Дивајн
блаблабла
- Член од
- 3 април 2005
- Мислења
- 15.748
- Поени од реакции
- 1.856
Не сум живеела со цимер, за да имам некое поконкретно искуство да споделам тука, но сепак знам што мислам во врска со една таква ситуација.
Во ред е според мене да се дели стан со цимер од спротивниот пол, но тоа би требало да остане на тоа, доколку не се развијат некои чувства за да падне врска од тоа, против што не се може, нали.
Јас и општо не сум за чисто-физички мувања, па посебно би била против во ваква ситуација. Причините горе-долу веќе ги наведовте. Сигурно ќе испадне некој проблем понатаму, без оглед дали ќе е тоа од страна на девојката или дечкото. Постојано би биле заедно, па ете тоа мување најверојатно би се повторило повеќе пати, а ако е така сигурно некој ќе почне да го гледа другиот со поинакви очи и оп - Хјустон, имаме проблем!
После тоа или треба на сила и приморани да се обврзат партнерите во некоја мачна врска или да се селат на различни страни.
Многу компликации за едно невредно празнење, не мислите така?
Значи не фала, цимер би требало да остане цимер за подолг мир и љубов во станот.:podsmev:
А за текстот на Никола ... во право си кога се лутиш на делот кога си нашол кафеава река во шољата (така беше?:pos2: ) ... погадно нешто неможе да се види од една девојка која според некое непишано правило би требало да е далеку почиста од еден дечко!