shumecha.tableta
Модератор
- Член од
- 26 декември 2013
- Мислења
- 3.320
- Поени од реакции
- 17.764
Не знам во превод како би дошло, табли потсетници - споменари табли? Не знам. Небитно.
Дали имате ваков вид на таблички? За што ги користите? Дали можеби за накит, to do list, мотивациски пораки, споменар или? И доколку немате, дали би направиле?
Еве, јас да си одговорам на поставените прашања. Мојата ја направив пред две/три години. Имаше во Џамбо готови, но некако не ми правеа мерак, беа премногу едноставни и „досадни“. Затоа јас си направив една лична моја табличка. Си купив посебен материјал, со којшто ја обвиткав морската пена и ја заковав за ѕид. Мене ми прави ептен мерак. Бидејќи на некој начин ме отсликува мене. Џиџанка е таква, разиграна. Има некои интересни quotes, слики, карти од театар, кино, некои концерти... што ми будат убави сеќавања. Понекогаш запишувам и датуми на коишто сум имала некои обврски. Си сошив минијатурни „перничиња“ во форма за срце и нив ги закачив. Речиси и да нема празен простор на неа. Иако во последно време не и' обрнувам толку многу внимание, како на почетокот. Треба да jа обновам. Но, доколку се случи тоа, ќе опнам тука една слика.
Еве неколку слики, што ги најдов на интернет.