Црна хроника

  • Креатор на темата Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување Време на започнување
Ќе те апсат па ќе се снаоѓаш, па дури и ќе средиш да те вратат на позиција.
И после ... Karma is a bitch!


Прегазена жена во тешка сообраќајна незгода кај струшко Мислешево

Вести | Охрид | 22.11.2013 22:44
Посети : 471

mvr11.jpg
Едно лице го загуби животот во сообраќајна незгода што денес во 16 часот и 15 минути се случи на магистралниот пат Подмољје-Ќафасан непосредно после крстосницата за селото Мислешево.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, се работи за 58-годишна стружанка, која им подлегнала на повредите во општата болница во Струга каде веднаш била пренесена.

Врз неа налетало патничко моторно возило марка „БМВ“ со струшки регистарски таблици управувано од 41-годишно лице од Струга. Истиот, по барање на истражен судија е задржан во полициската станица од Струга каде земени му се крв и урина за понатамошна анализа.“ - информира Димоски.

Тешката сообраќајна незгода се случила во момент на невнимателно и непрописно преминување на коловозот од сега починатата стружанка, како и неприспособено управување, односно неприспособување на брзината на движење на возилото према состојбата на патот.

На местото на тешката сообраќајна незгода извршен е увид во присуство на истражен судија и јавен обвинител од Струга како и полициски екипи од полициската станица во Струга. За време на увидот, сообраќајот на магистралниот пат беше физички регулиран и пренасочуван по споредни патишта и улици.“ - додава Димоски.

Во текот на утрешниот ден, доктор на судска медицина врз телото на починатата ќе изврши обдукција.

OhridNews

© 2013 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom