Бидејќи темата е за creepypasta, претпоставувам за самата страница (а самите приказни напишани на страницата се викаат creepy pastas), еве да се искажам и јас: навистина супер страница, се наоѓаат многу интересни и страшни приказни, цела поткултура е тоа, имаат дури и свои мемиња, популарни и влијателни корисници кои своите успешни приказни понекогаш и ги самоиздаваат. Често ги читам, бидејќи имаат обичај еден на друг да си даваат конструктивни коментари на приказните (кога не тролаат) и при оценувањето од 1 до 10 се гледа и колку текстот е страшен/оригинален, а и колку е добро напишан од книжевна гледна точка. Голем број приказни и урбани легенди потекнуваат токму од оваа страница, а попознатите и подобрите урбани легенди од кои некои се напишани погоре се застапени барем со по една верзија. Многу е кул тоа што кога читаш можеш да си одбереш категорија на pasta, на пример Beings and Entities, Dreams and Madness, Rites and Rituals, итн. и да читаш приказни само со таква содржина. Друга интересна работа е тоа што имаат посебна страница за приказните кои не биле доволно добри/страшни за да ги стават на главната страница, или пак ја промашиле темата, па ги собираат на т.н. CrappyPasta

Навистина ја препорачувам страната за љубителите на страшни приказни и урбани легенди и за тие што сакаат да се плашат навечер пред спиење.
Инаку, еве накратко преведов
една од моите омилени пасти:
Услугата на слепиот човек
Во Берлин по Втората светска војна луѓето немале многу пари и намирници и повеќето најверојатно гладувале. Во тоа време се раскажуваше за некоја млада жена која видела еден слеп човек како се спровира низ толпата. Започнале разговор. Човекот ја замолил за услуга - да однесе едно писмо на адресата напишана на пликот. Секако и било на патот за дома, па се согласила.
Тргнала да ја однесе пораката, но се свртела да види дали на човекот му треба уште нешто. Го видела како брза низ толпата и веќе не ги носел затемнетите очила и белиот стап. Отишла во полиција и тие влегле во куќата до која бил адресиран пликот и внатре нашле купишта човечко месо на продажба.
А во писмото кое човекот ѝ го дал на жената пишувало: „Ова е последната што ти ја испраќам за денес.“