Abe vo Bundesligata sudiite ke vi pomagaat ama vo Evropa potesko malce. Spremi se.
Ако збориш стрикно за утакмицава, судијата иако имаше некои грешки, не влијаеше на резултатот. Пеналот беше чист, Хумелс иако не играче намерно со рака, можда не ја ни виде топката, му ја тргна од нога топката на Милер мислам беше. На тоа додади дека раката беше во тотално неприродна позиција. Ситуацијата предходно, кога мислам Ројс беше фаулиран во шеснаесетник, делуваше ко пенал, али предходно Халанд беше во офсајд, така да и да го досудеше тоа ќе го вратеа офсајдот со ВАР.
Хумел е криминал, не е веќе за ова ниво. Дортмунд со години наназад имаат страшен проблем со повреди. Во секој момент имаат по 10-тина повредени играчи, а не делува и дека нешто преземаат околу тоа. Не е нормално толку повреди да има, нешто не им штима во процесот на работа. Константно назадува Дортмунд, последниве години, наместо да напредува и да крева ниво. Во Европа се небитни, веќе и групите им се тешки за поминување, со Спортинг и Бешикташ во нив. Лошо, а управата нема гајле. Им треба еден рестарт. Загаду аут, цело време е повреден. Хумелс аут, веќе не е за тоа ниво. Дахуд, тотален промашај, Шулц промашен, Шмелцер пензионер веќе, повреден нон стоп, Брант не е ништо посебно, Мален исто, просек. Едини кои нешто вредат како играчи во тимов се Халанд, Ројс, Белингам, Гереро, Витсел. Реина, Хазард, Џан, до некаде.