Cashmere Mafia

  • Креатор на темата Креатор на темата јовица11
  • Време на започнување Време на започнување
Ј

јовица11

Гостин
Од вечерва (12.01) на хрватската Нова тв,започнува американската мини серија,Кашмир мафија,која многумина ја споредуваат со мега популарната "Сексот и градот",што поради тоа што зад двете серии стој истиот продуцент Дарен Стар,што поради фактот дека повторно на улиците на Менхетен парадираат нови,успешни и гламурозни кариеристки,облечени во Маноло Бланик чевли.Лидер во серијата е холивудската дива,Луси Лу,но и покрај споредбите со гореспоменатата хит серија,и покрај интригантното сценарио,КМ наиде на нож кај публиката,при што беше тргната од етерот по нешто повеќе од месец дена од пилот прикажувањето.
070424-lucy.jpg

cashmere_mafia_group_table.jpg

 
Од горенапишаното, осеќам дека ќе биде многу слично на Сексот и Градот, 4 главни ликови (другарки), дејствие во Менхетн, Маноло Бланик чевли, ми мириса на чиста копија. Од друга страна, пак, може да биде интересно за тепање време, и онака сакам од време на време да си гледам вакви лесни серии, па и да пропуштиш некоја епизода нема многу да изгубиш, се знае како ќе заврши на крај. А во колку саат ќе биде?
 
На Нова ќе оди секој понеделник во 21:45
Инаку серијата има 7 епизоди
 
На Нова ќе оди секој понеделник во 21:45
Инаку серијата има 7 епизоди
7 епизоди?! Тоа веќе како филм ќе му дојде. Сега сериине ги прават по икс сезони со по икс епизоди.
 
Штознам, мене Сексот и градот кога не ме воодушеви којзнае колку, не очекувам ни оваа серија(Been there done that што се вели). Ама сепак ќе погледам 1-2 епизоди чисто онака, да си знам дека сум бил во право. :)
 
Не ги догледав ни тие 7 епизоди зашто беа досадни.
 
Јас само прва епизода имам гледано, што знам не е лоша серијата, но ќе се обидам да ја следам секој понеделник :pipi:
 
Ова е имитација на ''Sex and the City''. Не знам, ќе видиме каква ќе биде серијава, какви сцени ќе има и какви муабети ќе се вртат ... :):)
 
Фрлив око првите 10 минути и се откажав...Страшно лоша серија.
 
Јас ги имам изгледано сите 7 епизоди и баш ми се допадна,ни најмалку не е слично со sex and the city
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom