Часовници

Извонреден часовник.
Пишува Командирски, а оно маскирана Амфибија... ;)

Ова изгледа им е втора генерација од бејзелот, мојот е без рецките за секунди од 0 до 20. Поубав е вака.
 
Си доплатив за безел не оди со часовникот,сега уште нато кожена каишка и раат сум некое време,само кај нас нема такви.
 
Имам јас за продавање, и кожно каишче и обични нато... Ќе сликам вечер/утре кога ќе бидам дома. Да кажеме дека забегав со нарачки и изнакупив десетици каишчиња, и не ми требаат сите пошто поголемиот дел од нив не се ниеднаш носени. :)
 
Постирај некоја слика па ако има нешто што ми се допаѓа ќе се пазариме.
 
Има ли некаде кај нас да се најдат Руски часовници? И која цена се вака одприлика. Не ми се нарачува од нет. Вака по продавнициве немам начекано а сакам да си земам некој поевтин чисто за мерак.
 
Постирај некоја слика па ако има нешто што ми се допаѓа ќе се пазариме.

kaishcinja-1.jpg kaishcinja-2.jpg


Koжното каишче беше предвидено за Komandirskie K-35 кој беше земен за поклон, ама идниот (и сегашен) сопственик рече дека не сака кожни каишчиња и ми остана така. Штета пошто на тој часовник убаво иде кожно каишче (еве како би изгледал часовникот тогаш). На другите часовници не ми одговара каишчето, па си реков подобро да го продадам на некој што ќе го употребува. Платненото каишче ми е дупликат (трипликат уствари). А Восток бразлетната ја продавам пошто не љубам метални бразлетни.

Кожното каишче (и другите) ги давам без заработка, колку што ги имам платено (минус поштарината). Значи 20 долари (во денарска противвредност). Купено е од тука: https://www.cheapestnatostraps.com/...er-ss-zulu-strap-dark-brown?variant=275776946
Црното платнено каишче, 10 долари.
Восток бразлетната, 15 долари

Meталната нараквица е фабричка од Восток, неодвиткана од фабричкиот целофан, комплет со првите линкови и би требало физички да пасува на секој часовник со 22мм простор за каишче.
Еве како изгледа ставена на часовник:
1597402114587.png
Автоматски споено мислење:

Има ли некаде кај нас да се најдат Руски часовници? И која цена се вака одприлика. Не ми се нарачува од нет. Вака по продавнициве немам начекано а сакам да си земам некој поевтин чисто за мерак.
Наводно ги имало по некои продавници во Скопје (извини што не знам кои), но цените биле такви да ќе посакаш да нарачаш од нет. :)
Препорака за Мераном, добра продавница. Или ако инсистираш на Ибеј, нарачај од Зенит продавачот.
 
Последно уредено:
Востокот отиде до пријател да го провери на машина и добри вести брз е за 3 секунди што мислам дека е доста добро.
 
Добро??
Одлично е. Има Ролекси со поголем офсет... :)
 
И двајцата се чудевме,3 пати го тестира да се осигура.
 
Tи се погодил, знаат да имаат офсет од 30 секунди па и повеќе. Но за среќа едноставно им е решено подесувањето, не мора да си часовничар за да го подесиш офсетот.
 
Дечки, нарачав Seiko SNK809 часовник од нет. Бидејќи сум мераклија на атоматици, а го нарачав на слепо, вреди ли часовников за 75 евра?
 
Дечки, нарачав Seiko SNK809 часовник од нет. Бидејќи сум мераклија на атоматици, а го нарачав на слепо, вреди ли часовников за 75 евра?

Според мене дефинитивно да.
 
Убава цена за убав часовник, дефинитивно добра вредност за парите.
Која боја на бројчаникот ја одбра? :)
Seiko SNK809K2, К2 значи црна?
Автоматски споено мислење:

Иначе, читав сеа на нет, механизмот за парите е многу добар и reliable, искрено сакав да купам нешто поскапо, скелетон, ама пошто нема многу избор, а и тоа што е поквалитетно е доста скапо, се одлучив за Сеикото.
 
Црна треба да е, а за „скелетните“ нема да коментирам - тоа веќе е работа на вкус. Убав часовник си е овој, не си се заебал. :)

Инаку ги фалат и треба да се поуздани часовници, само пази дека сепак се работи за dress watch, не е тоа часовник за работење со него. Ова во случај да не си некој што работи во канцеларија и слично, а часовникот да го планираш за секојдневно носење.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom