Чистење на сензор на ДСЛР

  • Креатор на темата Креатор на темата Sase85
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
21 јануари 2008
Мислења
83
Поени од реакции
10
дали некој има искуство со чистење на сензор во домашни услови? што средство сте користеле, пумпици, четки. или да ми препорачате некој поевтин сервис.
и дали е паметно сам да го чистам.
благодарам однапред
 
И јас би сакал да го исчистам мојот (иако не знам дали има потреба) па таман двајца заинтересирани :)
 
http://forum.kajgana.com/threads/Да...патибилен-со-мојот-апарат.63272/#post-5277926

еве како изгледа а во текстот ќе прочитате и како се открива дали ви е сензорот валкан.
Ако сакате сами да го чистите, препорачувам само со пумпица и тоа има опција на апарат и кај никон и кај канон мануелно чистење на сензорот, кога ќе се одбере, се крева стаклото, се трга пердето и стои отворен сензорт, и тогаш со пумпица и само со пумпица издувајте го по можност дома во соба која нема прашина. Ако тоа не помогне, однесете го на сервис каде имаат посебни лупи, течности и инструменти да го исчистат сензорот. Во МК цените одеа околу 3000 денари, јас мојот го чистев во странство и ме фати поефтинко, али и така одев преку граница и го носев апаратот па не ми беше проблем. Не би се нафатил лично јас да го чистам со некои средства купени преку ибеј. Сепак сензор е во прашање и можноста за некоја грешка или нестручност се поголеми,. Додуше сензорот е зад УВ филтер но сепак и него да го оштетите, изгребите... ќе е проблем и скап сервис и поправка.
И да знаете дека еден ден сигурно че имате проблем со валкан сензор нарочно ако сликате надвор, ветер прашина, менувате објрктиви... тоа е нормална работа. Мојот сензор се извалка на некои 25000 сликања али често менував објективи и тоа надвор - на терен.
 
дали има во скопје друга продавница освен пикс плус кај што може да се купи чистач за сензор (четка и течност)
 
Мене ми влезе прашина после 5-6000 сликања, неам појма како пошто никогаш не сум менувал објектив.
Се појави како дамка на неколку слики, па решив да го тестирам дали има прашина на сензор со поентирање на бел лист, се мести aperture priority mod, aperture ја затворате до крај и сликате долга експозиција (колку ќе ви одреди самиот фотоапарат). Ако е бело се ондак немате прашина, но кај мене се покажа прилично јасно дамката, го кренав огледалото (кај никон во менито setting> mirror lock up, се активиа со притискање на копчето за сликање) и со пумпа за душек го издував сензорот (малце е ризично вака, ама немав опција а ме нервираше прашината), го спуштив огледалото и се си беше ок.

Ова не е ништо страшно и е прилично рутинска работа кај тие што често менуваат објективи
 
Прашина влегува и преку самиот објектив ако е модел што задната леќа не е фиксна и затворена према комората со огледалото .
Објективите се подвижни значи најчесто се издолжуваат и собираат и при самото тоа испумпуваат воздух заедно со прашина така да бегање од прашина нема .
Од мое искуство еднаш во годината ќе си го проверувате особено ако често менувате објективи и ако има правец сервис на чистење .
а доколку сте во можност (финансиска ) не е ложо исто еднаш во годината задолжително чистење ,затоа што има прашинки со маснотии на нив кои доколку се запечат на филтерот пред сензорот после извесно време потешко ќе се извадат .
А за чистење по дома погледнете си видео туторијали , виски или нешто жестоко во лева рака , м**ата во десна рака и со среќа пошто чистење треба да е околу 1500 денари но изгребан филтер пред сензор е многу пари а можат од невнимание да се п****т и други работи.
Ако не фотографирате често со бленда поголема од ф16 тешко и да се забележува прашината пошто треба да е баш големо парче .
Тоа предходното со дување на комората со пумпица може да се применува и не ништо опасно , само мора да ви биде чиста околината и да пазите да не го подкачите некој дел внатре со пумпицата .
 
ми го очистија во видео дата, карши золошка, и задоволен сум од услугата.
 
1800 ден. е редовна цена со средство, мене ми дадоа попуст дека пред еден месец ми е купен, и ме фати 1200
 
Јас го кренав огледалото пробав со пумпичка од апарат за притисокот мерење ми помогна малце иако на почеток ја направи полоша работата бидејки пумпичката е од стар некористен апарат за притисок потоа при 3иот обид помогна но некои дамки неможеа да се отстранат па морам со чепкалка за уши ама ептен нешно допирање бидејки на мн форуми после т.н. водено чистење бар тие така го викаат користат чепкалки да го исушат сензорот си реков да пробам и ете чудо се е ок :)
 
Јас го кренав огледалото пробав со пумпичка од апарат за притисокот мерење ми помогна малце иако на почеток ја направи полоша работата бидејки пумпичката е од стар некористен апарат за притисок потоа при 3иот обид помогна но некои дамки неможеа да се отстранат па морам со чепкалка за уши ама ептен нешно допирање бидејки на мн форуми после т.н. водено чистење бар тие така го викаат користат чепкалки да го исушат сензорот си реков да пробам и ете чудо се е ок :)

Храбро , храбро на кои форуми си сретнал користење на чепкалка за уши да им честитам лично (јас лично не сум сретнал никаде) .
Тоа е таков ризик што се граничи со лудило
1. ако е обична чепкалка за уши во нејзе има парчиња груби влакна да не речам (дрва) така да којзне што грбаници можат да направат.
2. Дури и да е посебна чепкалка за уши 100 % памук е голем ризик затоа што го чистиш локално само во едн точка .
Ако не ми веруваш пробај на некој стар објектив под силна светлина.
Ти можеби нема да ги видиш ситните гребаници секако влијаат на квалитетот на фотката.
Ти зборувам од искуство со чистење на објективи ,дури и за нив не е препорачлио да се чистат често само кога многу ќе се извалкаат ,а камо ли сензор.
Со среќа
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom