Дали е Иран пред „кадифена револуција“

  • Креатор на темата Креатор на темата ^X^
  • Време на започнување Време на започнување

^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Иран е во „ферментација“. На еден ден од претседателските избори во земјата на Ајатоласите владее неочекувана сензација на слобода и надеж, но и атмосфера на растечка тензија.

Иранското општество веќе 30 години живее во сенката на исламската револуција, во кое доминираат теократите и конзервативците. Доаѓањето на Ахмадинеџад само ја потврди тврдата линија на Иран, претседател кој својата популарност ја базираше врз религиозна нетолерантност, популизам и антагонизам со најголемата светска сила.
Неговиот противник Мирхусеин Мусави , не нуди реформизам, тоа тешко би поминало кај теолошките чувари на револуцијата.

Неговата понуда е умерен конформизам, нешто што веќе натера десетици илјадници луѓе да излезат на улиците на Техеран и да запеат Ахмади Бај Бај. Самиот факт дека Ахмадинеџад мораше да се брани за време на кампањата говори за некаква промена во Иран.

„Велат дека лажете. Дали напредокот во нуклеарната технологија е лага? Дали напредокот во вселенската програма е лага? Дали напредокот во биотехнологијата е лага ? Дали во напредокот во нанотехнологијата е лага? Дали 20.000 научни статии се лага“,вели Махмуд Ахмадинеџад.

Но далеку сме од фер игра. Јадола Џавани, началник на политичкиот кабинет на Гардата на Исламската револуција, ги обвини приврзаниците на Мусави за обид да извршат кадифена револуција, алудирајќи на мирното симнување на комунизмот во Чехословачка и додавајќи дека таквиот план нема да успее.

Сепак за формата да биде испочитувана владиното тело кое ги надгледува изборите излезе со гаранции.
„Нема можност за измама. Ние како Совет на Чуварите им даваме гаранција на сите поддржувачи и кандидати дека треба да веруваат оти секој глас ќе биде заштитен“, Абасали Кадходаи - портпаролол на Советот на Чуварите.

Евентуалната победа на Мусави, не може премногу да влијае врз клучните ирански политики, како што се нуклеарната програма или отворањето дијалог со САД. Таквите политики се диктирани од страна на исламските теократи поддржани од војската.

Тоа што може да се промени е економијата и општеството,свеста на луѓето, состојбата на жените, со надеж дека една тивка револуција од доле е возможна и во земја во која со децении владее теократијата и популизмот.

„Тоа ќе има негативен ефект на гласовите за Ахмадинеџад, бидејќи нашиот народ просудува мошне добро.Тие не се луѓе што би помислиле дека човек е добар или квалификуван кога го поддржуваат државните институции. Луѓето ги видоа , ги слушнаа и ги почувствуваа лагите“, вели граѓанин на Техеран.

Ахмадинеџад повеќе пати го искористи популарниот слоган Да, ние можеме, сега е време истото да го каже и народот на Иран.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=109899
 
Народот се буни, тешко живее, почна да излегуваат на демонстрации -- а немаат никаков вентил, се е под целосна контрола на оџите -- но Исламската револуционерна гарда/полиција предупреди дека може да летаат глави.
 
Народот кој и да избере, ако врховниот совет на ајатоласите не го одобри се им е џабе. Еднаш мислам дека се има и случено така, избран е еден кандидат али не им бил по воља на Ајатоласите и сосема легално го поништуваат изборот.

А најлошо би било да пукне граѓанска војна мегју реформистите и револуционерната гарда. Иако америте би се радувале.
 
Ахмадимеџад тепаше со 60 и нешо посто гласови.
 
Ахмадинеџад го победи Мусави?

13.06.2009 13:10
Актуелниот ирански претседател Махмуд Ахмадинеџад е победник на претседателските избори со освоени 64,8 проценти од гласовите.
Ова го објави иранското министерство за внатрешни работи по пребројани 32 од 37 милиони гласови.
Противкандидатот на Ахмадинеџад, реформистот Мир Хусеин Мусави, освои 32 проценти од гласовите, што е изненадувачки резултат за аналитичарите, кои не очекуваа толку голема разлика меѓу двата кандидати.
Мусави ја обвини владата дека манипулира со пребројаните гласови, како и дека на избирачките места немало доволно гласачки ливчиња, а на дел д луѓето им било оневозможено да гласаат.
„Нема да се вклучам во оваа опасна пародија“, посочи Мусави во соопштение.
Аналитичарите за сега не можат да предвидат каква ќе биде реакцијата на приврзаниците на Мусави, но полицијата веќе ќе засили безбедносните мерки во Техеран, каде што забрани масовни собирања.
Мусави беше фаворити на Западот, бидејќи се сметаше дека со него полесно ќе се решеа иранското нуклеарно прашање и напнатите односи со Израел.
Судири во Техеран по изборите
Млади, поддржувачи на Мир Хусеин Мусави, главниот соперник на претседателот Махмуд Ахмадинеџад на претседателските избори во Иран, се судрија со полицијата на неколку места во престолнината Техеран
На еден од централните плоштади стотици млади скандираа во поддршка на Мусави и против Ахмадинеџад, викајќи „Смрт на диктаторот!".
Полицијата се нафрли со палки, но не успеа целосно да ги разбие. Во друг дел на Техеран, столици мажи, облечени цивилно на движејќи се на мопеди, се нафрлија со палки на младите, кои го поддржуваат Мусави.
Полиција ги разби и демонстрантите пред штабот на Мусави.


http://www.time.mk/story_ac65670f44_article_9cdbe15f73.html
 
Резултатот очигледно е наместен, Неџад немаше шанса да победи со ваква разлика. Се уплашиле фундаменталистите и му дале многу повеќе од потребното. Не знаеле како се прават тие работи.:toe:
 
а некој здрав очекувал фер избори во Иран??? што знам... некако едноставно невозможно ми изгледа....
 
Во такви услови е невозможно ако бандата ајатоласи се почуствува загрозена (а се почуствува, народов почна да дига глава). Но ете, имаат пара-воени и секакви други силеџии, па народот сега јаде ќотек.

http://www.msnbc.msn.com/id/31238321/ns/world_news-mideastn_africa/


.
 
Иран се асли муслимани, тамо не смее жена да извади шамиа. Има полиција шо пази кој како се облака а кај нас не знаеш коа е спонзоруша а коа ПОШТЕНА.
 
Свет - 14.06.2009
ИРАН - ТРОЈЦА ЗАГИНАТИ ВО ПРОТЕСТИТЕ, ЕУ ЗАГРИЖЕНА
Три лица загинаа, а десетици се ранети во немирите кои избија во Иран, откако актуелниот претседател Махмуд Ахмадинеџад, прогласи победа на изборите. Официјален Техеран поради немирите побара странските новинари да ја напуштат земјата, а полицијата пак со која се судрија демонстрантите, се обидува да спречи снимање на нередите и насилно делува и кон новинарите. Во Иран синоќа, во текот на протестите по прогласувањето на победата на Махмуд Ахмадинеџад на претседателските избори, се уапсени над 100 демонстранти, меѓу кои е и братот на поранешниот претседател Мохамед Хатами. Уапсените се членови на водечката реформска партија Фронт за учество на исламскиот Иран. Протестите во кои околу 3.000 демонстранти се судрија со полицијата почнаа набрзо откако иранскиот министер за внатрешни работи Садек Махсули ја соопшти победата на Ахмадинеџад на изборите. Ова се најмасовни протести во иранската престолница од Исламската револузија во 1979 година, кога Иран, по владењеето на шахот, е трансформиран во Република. Европската унија е загрижена поради тврдењата за постоење нерегуларности на завчера одржаните претседателските избори во Иран, но изрази надеж дека ќе се обнови дијалогот со Техеран за неговата нуклеарна програма. Чешкото претседателство со ЕУ изрази незадоволство поради насилствата предизвикани по официјалното објавување на резултатите од изборите во Иран. Ахмадинеџад е реизбран за втор мандат со 65,24 отсто од гласовите на избирачите. Неговиот главен соперник - поранешниот умерен премиер Мир Хосеин Мусави освои 31,83 отсто од гласовите на избирачите. Според Мусави, на изборите имало многу нерегуларности. [FONT=&quot]- Претседателството на ЕУ се надева дека резултатите од претседателските избори ќе дадат можност за обновување на дијалогот со Иран за нуклеарното прашање и за изјаснување на иранскиот став. Се очекува новата Влада на Иран да ги почитува меѓународните обврски, се вели во соопштението од чешкото претседателство со ЕУ[/FONT]



[FONT=&quot]http://www.time.mk/story_749096f938_article_70e9f95a82.html







[/FONT]
 
И таму народот е поделен, нема решение без да платат голема цена. Но штом почнале да викаат од кровови и балкони “смрт на диктаторот’’, може и да има крв. Засега религиозната полиција (во цивилки) ги тепа по улици безмилосно.
 
Денес излезе тој брадоњата и рече ако не престанеле со демонстрации ќе имало крвопролевање.

Уште рече досега убиле САМО 32-ца!!:uvo:
 
Ми мириса на Пекинг пред 20 години.
 
Ќе биде изгледа крвав викенд во Иран.
Протестите продолжуваат.
 
Без разлика што се муслимани, Иран е земја наследник на Персија, и има големо цивилизациско наследство, а има и многу едуцирани луѓе кои не се глупави некој да ги влече за нос.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom