Ciao IMF

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.593
So long ММФ!

Давеник во море. Веќе е при крај со резервите со воздух во своите бели дробови. Почнува да тоне. Наеднаш, некој од страна му ја зграпчува главата и му ја вади над површината на морето. Давеникот ги полни своите бели дробови со воздух. Но, неочекувано, спасителот повторно му ја турка главата под вода. Поминуваат неколку минути и главата на давеникот е повторно над водата. Белите дробови се полнат и пак некој го тука под водата...
Вака некако економистите-противници на политиката на Меѓународниот монетарен фонд ја опишуваат улогата на оваа меѓународна институција во економиите на земјите-членки, со која од пред два дена Македонија конечно ги расчисти сметките. А земји членки, кои бараат помош од ММФ се главно сиромашни, политички и економски нестабилни земји кои, кога тогаш доаѓаат пред портите на ММФ и бараат пари. На тоа овој светски финансиски полицаец чека. Сите знаат дека аранжманот со ММФ позитивно психолошки влијае на странските инвеститори и дека ја зголемува владината дисциплина во спроведувањето на договорената економска политика. Таа договорена политика секогаш се дефинира преку писмо на намери на земјата кандидат, кое всушност е однапред напишано и дефинирано и во кое со еден збор пишува – ќе работиме како што ќе кажете. Ја прифаќаме стратегијата на ММФ. А таа стратегија е опасна. Не нуди развој, освен дисциплина и аскетско неразумно штедење по нивните банки.

Тука почнува приказната за или против ММФ. Никој никогаш не го проценувал социјалниот елемент на слепото прифаќање на таквата политика која секогаш инсистира на огромни девизни резерви, кои се разбира се чуваат кај нив по нивни пропишани камати. Нормално за секоја влада да се чувствува послободна кога води самостојна економска политика, во споредба со спроведување на политика под притисок. Но уште понормално е за неспособните влади да го кријат своето медиокритетство и незнаењето да го покриваат со – ММФ ни кажа! Тоа се препораки на ММФ!

Ако е така, тогаш долгогодишниот аранжман со ММФ всушност претставува своевидно признание за сопствената неспособност, па во целиот овој период ни требаше некој да не контролира и да ни кажува ова е добро, а ова лошо! Зарем ММФ ни треба за постојано да не потсетува дека јавните претпријатија треба да се приватизираат, дека влоговите на државата по фирмите треба да се продадат, дека за стечајците нема пари, дека невработените треба да се снаоѓаат, а и тоа дека парите, девизните резерви, треба да се чуваат – во нивни банки. Податоците покажуваат дека паралелно со потпишувањата на аранжманите со ММФ растеше и стапката на невработеноста и процентот на падот на производството. Секоја барем малку поупатена личност во вештините на користењето на Интернетот можеше да ги собере информациите за вистинските акции што ги спроведува ММФ и како систематски ги уништуваше стопанствата по земјите во транзиција и по земјите од третиот свет. Искуствата на одделни земји во транзиција ни покажуваат дека нивниот сериозен економски раст почна токму по ослободувањето на контролата на ММФ и поцврстото застанување на курсот на развојно определеното стопанство. Русија, Полска, Романија, Словенија, Аргентина, Бразил, Перу, Мексико… се добри примери за тоа. Дали со конечното раскрстување, за почеток со долгот кон ММФ, Македонија почнува да ја користи историската шанса? Ја дефиниравме ли и ние конечно, сами, националната стратегија за долгорочен економски развој?
Сите домашни стопанственици се согласни дека Владата може најмалку 600 милиони евра од девизните резерви (кои сега се 1,4 милијарда евра) да врати во стопанството. Процената е дека со оваа поддршка ќе почне еден сериозен инвестициски циклус, многу потребен за веќе паднатото македонско стопанство. Никој од економските експерти, а ниту дел од луѓето во Владата, не можеа да ја сфатат досегашната ваква ригидна и непродуктивна владина политика. За дел од тие министри поважно беше мислењето на експертите од ММФ, отколку бројот на невработените, стечајците и технолошкиот вишок во земјава. Еве како таа политика сликовито ја опиша еден македонски банкар: таткото на семејството ги чува парите во перница, жена му секој ден му бара пари за леб и млеко, децата гладуваат, а тој не дава ниту денар! Од тој аспект може да заклучиме дека ММФ е соучесник во убиството на македонската економија. Разорено стопанство, висока невработеност и голема сиромаштија се главните карактеристики на македонската економија што речиси 13 години се води под патронат на Меѓународниот монетарен фонд. Во тој период богатите уште повеќе се збогатија, а сиромашните осиромашија!

Кога пред три години „Време” ги организираше трибините на тема ни треба ли воопшто ММФ, ретки беа говорниците кои беа недвосмислени во своите одговори дека време е да и кажеме довидување на ова моќна меѓународна финансиска организација. Неделава Македонија тоа и го стори. Исто како и пред неа многу други земји чиј развој почна токму по таквиот развод. Време е за активна економска политика и поинакво користење на услугите на светскиот финансиски полицаец, кој пак, од друга страна и самиот е пред реформи.

Еве што деновиве беше напишано на еден македонските блогови токму на темата за давеникот и давителот од почетокот на приказната: "So long and hope we'll never see again!"
 
IMF sucks big time. BUT! Ako ex-komunisti se vo vladata, IMF e podobriot izbor...
 
Абе не е само ММФ нашиот проблем, а и ако му се исплатени сите обврски сепак неможе без него, чисто како гаранција за стабилност.
 
Македонија предвреме ќе го врати долгот кон ММФ

Македонија предвреме ќе го врати долгот кон Меѓународниот монетарен фонд. Одлуката за тоа ја донесе Владата на денешната седница. Земјата на долгогодишниот финансиски ментор му должи 51,7 милиони долари.

Наместо до 2010-та, рокот предвиден за отплата, сумата ќе биде вратена порано, со пари од државните резерви. Ова не значи целосен прекин на соработката со ММФ, вели премиерот Груевски.

„Предвременото целосно враќање на долгот кон ММФ и целосно раздолжување кон ММФ нема да значи дека ние со оваа институција понатаму нема да имаме соработка, нема да имаме консултации, нема да имаме довршување на аранжманот, нема да имаме размена на информации”, изјави Никола Груевски, премиер.

Домашните аналитичари сметаат дека е добро за државата што девизните резерви конечно ќе бидат продуктивно искористени. Милијарда и 800 милиони евра кои залудно лежат на сметки во странство сега се ставаат во функција на предвремена отплата на долгот што на земјата и дава двоен бенефит.

Прво, Македонија ќе ги заштеди парите кои би ги платила за камати и второ, ќе ја намали зависноста на земјата од светските финансиски институции.

Со претходните предвремени исплати на сумите кон Светската банка и останатите кредитори земјата ќе заштеди повеќе од 250 милиони евра, значајна сума што би можела да се искористи за други развојни проекти.

Македонија фаќа нов курс во политиката спрема светските финансиски институции. Се приклучува на групата земји кои во одредена фаза од транзицијата, кога се почувствуваа доволно економски моќни, се збогуваа со ММФ. А1


КОНЕЧНО!... 52 милиони $, ехеј која смешна сума !!!!

Само за потсетување, Грујо имаше сличен план во времето кога беше министер, затоа и не потпишуваше договори со лешинарите. Таа постапка беше "длабоко оцрнета" по медиумите од страна на македонските современи атентатори, СДСМ, во периодот после 2002!
 
Најпаметна работа. ММФ иако ја стабилизира економијата намалувајќи ја инфлацијата, сепак нејзината поткрепа доаѓа со голема цена и економијата стагнира, некако ги испозаебува државите да и бидат вечни должници, Аргентина како заглави и колку во була отиде.
Хрватска уште пред 5 години, ако не и порано му исплати се и го мафна.
 
IMF se idioti.

IMF sakat drzhavata da realizira golem budjeten rezerv za da se garantira ekonomkskiot stabilitet. Mnogu golem. Ova se pari deka mogat da se investirat vo infrastruktura naprimer.

Inaku, IMF e ubava rabota ako vo vladata se post-komunisti deka pilejat pari za gluposti.

IMF stabilizira ekonomijata na Bugarija vo 1997, sled ekonomskata kriza koja be prichinena ot socialistite (neo-komunistite). No IMF mnogu zabavi rastejot na GDP. Zabavi gradbata na avtopatishta. Vo kraj, Bugarija vseka godina ima budgeten rezerv +1-2 bln euro. Fiskalen rezerv od 10 miliarda evra. Pari, deka se out of the economy. Ako ne beshe IMF, sega shtehme da imame izgradeni magistrali Hemus, Trakia, Marica i Struma na 100%.

Makedonija mora da se osvobodi ot IMF - ASAP!
 
Не пропаѓа ММФ се’ додека постои овој финансиски систем во светот. Но добро е што им заврши аранжманот во Македонија и истиот не продолжува.

Она што е интересно е дека ММФ сега им укажува на земјите на Европската Унија дека ги чека криза заради банкарскиот сектор - и веројатно е во право:

"When banks are insolvent you (Europe) have a ... formula (that) is not specific enough and it will not be enough when there is a cross border (problem). There should be some political impetus so these questions are properly addressed. The problems are everywhere ... the whole system needs a complete overhaul."

http://www.guardian.co.uk/business/feedarticle/7830038


.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom