Д`ткање, тревливење, потфаќање ( р, л, ш, ... )

Никад не се смеам на тоа, не го ни сметам за трагично. Имам и добар другар што д'тка, па го чекам да каже што намислил. Ништо страшно.
Иначе кога бев многу мал имав проблеми со изговор на буквата "Р". Сестра ми ме тупеше и ја доведов до совршенство. Подоцна исто и со "Л", тоа беше некаде 2 одделение, ама среќа имав добри другарки во школо па со нивна помош на одморите (:pos: :pos: :pos:) и таа ја доведов до совршенство.:oeoeoe:
 
Како мал д'ткав али онака на моменти. И со тек време се смирив и сеа единствена говорна мана ми е лагата.

А не сфаќам зашто постојат луѓе кои си гледаат предмет за шала во ова. Искрено ако некој видам да се смее на некого зашто д'тка, с'ска, неможе да изговара убаво р,л и други букви би му покажал најлесен физички начин и тој да има убава говорна маана.
 
Неам говорна маана,не ни им се смеам на другите шо не можат да изговорат нешо или д`ткаат...

Познавам едно дете шо се вика Марко и не може да каже К :(
 
Сум имала луѓе со ваков вид на проблем во моја близина.
Во прво време признавам ми беше смешно,но сега ми е далеку од тоа.Жал ми е кога гледам некој како се мачи 15 минути за да се искаже,жал ми е и кога гледам дека најчесто не им ни дозволуваат да се искажат,туку одма ги прекинуваат и упаѓаат во муабетот со нивната мисла.Е во тие моменти,не сакам да се ставам на нивно место за да видам како им е.Сигурно ужасно.:toe:
 
Тие што д'ткаат не смеат да ја гледаат оваа мана како комплекс бидејки само може да се влоши,еве ја д'ткам на моменти повеке,некат помалце некат па кога ке се заборавам па и ич не д'ткам али порано многу се нервирав не можев асален муабет да направам али еден ден ми дојде преку глава и почнав полека полека да заборавам на фактот дека д'ткам и сеа помалце д'ткам.Значи што повеке го мислите толку повеке ке д'ткате ја мислам ако се игнорира тој факт дека ке се ублажни д'ткањето али сепак кај мене не е толку екстремно па и на моменти се напињам малце повеке и не д'ткам фактички мењам вокал а честопати ми се десило да се заборавам во муабет и да не дткам ич.Сепак пред моите не д'ткам и најтесниот круг на другари и другарки ретко д'ткам а тоа мислам дека е поради тоа што ако се задтнам пред нив ништо страшно а пред некој што не ги знам внимавам да не д'ткам а всушност повеке д'ткам.Значи ако имате некој пријател што д'тка просто коа ке се задтне немој да му обрнувате внимание дека д'тка и така ке го надмине проблемот и со вас ке збори течно а со тие што реагираат на неговото д'ткање нема да збори баш најдобро.Ако и тоа не му помогне е тогашка е многу ексретмно во мојот случај не е толку екстремно на пример една реченица ке се задтнам и послем подолго време пак ке се задтнам,али ја не завлекувам еден збор цела минута така малце се сечам,а порано знаев да завлечам многу гадно.
 
И јас д'ткав како помал а сега веќе не:toe:..Едноставо кога зборам гледам да не мислам на тоа ..
 
јас не ја изговарам многу добро буквата Л па не гледам на таа работа како некоја голема мана често знаат тие окулу мене да ме зафркаваат но не се лутам човекот се гледа по карактерот душата итн а не по тоа шо зафаќал или неможе некоја буква да изговори и многу е дебилно да се смееш иронично на тој што има таква мана
 
Ваљда не сум сам со овој проблем ....

Ама буквата Л меѓу согласки неможам да ја изговорам .... т.е излегува нешто као W или ЛW ...

Искрено ? Имам комплекси набиено :tapp::tapp: па понекогаш и *бирам* зборови за да не се *покакам* со Л-то и изгледам/звучам као дебил што не знае да збори ...

А за ремет , ми нема никој мавано .... доволен сум си сам на себе да се реметам :tapp::tapp:

Не си сам ... :) И јас како тебе некат бирам зборови само да не ја кажам Л :kesa::kesa:
 
Исто „л“ ја потфаќам. Ама не ми смета, никој досега не ме реметел за тоа, а бааги се забележува коа зборам, ко пијан да сум звучам на моменти.
 
Што мислам за оваа природа мана?
:pos:
Ај сега сериозно...
Мислам дека не е ништо страшно и дека не треба некој да се искомплексира на таа база.
А колку што имам слушнато имало и техники за прикривање на тие мани:uvo:
Барем така не учеа на ораторство:wink:
 
имам другар што д’тка ама воопшто не ми смета :toe: и не знам што има смешно во тоа. инаку познавам мноооогу луѓе што не можат да ја кажат Л. У викаат наместо Л, а пак има мнооогу и други кои ги зазаат да кажуваат работи на Л :toe: “Лустерот се лула лу лу лу’’. Порано учеше со мене еден што имаше навистина големи проблеми при говорењето па го носеа на терапија и сега воопшто не се приметува. имаме и проф. кој потфаќа на Ч и Ш. ок нему малку му се смеевме на почетокот ама не мислиме ништо лошо:pipi:
 
Наводно многу смешно сум ја изговарала буквата Л. Сите од клас ми викаат дека зборам како Дејан Миличевич:pos2: Ама не ми е гајле
 
Мислам дека за настанувањето на ваквите говорни мани, како неможност да се кажат букви како Р, Л и Ш, голема улога имаат родителите, бидејќи додека децата се мали им зборуваат "на бебешки" и не ги кажуваат овие букви правилно, па така и децата учат да говорат и после им е тешко да ги изговараат буквите правилно. Многу голема грешка е тоа што на децата не им се зборува онака како што треба. Според мене не е тоа некоја вродена, природна мана, како што пишува на првиот пост.
А за смеењето, не можам да кажам дека никогаш не сум се насмеала, ама тоа не било со намера да повредам некого. Обично се воздржувам и ми е многу непријатно доколку не успеам да го воздржам смеењето, ако дојде до тоа.
 
Јас како помал не ја изговарав Л, ама со вежбање и труд, сега нормално ја изговарам.Имам еден другар што на моменти д'тка, но мене не ми смета тоа и никогаш не сум се смеел.Не само на него, туку и на некои други што имаат некоја говорна маана :toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom