Честит 23 октомври - ден на ВМРО

Статус
Затворена за нови мислења.
Уште поголема штета е што на феjсбук профилите го ставаат нивното знаме :confused: Кое е всушност е оригиналното знаме на ВМРО?

589px-IMRO_badge.JPG


СЛОБОДА ИЛИ СМРТ !
 
Бесмислено е на празников да му се лепат секакви етикети, јасно е што се слави: Ден на македонската револуционерна борба
Со оглед на македонското историско минато, потребно е некако да се одбележи таа борба, која не е само Илинденско востание и 11 Октомври (АСНОМ и 8 Септември се повеќе поврани со државноста и независноста).
Некои луѓе го посветиле животот за ослободување на земјава и народов. Таквите кај другиве народи обично се почитувани, се памтат, и се посочуваат како добар пример. За целиот народ, не за одделни партии, групи и здруженија. Па веројатно и ние можеме така да се однесуваме. Или не можеме?
Честит празник!
 
Кога читам сеирџиски коментари по нетов, се прашувам јас за кого гинеле тие луѓе, за кого се бореле? За денес да прашуваат “дали се пере денес?“ или “за серијата Pretty little liars?“ Со такви постови покажувате нула почит спрема луѓе кои нешто правеле, кои направиле разлика некаква, кои не се плашеле да загинат за тоа за кое што верувале. И тоа да го поистоветувате со било која политичка партија и со дневна политика е страшно и тажно во исто време.

ВМРО не била политичка партија, не ги делела луѓето, не правела разлика помеѓу вакви и онакви, туку се бореле за слободна Македонија, како што рекоа поназад, тука се јавува основата и зачетокот на развивањето на македонската самосвесност. А вие тука уште и шали правите...

Прочитајте си го уште еднаш Крушевскиот манифест, мислам дека добро ќе ви дојде малце, да престанете да обојувате све политички, да престанете да правите заебанции и да терате сеири на некои луѓе кои имале верба и идеали и кои не сакале да го гледаат ова парче земја поробено. Самата помисла дека некој може сеир да им тера е поразувачка за тоа до каде сме стигнати како држава и како народ.

И ако не можете да ја раздвоите најважната македонска историска организација од дневен сеир и дневна политика, многу ми е жал за вас.

Повелете, малце потсетете се:

Браќа земљаци и мили комшии!

Ние, вашите вечни комшии, пријатели и познајници от хубавото Крушево и неговите китни села, без разлика на вера, народност, пол и убежденија, не можејќи веќе да трпиме тиранијата на жедните за крф и гладните за чоечко месо муртати, шчо гледаат и нас и вас да дотерат до нош, и нас и вас да дотераат до питачки стап и нашата мила и богата земја Македонија да заприлегат на пуста пустиња, денеска дигнафне глава и решифне со пушка да се браниме от тие наши и ваши душмани и да добиеме слобода.
Вие мошне арно знајте оти ние не сне лоши и разбирате оти от мака си ја кладофне главата в торба, за да заживејме како браќа на оваја земја, ние ве имаме како сфои и сакаме до крај да останиме сфои.
Ние не дигнафне пушка протиф вас - това би било страм за нас; ние не дигнафне пушка протиф мирнио, трудољубивио и чеснио турски нарот, шчо се прерануат, како нас со крваф пот - тој јет наш брат и со него сне живејале и пак сакаме да живејме; ние не излегофне да колиме и да грабиме, да палиме и да крадиме - доста ни сет зулумите на безбројните деребеи по нашата сирота и окрвавена Македонија; ние не излегофне да порисјанчуваме и да бесчестиме вашите мјаки и сестри, жени и ќерки; требит да знајте оти вашио имот, вашио живот, вашата вера и вашата чес ни сет толку скапи, колку шчо ни сет скапи нашите. Анџак, за да си завардиме имото, живото, верата и честа, ние сне зеле пушка.
Ние не сне муртати на сфојата земја, шчо не родила, ние не сне арамии и јанкесеџии, а ревољуционери пот клетва да умриме за правото и за слободата; ние се бунтуваме протиф тиранијата и протиф ропството: ние се бориме и ќе се бориме протиф муртатите, протиф арамиите, протиф зулумќарите и јанкесеџите, протиф насилниците на нашата чес и на нашата вера и протиф тие шчо смучат нашата пот, и експлоатират нашио труд. От нас, и от нашите села да не се плашите - никому зијан не ќа сториме.
Ние не само ве имаме како сфои браќа, туку и ве жаљаме како сфои браќа, бидејќи разбираме оти и вие сте робје како нас, робје на царо и на царските бегој, ефендии и паши, робје на богатите и на силните, робје на насилниците и на зулумќарите, шчо ја запалија царшчината од четирите страни и шчо не натераа нас да дигниме глава за право, за слобода и за чоечки живот. За право, за слобода и за чоечки живот ве каниме и вас да дојдите заедно да водиме борба!
Елате, браќа мусљумани, при нас да тргниме протиф вашите и наши душмани! Елате под бајрако на “Афтономна Македонија”! Македонија јет заедничка наша мајка и викат за помош. Елате да скршиме синџирите на ропството, да се куртулиме от маки и страданија, и да пресушиме реките от крвој и солзи!
Елате при нас, браќа да си слејме душите и срцата и да се спасиме, та ние и нашата чељат и пречељат да живејат мирно, да си работат спокојно и да напредуат!...
Мили наши комшии! Како Турци, Арнаути и мусљумани, разбираме, вие се си мислите, оти царстфото јет ваше и оти вие не сте робје, шчом на царскио бајрак немат крст, а имат ѕвезда и месечина. Оти не јет така и оти грешите, вие брго ќе се сетите и ќа го разберите. Ама ако ви јет намуз да дојдите при нас и да се објавите протиф царската тиранија, ние, вашите по таткојна и по страданија браќа, немат да се докачиме и не ќа ве мразиме. Ние сами ќа се бориме и за нас и за вас, ако јет потребно, до еден ќа умриме пот бајрако за нашата и ваша слобода и за нашето и ваше право. “Слобода или смрт” јет писано на нашите чела и на нашио крваф бајрак. Ние веќе го дигнафне тој бајрак и немат враќање. Ако и вие не имате како ваши браќа и ни сакате доброто, ако есапите пак да живејте со нас, како шчо сте живејале до сега и ако сте верни и достојни синој на мајка Македонија, можите да ни поможите само со едно нешчо - а тоа јет голема помшт. да не се заортачите со душманите, да не дојдите со пушка протиф нас и да не прајте зулуми по рисјанските села!
Нека Господ Бог да благослојт светата борба за правото и слободата!
Нека сет живи борците за слободата и сите чесни и добри македонски синој!

Ура! За “Афтономна Македонија”!
 
Вечна им слава на сите оние кои ги посветија и положија животите за Македонија.
 
589px-IMRO_badge.JPG


СЛОБОДА ИЛИ СМРТ !
Ова е симбол на ВМРО а на овој ден се создал ТМОРО - ВМОРО не ВМРО само тоа сакав да кажам да нема забуни :D :D иначе то е тоа едното е наследник на другото :)
 
За многу години Македонци каде и да сте
 
Ова е симбол на ВМРО а на овој ден се создал ТМОРО - ВМОРО не ВМРО само тоа сакав да кажам да нема забуни :D :D иначе то е тоа едното е наследник на другото :)
Како и да е, нема врска со денешното вмро :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom