Зошто се омажиле за нив? Одеднаш им текна да ги кршат од ќутек после 5 години у брак?
Семејното насилство е субтилно. Никој на прв дејт нема да ја пречека партнерката со аперкат во брада нели? Веројатно ќе биде шармантен, ќе и придобие доверба, ќе ја запознае со пријатели. Насилството се појавува често после некое време (некогаш и после години). Има луѓе со психопатолошки тенденции, нарцисоидни растројства, комплекс на инфериорност, и овие работи не се секогаш лесни за приметување.
Проблемот е што после години, жртвата развила чувства, конекција со партнерот и често е збунета при првите испади, во шок. Во идеално сценарио, пријавува после првиот испад, али често, поготово кога имаат и деца може да се плаши ради себе и ради нив да пријави. Може да се праша: како ли ќе преживеат деца без татко? Дали ќе можам да ги чувам со една плата? Што ако центар за социјално му ги додели него, тогаш како ќе ги заштитам?
Затоа постои центар за социјални работи, полиција, па и соседи, пријатели, семејства, каде што треба да интервенираат. Они се сите на различен начин синџир на заштита на децата и жртвите (кои најчесто се жени и деца). На нас е и како случајни минувачи да реагираме.
Факт е дека насилникот е крив и треба да одговара. Не е жената крива што он ја нападнал мажот додека е бремена. Не е детето криво што се родило. Пусто турско остави дел од машката популација да пати од комплекс на инфериорност кај нас и често ова се манифестира во насилство (на улица, дома, на работа, каде е можно). За таквите друштвено неподобни ликови, само најстроги казни.
Дури и кога жената ќе го остави, тоа не значи дека е безбедна. Ова е од денес:
Не разбирам само како институициите затаиле и не реагирале кога секоја ебана пријава па чак и од комшиите била негирана и повлечена од истоимената Ивана?
Ако е семејно насилство, по допрен глас мораат да реагираат, без разлика на тоа што Ивана им кажала (таков тип на случаи се). Ова е пошто не е само Ивана тука за жал, туку тука е и ќерката која они имале должност да ја заштитат.
Имаше видео од една доста храбра жена што го пријавила кога он ја тепал Ивана пред ќерка и (пуштено беше на форумов неколку страни назад). Додека мажов бил насилен кон Ивана на улица, ќерката се тресела од страв. Она пријавила и се поставила меѓу нив да ја заштити ќерката. Да реагирал центар за социјални тогаш и полицијата, да реагирале соседи, семејство, како оваа жена што била случаен минувач, тогаш сигурен сум дека тоа мало дете ќе беше меѓу нас.