Мене ми е смешно речиси се што е поврзано со владата,од одењето на грујо..до позајмениот точак.
Да ми е смешно тоа што некој пишал дека националните херој ни се бугари треба да ми фали нешто во глава.
Ова не е хумор за владата,само вреѓање на Македонија пред секој национален празник,само за да се вклучите во кул групата на напредни луѓе..
Аман бе и смеењето ли стана кул денес

До сите „кул“ луѓе кој се смеете на национални празници ви скоцкав неколку правила кој ќе важат од 09.09.2011
Правила на смеење:
1. Можеш да се насмееш само во случај ако мнозинството се смее.
2. Се смееш благо без силни и нлагли потези
3. Додека се смееш погледнуваш на страна срамежливо кон тие околу тебе
4. Кога останатите ќе прекинат да се смеат, автоматски прекинуваш и ти
5. Забрането смеење на национални празници
6. Пред да почнеш да се смееш три пати се прекрстуваш во име на владатарот да ти ги прости гревовите.
7. Доколку неможеш да се воздржиш од смеа, автоматски се пријавуваш во поправно казнен дом каде добиваш лекции за патриотизмот, државните симболи и новата облека на гарнистите
8. Ако во главата ти се вртат филмови поврзани со власта тогаш се соблекуваш гол на плоштад и дозволуваш да ти удрат сто стапа по грб
9. Смеење на јавни места е забрането, под јавно место влегува и сопствениот стан
10. Предизвикување општа смеа е казниво дело и се третира исто како и да не знаеш кога му е роденден на владатарот со доживотно слушање лекции за патриотизмот, обичаите и инвестиционата политика на власта.