CeBIT

  • Креатор на темата Креатор на темата deXterche
  • Време на започнување Време на започнување

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
Возраст
39
Локација
@home
Незнаев точно кај да ја сместам оваа тема, па овде ми беше некако најзгодоно.
Инаку CeBIT е најголемиот саем за компјутерска техника во светот. Се одржува во Хановер, Германија, а отварањето е на 9 а трае до 15 март. Кажете нешто повеќе за него, дали бил некој од вас таму? Јас планирав оваа година да одам ама поради финансиски причини (ми требаа 1000евра најмалце) одложив за другата година, здравје.

http://www.cebit.com
 
Бев таму во 2002 година. Хановер е убав град, а живнува максимално за време на Цебит.

На самиот саем нема што нема од технологија, кога јас бев таму имаше полни 24 хали, од кои халите 1 и 2 беа со големина колку нашиот Скопски Саем (цел). Презентациите се движат од непостоечки (на мали тајвански фирмички кои се пикнале во простор од еден квадратен метар и шиткаат опрема како драгстор), до велелепни - со танчери, холограми.. HP дури имаше довлечкано и гудачки квартет, EMC имаше поставено цела Storage лабораторија, Microsoft самиот имаше зафатено половина хала. Што е најинтересно - сите презентациски материјали ма Microsoft (кај другите не беше случај) - беа на германски! Тотално ништо на англиски!

Нормално, храната е оскудна и скапа, затоа кој што мисли да влезе - нека се најаде претходно. А кафето е баснословно скапо.
 
Вреди да се појде специјално само за саемот? Зш ти си бил, па вака совет еден? (зш не е евтино)
 
Доживљајот е голем. Ако одиш, остани сите 5-6 дена колку што трае. Најубаво е ако успееш да склопиш контакти, познанства, да се замешаш, да слушаш презентации. Да си земеш распоред од презентациите и да видиш што ќе слушаш, што не.

Во секој случај, вреди да се оди. Само, ако очекуваш премногу - може да се разочараш. Секоја година се врти муабетот дека „еј, минатите години беше подобро...” Треба да знаеш што бараш. Ако имаш шанса да одиш, оди.
 
Јас бев како новинар и би ти препорачал ако можеш и ти да отидеш со таква акредитација,не за друго имаш пристап до прес центарот каде можеш да си земеш еден куп каталози,имаш лаптоп со интернет конекција,да се напиеш кафе па и одмориш.Инаку саемот како саем е огромен јас све мислам дека имаше негде 33 хали и за 4 дена колку што бев таму не успеав сите да ги ишетам.Значи ти треба кондиција лошо беше што сместувањето е малку далеку од саемот па треба да патуваш секој ден.Исхрана немој да си јадел на саемот пошто е скапо.Ќе забораев ноќниот живот беше тапа
 
А има некоја агенција каја што организира групно идење или нема? Ме интересира онака чисто информативно. Сега нема шанси да отидам, ај можда понатака
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom