Дали ако слушаме рок/метал сме неверници?

  • Креатор на темата Креатор на темата TheShadow
  • Време на започнување Време на започнување
Па кој рече дека Бог не е Творец на се' што постои, јас само велам дека ние имаме слободна волја (незнам колку разбираш, ама мислам ич не разбираш) за вршење на добро или на зло.
Единствен непријател и апсолутен злодетел е само ѓаволот, а секој друг се учи од него (човекот е добро битие), односно ја менува својата природа бидејќи е релативно битие (човекот). Јас не реков дека човекот е лош, туку има слобода да стане лош.

А за тие што сакаат да разговараат до бескрај убаво рекол свети апостол Павле: „Празни и суетни разговори одбегнувај“
Слободната волја нема врска со перцепцијата за добро и лошо од аспект на асполутното. Ти пак можеш да имаш слободна волја, но без постоење на ентитет како што е ѓаволот, чие постоење е посочено како непотребно и штетно.
Ако причина за сите невољи е ѓаволот, зошто Бог кој е совршен и кој е љубов не го уништи?[DOUBLEPOST=1408467403][/DOUBLEPOST]
А за тие што сакаат да разговараат до бескрај убаво рекол свети апостол Павле: „Празни и суетни разговори одбегнувај“
Одличен рецепт за перење умови. Тоа што не се совпаѓа со твоите убедувања, прогласи го за празен муабет и игнорирај го.
 
Ако причина за сите невољи е ѓаволот, зошто Бог кој е совршен и кој е љубов не го уништи?.
Затоа што има позитивно позитивно зло, позитивно негативно зло, негативно позитивно зло и негативно негативно зло.
 
Слободната волја нема врска со перцепцијата за добро и лошо од аспект на асполутното. Ти пак можеш да имаш слободна волја, но без постоење на ентитет како што е ѓаволот, чие постоење е посочено како непотребно и штетно.
Ако причина за сите невољи е ѓаволот, зошто Бог кој е совршен и кој е љубов не го уништи?[DOUBLEPOST=1408467403][/DOUBLEPOST]
Одличен рецепт за перење умови. Тоа што не се совпаѓа со твоите убедувања, прогласи го за празен муабет и игнорирај го.

Па бидејќи е Љубов, а не зло.
 
Затоа што има позитивно позитивно зло, позитивно негативно зло, негативно позитивно зло и негативно негативно зло.
Ај објасни какво е тоа позитивно негативно зло?[DOUBLEPOST=1408467708][/DOUBLEPOST]
Па бидејќи е Љубов, а не зло.
Зошто го создал злото, за потоа да бара одговорност поради него?
 
@Ipsissimus Долго време се расправам со ,,верници'' и никако да можам да ги разберам, ниту пак тие мене. Тие не ни ми дозволуваат да се докажм, а не пак да ме ислушаат, да ја уклучат главата и да ме разберат. Не вреди. Послушај ме. Секогаш кога на радном ќе отворам тема во религија и прочитам 2-3 поста, си го плескам челото и се прашувам зошто живеам со такви луѓе околу мене, а понекогаш и зошто воопшто живеам.
 
Ај објасни какво е тоа позитивно негативно зло?[DOUBLEPOST=1408467708][/DOUBLEPOST]
Зошто го создал злото, за потоа да бара одговорност поради него?

Ти неразумен си или така ти налега. Бог создал се' совршено, ама потоа ѓаволот сакал да е над Него (а бил најсветол ангел) и се погордеал. Откако паднал од Бог тој зел и други ангели кои биле исти како него (горди), па така тие станале против Бог и од секгаш мислат дека ќе Го победат, но се лажат. Со создавањето на човекот, ѓаволот нашол начин да го искуша човекот и да го доведе во грев (бидејќи и тој има слобода како дух), а на тоа човекот одговорил позитивно и паднал како и ѓаволот. Човекот имал во моментот право да се покае (како што и ти имаш право дали ќе сфатиш или нема ништо да сфатиш) и тоа кога Бог го прашал: „Адаме каде си“. Е тука се гледа таа Божја Љубов која што никого не присилува на тоа дали ти ќе веруваш или нема да веруваш, дали ќе се покаеш или нема да е покаеш, сепак треба да знаеш дека пред Бог стојат милијарди и милиони ангели, архангели, херувими, власти и други ангелски чинови и за Него е сеедно. Само треба да знаеш дека еден ден многу ќе се каеме, ама ќе биде доцна. Затоа јас реков дека треба да се одбегнуваат некои празни зборови, а за тоа кој колку се труди и во верата, во работата и во цел негов живот за да стане човек, тоа само Бог го знае.

Мислам да престанеме овде оти многу избегавме од темата бидејќи гласи:
Дали ако слушаме рок/метал сме неверници?, а не да зборуваме за Божја Промисла и за нашите незнаења и знаења.
 
Ти неразумен си или така ти налега. Бог создал се' совршено, ама потоа ѓаволот сакал да е над Него (а бил најсветол ангел) и се погордеал. ....
Јас неразумен......?!:facepalm::tapp:
Море човек! Ако се е според промислата на Бог, зошто создавал суштество како што е ѓаволот?! Зошто не предвидел што ќе бидат последиците? Зошто не го уништил?! Со сила се правиш ограничен, или ограничен си? Или мораш така бидејќи платата и парите попски се слатки?
 
ГоспоТ ЗНАЕ СЕ ШТO ЌЕ СЕ СЛУЧИ, ама кога Адам (или Ева) ја гризнал(а) јаболката тој се ИЗНЕНАДИЛ... Фигуте тхат.
 
Последно уредено:
Ај објасни какво е тоа позитивно негативно зло?
Да не се разбереме погрешно.
Има негативно и позитивно зло. Тие посебно си имаат свој позитивен и негатиивен облик. Ако прашуваш за негативниот вид на позитивното зло:
Toa e чист хаос, невообличена супстанција и некоординирана сила - т.н. космички абортус. Да се влезе во сферата на негативниот облик на позитивното зло е исто како да се пропадне во жив песок.*

* Д.Форчн
 
Јас неразумен......?!:facepalm::tapp:
Море човек! Ако се е според промислата на Бог, зошто создавал суштество како што е ѓаволот?! Зошто не предвидел што ќе бидат последиците? Зошто не го уништил?! Со сила се правиш ограничен, или ограничен си? Или мораш така бидејќи платата и парите попски се слатки?

Па зошто да го уништи кога го создал. Бог не дека не знаел, туку го створил од љубов. И многу е глупаво да речеш да го уништи дека ако Бог не беше Милосрден досега не 100 туку 1000000 пати тебе требаше да те уништи, но уште те трпи. И не само тебе, туку и мене и јас сум ист не сум подобар. Така да Бог се' што создал сака и се грижи за тоа нешто. Види ги птиците небески ниту сеат, ниту жнеат, а Нашиот Небесен Отец ги храни. Или, пак, некои други нешта кои ги гледаш како битија.

Ќе повторам: Ја згрешивме темата.
 
Тоа што неможеш или несакаш да го разбереш е не зошто и како и дали некој треба да трпи! Туку зошто воопшто допуштил нешто кое потоа го категоризира како непотребно, штетно, зло итн?
И ако ја згрешивме темата, го имаш истово прашање поставено на соодветна тема, зошто не одговориш таму?
 
Дали ако слушаме турбо фолк или народно имаме загарантирана карта во Рајот на DJ Боже? Ако веќе денсаме со ѓаолот со рок / метал?
 
Да не се разбереме погрешно.
Има негативно и позитивно зло. Тие посебно си имаат свој позитивен и негатиивен облик. Ако прашуваш за негативниот вид на позитивното зло:
Toa e чист хаос, невообличена супстанција и некоординирана сила - т.н. космички абортус. Да се влезе во сферата на негативниот облик на позитивното зло е исто како да се пропадне во жив песок.*

* Д.Форчн
Но тука дискутираме за перспектива од страна на Апсолутот. Значи за тебе, за мене и за сите луѓе перцепцијата е диктирана од дуалноста и поради тоа нештата ги доживуваме како добри и лоши, погрешни, исправни,. потребни, непотребни итн. Но од гледна точка на Апсолутот кој е причина за се што постои, дуалноста е надмината - асимилирана и поимите што произлегуваат од истата се несоодветни за тоа ниво.
 
Дали ако слушаме турбо фолк или народно имаме загарантирана карта во Рајот на DJ Боже? Ако веќе денсаме со ѓаолот со рок / метал?
Ако апсорбираш било каква уметност која промовира сатанизам, може да потпаднеш под негово влијание, а може и не. Жанрот, видот на уметноста, нема никаква врска.
 
Ако апсорбираш било каква уметност која промовира сатанизам, може да потпаднеш под негово влијание, а може и не. Жанрот, видот на уметноста, нема никаква врска.
Нема потпаѓање под влијанија. Самиот бираш ;)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom