- Член од
- 3 ноември 2008
- Мислења
- 3.169
- Поени од реакции
- 1.333
Буш не патува во Швајцарија за да не го уапсат
Бившиот американски претседател Џорџ Буш откажа патување во Швајцарија од страв да го уапсат за мачење затвореници, соопштија организации за заштита на човековите права
Буш на 12 февруари во Женева требаше да одржи говор за една еврејска хуманитарна организација, но го откажа патувањето откако поборниците за човекови права побараа од властите да го уапсат и да поведат кривична истрага штом ќе стапне на швајцарска територија. Организациите како Хјуман рајтс воч и Меѓународната федерација за човекови права го обвинуваат Буш за мачење осомничени терористи во Гвантанамо, нагласувајќи дека тој неколкупати признал оти наредил употреба на нехумани постапки на испрашување (како вотербординг или симулирано давење), кое многумина го сметаат за мачење, јави Ројтерс.
Организаторите тврдат дека Буш го откажал патувањето од безбедносни причини откако левичарски групи најавиле протести и ги повикале учесниците да земат по еден чевел, алудирајќи на инцидентот од 2008 година кога ирачки новинар го гаѓаше со чевел на прес-конференција во Багдад.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=271179495&id=11&prilog=0&setIzdanie=22200