Дали Бог има ЧЕСНИ НАМЕРИ кон луѓето ?

  • Креатор на темата Креатор на темата ateist
  • Време на започнување Време на започнување
Батовци ај остајте ги религииве пошто сите се за во канта колку се добри толку се и лоши.Сите религии проповедаат покорност затоа имајте вера ама не во нешто што не може ништо да направи за вас туку имајте вера во самите себе дека можете самите да си помогнете.Јас верувам цврсто дека постои причина позади сето ова наречено постоење но не мора да значи дека причината е некојси бог.
Нонстоп гледам луѓе верници кои не го сакаат својот бог туку се плашат од него дека ке одат на лошо место засекогаш.Епа да ви кажам нешто тоа не е вера,тоа е страв и потчинетост.Не велам дека нема и такви кои навистина си го сакаат својот бог ,но повеќе има страв отколку љубов.Затоа убаво е да се има обишаи кои што ги зближуваат луѓето ама не е добро да се поделуваат луѓето на верници и неверници и да се покажуваат агресии спрема нив,како што беше случајот за време на протестите за изградбата на црква во Центар.Пробајте малце да ги видите луѓето како рамноправни и не гледајте ја религијата или националноста зашто на крај крајева сите сме тука за да придонесеме за нешто а не да се докажуваме за некој друг живот.
 
Кој е тој Господ издвоен од нас самите па да не можеме да го видиме?
Господ сме сите ние, Господ е искуствувач. Е сега, на некое тело не му се допаѓаат картите што ги добил за играње но тоа е тоа. И тоа е искуство, колку полошо, дотолку повеќе ќе знае да го цени убавото. Во секој случај ништо што има вистинска вредност не е загубено во оваа театарска представа иако така изгледа.



Master of puppets :wink:
 
ateist aj да ти објаснам нешто што и сама го знаеш.
Прогонувани луѓе освен злосторниците се и добрите луѓе.
На секој добар ама вистински добар човек му се случува да му завидуваат луѓето на неговата добрина, па дури и да му наштетуваат.
Така да вистински добрите луѓе се прогонувани.
Еве едно прашање, Зошто беше толку прогонуван нашиот Тоше?
Зошто Христијаните биле прогонувани?
Правеле проблеми? НЕ
За тоа што тие што ги прогонувале се под дејство на сатаната (шефот нивни)

Бог зошто не се појавува ако е чесен?
Еве зошто Бог е пре чесен и предобар но ако би се појавил сите би поверувале па и лошите луѓе ке почнат да прават добрини, прикривајки си ја својата злоба која сега си ја покажуваат без проблем и секој може да ги прочита.
Бог ке им се појави само на заслужните, добрите Христијани кои го заслужиле тоа.

Така да Бог е чесен.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom