На денешен ден 2007 година еден од сопствениците на Манчестер Јунајтед, Малком Гејзер на сер Алекс Фергусон му додели нови 50 милиони фунти за засилувања, кои искусниот стратег ги искористи за купување на Тевез, Нани и Андерсон.
На денешен ден во спортската историја во 1960 година е роден капитенот на Милан, Франко Барези. Овој фудбалер од самиот старт па се до крајот на својата кариера е во дресот на Милан,каде одигра 532 натпревари и постигна 16 гола. За италија одигра 81 натпревар а има постигнато и еден гол.Со овој тим освои 6 титули во Италија, 3 трофеи во ЛШ.
На денешен ден во 2007 година Марадона излегува од психијатриска болница, каде се лекуваше од зависност од алкохол. Прославениот фудбалер своето лекување го продолжи дома,во Аргентина.
1970 на денешен ден во Хихон е роден фудбалерот Луис Енрике. Тој настапуваше за Спортинг, како и за двата гиганта во Шпанија Барселона и Реал Мадирд.Во националниот тим на својата земја настапи на 62 средби а постигна 12 гола.Во 2004 година се опрости од активното играње фудбал.
1977 година е роден грскиот кошаркар и еден од најдобрите играчи во моментот Теодорос Папалукас.Во моментот настапува за рускиот ЦСКА со кој играше во големото финале а загуби од Панатинаикос.
1987 година на денешен ден е роден играчот на Вест Хем, Марк Нобл.Тој е еден од најдобрите млади играчи на оваа земја и во моментот е капитен на младата репрезентација на Англија. Настапуваше порано за Хал и Ипсвич пред да се врати во Лондон.
Истата година Јувентус е преселен во Италијанската Серија Б,но успева експресно да се врати и тогаш потпишува тригодишен нов спонзорки договор со автомобилскиот концерн од Торино, ФИАТ.
ЉОЉ....:baeh: