Дали би заминале во странство?

  • Креатор на темата Креатор на темата VeGaS
  • Време на започнување Време на започнување

Дали би прифатиле да одите во странство?

  • Да

    Гласови: 485 77,7%
  • Не

    Гласови: 139 22,3%

  • Вкупно гласачи
    624
не вреди тука да се живее посебно за мене и младината
 
Да можете да заминете странство во овој момент, дали би заминале...
Да ви ветат работа, пристојно живеење...или би останале тука и би ја граделе својата „империја“ во Македонија?

Јас...не знам...ама по се изгледа ќе заминам за странство. Народот овде што живее ...за ништо не го бива...и да почнам нешто, за инает ќе пронајдат начин да ти ја урнат среќата...
 
Da,definitvo!Ovdeka toj sto ke se utepa od rabota i ke vlozi mn trud e isto vrednuvan kolku i onoj sto ke se legaci po cel den so 4 u vis.I ovde uspevaat samo tie sto si imaat vrski i pari,taka idat rabotite.
 
Колку лошо и да звучи, нема иднина во Македонијава. Наречете ме анти-патриот, ама при првата добра прилика, собирам парталите и бегам некаде на подобро место. :toe:
 
Не.
Најдолго што сум бил отсутен од државава е еден месец. Невидена носталгија.

Volkswagen, не ми се допаѓа како размислуваш, тоа дека "народот овде за ништо не го бива" е сосема погрешно. Западњаците се далеку поголеми дебили и понеспособни од нас. Проблемот со нас е што премногу сме паметни, но за жал, како што рече ти - завидливи како народ. Завидл'кот најверојатно е последица на општата лоша материјална состојба на нашиот народ, а и генетски си се влече можеби со генерации.

Несреќата сакала поради многу фактори кои не зависат од нас како народ ваква судбина да не снајде моментално. Но, нема поголема сатисфакција и предизвик од тоа да успееш токму овде, во сопствената земја.
 
Паметен народ сме, но слаби сме водачи.... затоа не ни оди...
Сме се навикнале премногу време некој друг да ни одлучува за нас...
Римјани, Турци, Срби, Бугари.... и не знаеме како е да се биде "on our own"

Во секој случај, би заминал од земјава, ако сакам да успеам, многу е тешко тука
 
НЕ!!!! Сум пропуштила 3 иселенички визи кои си ги чувам за спомен и римајндер дека НИКАДЕ и на НИКОЕ друго место не ми било поубаво
gc.gif
....не сакам живот на тацна....ме потсетуваат дека сум силна личност која знае да се бори за она што го сака и не бега од тешкотиите. Напротив, се што е тешко ме стимулира и предизвикува....олееееее
gc.gif
 
Мора да се замнини некаде од оваа катастрофата !!
 
Мистичен напиша:
Да де, поминуваш граница и веднаш почнува да тече мед и млеко...
Нема така едноставно да биде, ама 100% ќе биде подобро од ова тука што е. Или пак ако работиш во некоја фабрика за чоколада ќе ти тече мед и млеко
 
JuveFan напиша:
Нема така едноставно да биде, ама 100% ќе биде подобро од ова тука што е.
Бидејќи си толку сигурен, баш би сакал да чујам како го планираш твојот успех во странство. Онака, во кратки црти. Ти ја даваат визата и...
 
Мистичен напиша:
Бидејќи си толку сигурен, баш би сакал да чујам како го планираш твојот успех во странство. Онака, во кратки црти. Ти ја даваат визата и...
Бараш место за работа, работиш, работиш, работиш... правиш еден тон пари и уживаш
 
JuveFan напиша:
Бараш место за работа, работиш, работиш, работиш... правиш еден тон пари и уживаш
Да де, ин д кингдом фар фар авеј... енд деј ливд хепили евер афтер...
 
Мистичен напиша:
Да де, ин д кингдом фар фар авеј... енд деј ливд хепили евер афтер...
Демек не можеш да го направиш тоа а? Кога ги гледам роднините мои во Австралија уште што не знаат да множат, а имаат по 5 куќи... Да се разбериме да седеа сеуште тука немаше ни една да имаат
 
JuveFan напиша:
Демек не можеш да го направиш тоа а? Кога ги гледам роднините мои во Австралија уште што не знаат да множат, а имаат по 5 куќи... Да се разбериме да седеа сеуште тука немаше ни една да имаат
Други времиња беа тогаш. Во тоа време и тука секој можеше да има куќа. Ама ако си сигурен во тоа што го тврдиш, што чекаш, што не заминеш? И најчудно, ако така се праат 5 куќи, роднините твои што не те повлечат да напраите 10?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom