Дали брзо се приврзувате за луѓе и места?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
Дали сте од луѓето кои не памтат луѓе, кои брзо забораваат или не се приврзуваат така лесно или пак напротив, сте од луѓето кои премногу лесно се приврзуваат за места, луѓе, ситуации?

Колку е добро тоа човек лесно да се приврзува за некого?
 
Можно е за многу брзо време да некоја личност ми стане ептен драга, и да дадам шанса за доверба, брз разлика што јас се држам на страна, давам до знаење дека нема да зафркнам, колку и да не го кажувам тоа.

Штета што во повеќето случаи не се исполнуваат очекувањата, или претеруваме самите ние што очекувањата наши се преголеми.

А за места, не сум патувал премногу и не сум се задржувал повеќе време да можам да кажам. Охрид ме бендиса летово ептен и ме стегна носталгија по местото некое време после враќањето во Струмица, ама ништо страшно.
 
Не се врзувам брзо, си ја научив лекцијата одамна, едноставно сум си ладен и дистанциран на старт како не би бил повреден...Природно ми доаѓа тоа веќе...
Инаку, дали се врзувам воопшто? Да. Побагајги, иам места шо страшно ми недостасуваат ако не ги посетам некое време, и луѓе без кој ми е страшно монотно ако не им свртам некаков муабет...
 
За места не, сакам промени, алергична сум на рутина. Иначе за личности навидум изгледа дека се приврзувам, барем повеќето така мислат.
За вистински да се приврзам со личност т.е емоционално потребно ми е многу време без разлика на која основа комуницираме.
Ретко наоѓам личност со слични ставови на моите, па можеби и тоа е причината поради која ретко се приврзувам.
 
За места не многу,ама за луѓе кој ми значат да.
Брзо и лесно се привзувам и навикнувам.
 
Се приврзувам и тоа многу:tapp: тоа ми е најголемата маана,а после ако ја загубам личноста која ми значи страдам...и никако да ја научам лекцијата на крај:uvo:
А за место,не се приврзувам.
 
Добра тема, на некој чуден начин за мене актуелна.
Многу лесно се приврзувам со луѓе и места, не оди едното без другото. Посебно ако некој ми стане особено мил, и ако се навикнам на него потоа ми е тешко да прифатам ако веќе го нема тоа.

Искрено мислам дека не е баш убава карактеристика, ама па не бираме каков не прави господ. :)
 
Не е дека не ги памтам луѓето што сум ги запознавала,дури можно е и да ме фасцинирале или до некој степен да сум била на некој начин поблиска со нив,ама да се приврзам и да ми недостигаат после тоа...не баш(овде мислам на луѓе кои сум ги запознала и сме се дружеле кратко време).
Не се приврзувам лесно за луѓе.Можам цела животна приказна да си ја раскажам на некого или мене да ми раскажат и најинтимни тајни ама нема тоа да влијае на мене.За мене таа личност би останала само познаник,ништо повеќе.
Лесното приврзување за луѓето од една страна е многу благородна карактеристика и покажува дека си добра личност и имаш место за многу луѓе во твоето срце,но од друга страна имаш место и за многу болка и разочарување затоа што често не се сите такви какви што се прикажуваат,а веќе кога си се приврзал за нив нормално е да те повреди некоја нивна непредвидена постапка или однесување.
 
..:nenene:Не!...Пробувам да не се врзам за нешто што може брзо да помине или мн кратко да потрае:helou:
 
Не се приврзувам брзо за луѓе. Многу личности во животов ми се драги, но не можам нив да им се отворам за повеќето работи, туку подобро ми е да си го чувам тоа во себе. Дури и во врските, можеби секогаш сум била комуникативна и интересна, но емоциите тешко се цедат од мене. Секако не велам дека нема исклучоци, во животов сретнав и такви личности до кои осеќав огромна сигурност и едноставно можев да си ги изразам емоциите пред нив, но таквите се реткост.
 
јас одма ама најчесто ме разочарвет луѓево така да решив од сега натаму да гледам со кој се дружам со која сум итн!!!:pop:
А за места пак не многу имат некој шо неможам да се тргнам ама не се многу!!!
 
какво приварзување какви бакрачи.... ниту за места се приврзувам нити пак за луѓе денес тешко дека можиш во нешто/некој да веруваш а камо ли да се приврзуваш МОЕ МИСЛЕЊЕ :P:P
 
За луѓе не се приврзувам толку,колку шо се приврзувам за места.
За личности приврзана сум само за тие шо ги знам повеќе од 4-5 години.(со еден исклучок)
Не можам лесно да му верувам на секого и се зависи од првиот впечаток.
 
Места да,луѓе не,исто се приврзвам и за предмети.

Дури за места и предмети премногу.
 
Не се приврзувам за луѓе , за места како и да е на некој начин се приврзувам.
Луѓето ги држам на дистанца , па дури и најблиските.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom