Дали да се биде точен е маана или доблест?

  • Креатор на темата Креатор на темата Luka Peruzovic
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
27 ноември 2007
Мислења
619
Поени од реакции
45
Случаите кога ја сум каснел се еднакви на бројот на компјутерџии во Етиопија.
Ја сум секогаш точен.
И дали да се биде точен го сметате ко маана или доблест?
 
Епа сега за ова сите гледаат различно. Некои го сметаат за мана некои за доблест. Јас велам да се смета за доблест зашто порано јас бев човекот што рани. Некогаш дури и саат време порано сум доаѓал те за излегување те за во школо. После тоа се сменив сега пак доаѓам порано ама сега 10 минути најмногу повече ништо. И бидејќи и јас го имам правено тоа и го имам како искуство ви велам треба како доблест да се смета.
 
Доблест дефинитивно, која јас лично не ја поседувам. Алал да ви е на вас точните ... секогаш ви се восхитувам и баш сакам да сум како вас, ама ај де ...:pusi:
 
Стварно, сите ми викаат дека е доблест, а никој не се нашол бар еднаш да ја испочитува.....Секогаш сум на време, па дури и пред време, и не се лутам кога касни некој, ама сегогаш додека чекам се прашувам...,,Зарем мора секогаш, ама СЕКОГАШ да се каснело??,,

...искрено, се подзамислувам веќе дали е доблест, или станува маана
 
и јас сум секогаш точен...ретко одам порано ама мноооооооогу ретко задоцнувам...најчесто доаѓам во точно определеното време...
што знам...доблест ваљда ќе да е:pipi:
 
Секако дека е доблест...каснењето го сметам за непочитување на туѓото (па и своето) време:pipi:
А кога станува збор за константно каснење,кај луѓе што ги знам најчесто станува збор за незнаење да се организира и испланира времето:uvo:
 
pa bi rekla vo nekoi slucaevi e mana zosto ako si ti tocen svetot( ostanatite vo svetot) ne se tocni sekogas kasnat a ti so svojata mana koja ke si ja nosis ke si cekas dui da docekas :D
 
Се разбира дека е доблест. Што ќе се случи ако сите каснат? Каснат возови,авиони автобуси ќе настане хаос атогас зошто ни е саат или работно време кој кога сака нека доаѓа на работа хаххахахахх
 
Доблест дефинитивно, која јас лично не ја поседувам. Алал да ви е на вас точните ... секогаш ви се восхитувам и баш сакам да сум како вас, ама ај де ...:pusi:

Е знаев дека некој вака ќе пише и баш спремав да му објаснам. Сите ја поседуваат оваа доблест па дури и ти ама сега дали се трудиш доволно ли не знам. Многу ли си презафатена или шминкањето ти зима време? Еве совет ако однапред си испланирала нешто кај да идеш и во колку. Испланирај што во колку и како ќе го правиш и после се ќе ти иде како Швицарски саат. Веруј ми овој совет успее на многу мои другари ќе успее и на тебе.
 
Доблест дефинитивно. Штета што доцна научив да ја почитувам и да ја практикувам точноста.
Сепак кога стигнувам на време гледам дека е поубаво за мене, дека е почитување за другите и дека е начин да си ги завршам сите обврски како што сум си планирала.
 
Па многу нормално дека е доблест, не гледам како би можело да е маана.

Јас сум речиси секогаш точна, дури и порано доаѓам, едноставно не сакам некој да виси и да чека.

Се случува да задоцнам, ама добро, никој не е совршен. Иако и самата многу се нервирам ако се случи дека задоцнам.
Обично трчам за да стигнам побрзо, па кога ќе стигнам сум целата задишана ко на маратон да сум била.:)
 
Ма не што сум точна туку знам и 20 минути пред време да стигнам па ко грев некој да чекам.Глобално да доблест е ама кај мене е маана зошто претерувам со замарањето никогаш никој да не ме чека и често пати времето предвидено за кафе со некој пријател го поминувам чекајќи го:uvo:.
 
Е знаев дека некој вака ќе пише и баш спремав да му објаснам. Сите ја поседуваат оваа доблест па дури и ти ама сега дали се трудиш доволно ли не знам. Многу ли си презафатена или шминкањето ти зима време? Еве совет ако однапред си испланирала нешто кај да идеш и во колку. Испланирај што во колку и како ќе го правиш и после се ќе ти иде како Швицарски саат. Веруј ми овој совет успее на многу мои другари ќе успее и на тебе.

:nesvest: :pos2: :pos2:
Шминкањето ми одзема најмалку време, ако не па. Ама добро, барем ме пресмеа.
Туку за советот ... џабе е. Ако треба на важно место да стигнам на време, како на пример автобус, банка, адвокат, нотар, суд - тогаш стигнувам. Ако мислам дека има шанса да се успијам, нема да легнам цела вечер ако треба, ама сум одговорна за такви работи.
Но кога се работи за се` друго што е посекојдневно, ако не закаснам нема да сум раат. Не дека сум раат што каснам, ама ете, посилно е од мене. Обожавам да се легачам по дома покрај телевизор и да одложувам спремање со уште една цигара, па уште една, па уште една итн ... целото комплетно спремање ми е најмногу половина час, предпсремањето ми е тешко, капиш?:kesa:
Пример за тоа каде можам да закаснам ... на кафе обавезно, на фризер стандард, на работа каснам (дека сум газда, затоа:podsmev: ) ... од поголеми дешаванки секогаш последна стигнувам на Кајгана собиранките, закаснав на својата матурска вечер, закаснав на свадба каде што бев кума и така ...

п.с. Кумашинке златна, ако ме прочиташ, извини уште еднаш што ме чекавте сите толку време пред црква!:kesa:
 
Абе се случува да доцнам ама не е подолго од 10 минути. Впрочем секогаш другите стигнуваат 5 минути порано и ете ми ѕвонат на телефон, а јас уште дома :) Тоа е обично затоа што ќе уфилмам што ќе носам ама 20 минути пред излегување менувам план :)
 
Зависи од друштвото. Ако повеќето се на време, тогаш е доблест, ама ако повеќето каснат, маана е. Посебно во зима.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom