, слично ќе беше бидејќи така работиме ние.
Мислам дека треба на ниво на држава да се определат квотите и на државни и приватни, да не испадне еве ја намаливме квотата на Економски на УКИМ на 500 студенти, арно ама сите други заминаа на приватен или друг универзитет, па на државно ниво пак имаме 3000 студенти на економски.
 
Дисперзираните студии се многу добри, бидејќи ќе се обрне внимание и на другите градови и Скопје нема да биде центар на се, па сите во Скопје по работа и живеачка.
Во право си.

Арно ама, нема никогаш да ти стане јасно зошто на исти Универзитет, на матичен факултет се изучуваат едни предмети, додека на дисперзираните студии има различни предмети. Исто звање се добива на крај, ама не е иста програмата, па на некој начин, ако некој студент сака да направи трансфер, мора да преполага неколку предмети.
Европскиот Кради Трансфер Систем е само за влечење пари од студентите, а со дисперзираните студии, порасна непотизам до крк.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom