Чварки

  • Креатор на темата Креатор на темата NikolaMKD91
  • Време на започнување Време на започнување
N

NikolaMKD91

Гостин
Барав низ гурманско катче и забележав дека нема тема за овој балкански специјалитет од свинско месо (сланина).

Кај нас се познати како чварки, пржки, џимиринки и тн . Се добиваат од ситно исецкани парчиња свинска сланина кои се топат во поголем казан на оган . Во текот на приготвувањето маста се цеди и трга настрана од сланината, а парченцата месо се пропржуваат и сушат.

Еве сето тоа како изгледа :D
800px-Pork_rind2.jpg


Колку вие го јадете овој стар специјалитет и со што ? Се препорачува најдобро со црвено и црно вино. Па ајде бујрум гурмани да слушнеме ваши искуства. :D
 
Чварци најубави се кога ке ги извадат вруќи јадеш не знаеш за доста.Само кога одеднаш ти биднува лошо мрснотии во крв во бестрага тоа е лошата страна.Иначе добар рецепт пробајте праз и чварци пропржете и ајвар земете со домашен леб лелелелле мајко моја комбинација боли глава.Исто добро идат со качамак и врз него парчиња чварци.Се ближи свињокољ ке има чварци
ЧВАРЦИ СЛАТКО ОД СВИЊА
 
И со ајварче убаво идат :D
Иначе јадам чварки ама многу ретко, треба да се убаво испржени - крцкави и со троа поише сол за да ме намамат да кaснам.
 
Чварци најубави се кога ке ги извадат вруќи јадеш не знаеш за доста.Само кога одеднаш ти биднува лошо мрснотии во крв во бестрага тоа е лошата страна.Иначе добар рецепт пробајте праз и чварци пропржете и ајвар земете со домашен леб лелелелле мајко моја комбинација боли глава.Исто добро идат со качамак и врз него парчиња чварци.Се ближи свињокољ ке има чварци
ЧВАРЦИ СЛАТКО ОД СВИЊА
Сега ми текна една анегдота : Што се чварки ? - Бомбони од свиња . :D
 
Овие на сликата во првиот пост многу мрсни, а и такви не ми се убави за јадење. :sick:
Поубави се оние кои имаат и чисто месо и се убаво испржени, а не само мрснотии. :D
cvarak.jpg
 
Убави се али да се има мерка во спротивно:гомце::гомце::гомце::)
 
Со буковец или ајвар. : )) Порано секоја година додека беа старите во село по два пати годишно ни праќаа по една свиња. Маста ја користевме за јадење и верувале или не никој немаше проблем со ништо, дури и здравјето ни беше на ниво. А компирите спржени во маст беа прсти да лижеш. :D
 
Јадам али ретко, со пинџур најмногу одат :D
 
леле како ми иде да истролам, али ќе се исконтролирам.:D
инаку, порано многу ги јадев, но еднаш ми се стежи и од тогаш не можам ни да ги помирисам.
преубаво идат со црвено вино, суво тешко црвено вино. можеш да мезиш со саати.
прекрасен македонски специјалитет кој со правилни инвестиции и реклами може да биде многу попознат.
 
прекрасен македонски специјалитет кој со правилни инвестиции и реклами може да биде многу попознат.

Мала исправка - не се македонски, интернационален се. Ги има и во Германија и Австрија во иста форма како нашите, а и во САД (cracklings).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom