Дали би гласале ЗА на референдум за прекин на преговорите за името со Грција?

  • Креатор на темата Креатор на темата igor_jas
  • Време на започнување Време на започнување

Дали би излегле на референдум и би гласале ЗА прекин на преговорите за името?

  • Да

    Гласови: 88 80,7%
  • Не

    Гласови: 21 19,3%

  • Вкупно гласачи
    109
Член од
18 јули 2008
Мислења
192
Поени од реакции
10
Со собирање на 150.000 потписи на граѓани на Република Македонија се распишува референдум чиј исход е обврзувачки за секоја влада. Дали би излегле и би гласале ЗА на референдум чие прашање ќе гласи: Дали сте за прекин на преговорите за името на Република Македонија со Република Грција?
 
Со собирање на 100.000 потписи на граѓани на Република Македонија се распишува референдум чиј исход е обврзувачки за секоја влада. Дали би излегле и би гласале ЗА на референдум чие прашање ќе гласи: Дали сте за прекин на преговорите за името на Република Македонија со Република Грција?

Како прво бројот на потписи треба да изнезува 150 000.
Второ,прашањето сигурно нема да гласи така,туку дали сме за смена на името или против,нешто во тој стил,но сепак најдобро е да гласаме за прекин,пошто,тоа ни е името на нас,нема што да преговараме и менуваме.Тоа ти иде како сега да ми дојде некој во куќа и да ми каже ти се викаш Асен,а нема врска,не е тоа мое име,па што е смешно да треба да преговарам за моето име. Смешно
 
Прекин на преговорите да...Смена на името НЕ ни по цена на животот,а не за некои си евро-атлански интег...дрн дрн јариња....
 
Има две варијанти за после...
1.Референдумот не успее, преговорите продолжуваат!
2.Успее...ќе има втор референдум со прашање дали сте за продолжување на преговорите...
Каков бе црн референдум..сите правни акти се исполнети за прекинување на преговорите (ми се чини беа разговори за разликите околу името, а не преговори)
 
(ми се чини беа разговори за разликите околу името, а не преговори)

Беа... Благодарение на нашата „одлична“ дипломатија, (сегашна и поранешна) стана преговори. :uvo:
 
не дека немам разгледано повеќе варијанти, туку сум убеден (барем сега) дека не треба да го менуваме името на нашата држава под грчки притисок. Јасно е дека ако ги прекинеме преговорите дека Грција сигурно никогаш нема да дозволи да влеземе во НАТО и ЕУ, но барем според мене поважно е да го задржиме достоинството и да не подпаднеме под притисоците. Секако подобро ќе беше ако можеме да влеземе и во двете органицазии, но не по секоја цена.
Инаку одговорот на прашањето што потоа е дека треба да се продолжи со лобирање во останатите земји кои не ја ословуваат Република Македонија со уставното име и објавување на што повеќе факти поврзани со овај проблем.
Секако, оваа анкета ја ставам за да го чујам и вашњто мислење, па со конструктивни дискусии да разгледаме повеќе опции.
 
Како прво бројот на потписи треба да изнезува 150 000.
Второ,прашањето сигурно нема да гласи така,туку дали сме за смена на името или против,нешто во тој стил,но сепак најдобро е да гласаме за прекин

Благодарам за исправката за бројот на потписи. А што се однесува за референдумското прашање не зборувам за референдумот кој го вети премиерот, туку за сосема друг кој по граѓанска иницијатива би го носел наведеното прашање.
 
Има две варијанти за после...
1.Референдумот не успее, преговорите продолжуваат!
2.Успее...ќе има втор референдум со прашање дали сте за продолжување на преговорите...
Каков бе црн референдум..сите правни акти се исполнети за прекинување на преговорите (ми се чини беа разговори за разликите околу името, а не преговори)

се согласувам и јас дека треба да се прекинат преговорите (и јес да тоа ќе влијае на надворешната политика на Македонија) но никој од политичарите со ништо не покажува дека има намера да ги прекине преговорите.Мојот предлог се однесува на граѓанска иницијатива за референдум за прекин на преговорите, со кој владата ќе биде обврзана да ги прекине сите преговори за името (кој според мене се безсмислени).
 
Не дека нема смисла во ова, но се чини во државава поголем е бројот на оние на кои им одговара ваквата ситуација што се поклопува со претпоставката изнесена на друга тема во подфорумов.
Ако напрегнат петни жили и ја оценат како партиска иницијативата, најпрвин за да предизвикаат поделба меѓу Македонците како најзасегнати, па почнуваат да носат "часовничари" од цела Европа, па на крајот ни нацртаат ветување.... и не заебат како на референдумот за територијалната поделба, ќе се постигне контраефект.
После тоа ќе се осетат легитимни, и, туку гледаш еден ден, сите ние среќни, граѓани на На К.рот Под Папоков.
 
Певиот час кога ќе има друга независна држава со исто име МАКЕДОНИЈА,разговорите за име можат да продолжат,вака сето тоа е беспредметно и очигледно некој сака да спечали од пролонгирање на агонијата.:toe:
 
Веднаш би гласал за прекин на разговорите со карпестиот сосед..
 
Јас работава со имево ја сваќам лично,исто како некој да ми влезе дома со пиштол и да ми рече,или ќе смениш име или неможе да шеташ по улица?Предлагам некоја од невладиниве организации да направи проект и да се реализира идеата,браво лаву!
 
Можеби преговорите се добра фарса за мачкање очи... Ако не е така нека ги прекинат веднаш... ако пак се мачка очи тогаш и да продолжат не ми значи ништо. Се зависи во каква ситуација е Македонија.
 
Јас на референдум ќе ласам ПРОТИВ ПРОМЕНА НА ИМЕТО НА ДРЖАВАТА ЈАС ИМАМ ИМЕ И ПРЕЗИМЕ И НЕ ГО МЕНУВАМ ТОА СИ Е МОЕ КАКВО Е ТАКВО Е ЗА ДРУГИ НЕ МИ Е ГАЈЛЕ ЗА СЕБЕ СИ ЖИВЕАМ ... ПА БУЈРУМ СЕГА СТАВЕТЕ РЕФЕРЕНДУМ И ЌЕ СИ СЕ ЈАВИ НАРОДОТ
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom