Бургер Kинг доаѓа во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
И пак сеа со муабети за цената ако излезам од маркет. Господе боже. Пред некој ден не требаше да принтам еден текст 15 листа потрошив и боја отиде секако и струја со принтерот. Вкупно околу 50 денари ме коштало сигурно. Е да не ги принтав, да си го напишев рачно 50 денари ќе заштедев и утре у маркет ќе купев леб, и задутре и 2 дена нема гладен да сум. АМАН !!

Со мој пари јадам кај што ми е убаво, а не за да се курчам. Така да ако сакам ќе дадам 300 денари за да јадам у БК, ако сакам ќе јадам у стоилко помфритче од 30 денари и да ми останат 270, а ако сакам ќе додадам уште 5000 за да јадам у Воденица. Мој пари, мој вкус. Не наметнувај свои лични мислења.

Како што си кажа секој си знае до кај може да си ги пружи нозете и тоа е тоа. Кажавте дека не ви е вкусно и скапо, остајте другите да се изјаснат, а не да наметнувате ставови.
 
Ти одговорија горе, на што ти иако свати дека луѓето различно ги ценат парите, потвторно одоговори во стилот,

Пошо еве не можам да сфатам е како ви вреди за парите тоа што го купувате, кога ќе се направи споредба со други сосем пристојни сендвичари низ градов. Ете тоа не ми е јасно, како ви се даваат парите
 
Е да, во Burger King пеперутки слетуваат а во позадина оди некоја мелодија од Шопен.
Настрана хигената во рестораните која не ни е тема на разговор моментално , за 300 денари колку што е еден оброк можеш да седнеш во било која маалска кафана, да се најадиш ко човек, салатче, мезе ово оно и кусур да ти остане.
Добро, ај сеа иди у кафана и остај не нас да се гушиме у гаднава храна.
 
Колку пари е еден Whopper оброк во Бургер кинг?
 
На мала врата прават дигање на цените. Полека и другите ќе ги дигнат.
 
Гледам сте почнале да фрлате дрва и камења за цената во БК.
Јас ќе фрлам дрва и камења за квалитетот на шејкот во БК. Синоќа пред да идам у кино скокнав до БК на шејк од јагода, буквално еден од најлошите у мој живот, ако не и најлош.
 
Шејкови пијам во Мек Доналдс. Кога одам за Софија најчесто таму.
 
Блазе си ти. Во Американа е се поинаку.
 
Знаејќи ја лошата состојба на вработеноста на младите во Македонија и слабата куповна моќ на тие што се вработени за просечна македонска плата не ми се верува дека одите во вакви ресторани и плаќате 300 денари за оброк во БК или 1000 денари за 2 фамилијарни пици во Доминос и по некое шише сок. Кога просечната плата е околу да речеме 12-15 000 денари според економистите на форумов, да дадете 5-10% од вашиот месечен приход за една вечер за нискоквалитетна храна е рамно на лудило. Ви продаваат храна со ексклузивитет демек еве дојдовме, ние сме нови компании на пазарот и сме ин, па ви наплаќаат западни цени со балкански стандард. БК, Мекдоналдс, Доминос, КФЦ на запад се купуваат или кога немате многу пари а не ви се готви, или сакате нешто евтино и гадно кога сте пијани или не ви се чека многу. Не е проблем на запад да се платат 300 денари за БК, кога парите се заработуваат за пола саат работа. Ама толку пари, и замислете пример еднаш неделно. Некако не излегува математиката...

Пиците во Доминос се полни со адитиви кои се штетни по здравјето, а и цените им се ненормални, има пицерии као што се Јакомо, Мамма миа, и др, кои се со достава и се поефтини.
 
Ај дека не можеш на уште една тема да го пишеш ова.
 
Од локални сендвичари никад неам купено ама баш ништо грдо ми изгледа, од БК еднаш пробав и не ми се допадна, единствено од Mc Donalds можам да кажам дека многу повкусна беше храната и додека имаше кај нас често знаев да земам од оброците само што е ултра нездрава храна друг муабет тоа :/// но нема повеќе кај нас мк доналдс така што исхраната сега ми е сведена само на здрави продукти :D евентуално по некоја пица, тестенини а за сендвичи и сл. едно големо: НЕ и од Goodies еднаш пробав чисто за проценка чикен криспс, не ми се свиѓа уопште.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom