Часовници

Дали има некој искуство со купување на часовници од jomashop, и дали би се царинел производот ?
 
Веќе подолго време имам мерак за џебен часовник. Ме интересира дали и каде можам да најдам некоја солидна марка до 100-120 евра?
 
Што мислите за Royal London часовниците? Немам преголем буџет а еден од нив навистина ми се допадна па би сакал да го земам меѓутоа не можам да го најдам тој модел на нивната страна па се плашам да не е „фејк“ ?
 
Јас купив еден модел пред месец дена и што можам да видам дека е солиден квалитет.

Мене клучно ми беше да е водоодпорен,а да излгеда класично и во глобала или многу се скапи во Македонија тие модели или преку интернет со царини и патни трошоци излегуваат ѓавол ипол.

Фосфорот е доста добар донекаде и подобар од тој што го ставаат на Police и часовници од тој ранг тоа можев да го споредам со часовникот на еден другар за мене битниот дел 200м водоодпорност што значи круната десно се штрафи не се директно вади и колку можев го тестирав со туширање,пливање и слично добро издржа јас сум задоволен.

Овој модел кошта 7,900 денари или така нешто но истиот другар има попуст во Мy-Time од 30% со што ми излезе значително поефтин.

Планирав да зимам Casio Duro во моментот кога го барав по Ebay ми излегуваше 4500 денари и царина ќе излезеше скоро иста цена како овој.

15492.jpg

Се надевам дека ти помогнав.
 
Прегледај го приврзокот 196312

Се надевам дека ти помогнав.
Си го земав моделот што ми се допаѓаше и што можев да си го дозволам 4300 ама некако ми е многу чуден за минутите некаде има 3 црти а некаде 4 но претпоставувам дека тоа нема никаква врска(немам воопшто познавање за квалитет на часовници).

41292-02-1426772212-1926.jpg
 
Препорачајте машки часовник до 6000ден.
 
Последно уредено од модератор:
Некој мислење/совет?
Може и нешто повеќе од 100 евра.
Мислење за Casio Edifice?
 
Мислење за Casio ltp-v300d-7a

Според димензиите 38×33.2×8.2mm
само оваа големина и одговара на раката.
Мора да е со класичен изглед и да нема циркони и слични глупости. Може и некој друг модел да ми предложите.

LTP-V300D-7A-3-1.jpg
 
Има некаде во МКД мајстор што ќе знае правилно да го смени лицето и сказалките на Восток часовник ?

Од тоа што гледав по интернет не делува комплицирано туку многу досадно правилно да се синхронизираат сказалките со датумот и точно да се менува,а не порано или покасно.

Се решив нов часовник да земам Восток Амфибија 110 така што планирам лицето и сказалките да ги сменам има на EBAY нови кои на нив има ставено суперлуминова така што се кога ќе се смени и ќе го регулирам крајниот резултат ќе ме кошта околу 150 евра и ќе имам часовник кој ќе ги има карактеристиките на многу поскап часовник.
 
Добар издржлив спортски часовник со тајмер/штоперица и слично?
 
g-shock dw5600bb
го имам веќе неколку месеци и сум задоволен од него, а и многу си го сакам <3 :)

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom