Дали е човечки да се греши?

  • Креатор на темата Креатор на темата Eliza
  • Време на започнување Време на започнување
Кој работи тој греши, од грешките се учи но се си има мера и се знае границата до која грешките се простуваат.
 
нема некој човек што нема згрешено...така да човечки е да се греши...
 
тој што ке каже дека не греши лаже,нормалон е да згрешиш но и да простиш така да човек во животот греши и од грешките се учи, затоа не биди грешен проштевај....:smir::smir:
 
Тоа е пожелен исход од правењето грешки.

А, ако веќе збориме за нешто својствено на луѓето, тогаш правењето грешки и не учењето од нив, како и не признавањето дека сме ги направиле, е нешто уште "почовечко".

Реално, сите сме лоши ученици во школото на животот. И голем дел од неговите часови ги проаѓаме во повторувањето на една те иста лекција.
Тука е и она што се нарекува его, и што нејќе да признае дека може да погреши и да не биде во право. Не сака да си признае ни само на себе, а не па на другите.
Види човечко или нечовечко не би го поставил тоа баш така. Туку би рекол дека е начин на размислување. Точно е дека човечкиот род е лош ученик на своите постапки и грешки. Затоа од почетокот на нашата историја сведоци сме на војни, глад и мизерија. Со самото размислување поради некое си наше его дека не можеме да си ги признаеме своите грешки и да се поправиме ние се наоѓаме на ова дереџе. Само треба да го смениме нашето мислење, толку едноставно, а сепак толку сложено. Да го сконцентрираме нашето внимание кон нашите грешки, па да видиме што се изворот на тие грешки, што може да преземеме за да го поправиме тоа? И малку од малку да имаме духовно побогат и поисполнет живот. На оваа планета има доволно ресурси за да прехрани неколку пати повеќе жители отколку што има сега, а сепак ни се случува луѓе да умираат за вода, а не за храна. Е тука е моментално нашата најголема грешка и најголем неуспех на оваа цивилизација. Ако не научиме да учиме од своите грешки оваа планета која што ни е од Бога дадена најкасно за сто години од сега ќе ја претвориме во една голема депонија, каде што ќе мизеруваат и веќе мизеруваат милиони и милиони луѓе.Што ќе оставиме за нашите деца за нашите внуци? Само мизерија и страдање. Затоа треба да си ги признаеме нашите грешки и да учиме од нив.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ada
Од грешките се учи, доколку нема грешки нема да има ни прогрес
 
каква е оваа тема,..?..
кој на овој свет нема згрешено,..?
животот не е едноставен,..додека се скопча содржината,..таман работа..
 
Преку глава ми е со оваа изрека више. Па сите грешиме ама има разлика помегу некој што греши и не сака да се поправи па ја користи оваа излитена фраза за да се оправда, и помегу некој кој ке згреши ама барем ке се поправи. Нели целта е совршенството, па ајде одете по него, глејте да не грешите колку што е можно повеке, а не само да се правдате и да продолжувате по старо.
За жал кога ке се навратиме низ историјата ке видиме дека од кога постојат луѓето ги прават истите грешки. Се е толку променето, а сепак се е исто. Изгледа законот на Дарвин за еволуцијата тука и не важи баш.....
 
Да човечки е,секој човек греши
 
Човечки е да се греши, исто како што е и човечки да се научи од грешката за таа да не се повтори повторно, да се покае и да се побара прошка:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom