Цистоскопија

  • Креатор на темата Креатор на темата ~angela~
  • Време на започнување Време на започнување

~angela~

mladiot matematicar
Член од
29 август 2008
Мислења
226
Поени од реакции
25
Мало воведување за цистоскопијата:
При цистоскопија, лекарот го испитува мочниот меур и надворешниот мочен канал (уретра), користејќи цевчест инструмент со вградена ламбичка и оптички леќи. Цистоскопијата се изведува така што овој цевчест инструмент т.н. цистоскоп се внесува преку надворешниот мочен канал дирекно во внатрешноста на мочниот меур. На тој начин, докторот има увид во состојбата на слузницата, која го обложува од внатре мочниот меур. Лекарот директно гледа во внатрешноста на овие органи. Доколку лекарот при оваа процедура забележи некои сомнителни промени, тој може да земе парче од изменетото ткиво за микроскопска анализа (биопсија).
Цистоскопијата е инвазивна и болна дијагнзостичка процедура и треба по правило да се изведува во локална или општа анестезија.
Бидејќи при цистоскопијата може да дојде до внесување на бактерии во мочниот канал и мочниот меур, секогаш по изврешената цистоскопија се дава превентивно антибиотска терапија, со цел да се спречи појавата на инфекција.

Но нигде не прочитав постпериод на цистоскопија, дали некој знае нешто, некој што праел цистоскопија, треба ли нешто конкретно да се прави, не треба да се прави или нема? Нешто како мирување, лежење, можност за појава на крв во урината по цистоскопијата?
 
Ми направија цистоскопија во јануари. Имав чести нагони за мала нужда и при магнетна резонанца докторот ми рече дека горниот ѕид на бешиката е задебелен, па морав да правам цистоскопија. Ми ја правеа во Систина со општа анестезија.
Процесот траеше мислам 15тина минути, цело време бев под анестезија и не осетив ништо.
Прашуваш за постпериодот, епа имав крв во урината и болки при мочање, дента после прегледот големи, после другиот ден се намалија малку, па третиот уште помалку и мислам дека четвртиот ден после тоа немав никакви проблеми. Пиев чај од брусница (мораш многу течности да пиеш сега) и антибиотик Цитерал.
Заборавив да пишам погоре... на резултатите немаше ништо, се ми беше чисто, само ги допив цитералот и тоа беше.
 
Колку време пиеше цитерал?
Патем јас правев во 8ми септември без анестезија и кај мене се појави крв и остатоци од крв згрутчени затоа и прашував.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom