Бугарско предавство на Делчев

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
635
Трагите од предавството на Делчев уште постојат Убиството на апостолот на македонското револуционерно движење било смислено предавство за негова елиминација, смета Михајло Миновски, историчар, кој направил обемно истражување на овој настан
3_1_17.jpg


Убиството на апостолот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев не било сплет на околности, туку смислено предавство за негова физичка елиминација, смета Михајло Миновски, историчар, кој направил обемно истражувања на овој настан. Тој тврди дека постојат низа пишани документи што укажуваат дека ликвидацијата на Делчев на 4 мај 1903 година во село Баница, Серско, била инспирирана од Врховниот македонски комитет од Софија.

* Во историографијата не е се' уште расчистено дали убиството на Делчев е резултат на добрата акција на силите на Османлиската држава или на предавството?

- Индициите дека е извршено предавство долго не можеа да добијат соодветна потврда, главно, поради недостигот од докази. Но, во бугарскиот Централен државен историски архив, најдовме неколку извештаи на Бугарското трговско агентство во Сер, кои укажуваат на континуираното дејствување на бугарскиот фактор и на експонентскиот Врховен македонски комитет во Софија за елиминација на Делчев. Македонска револуционерна организација под раководството на Делчев за само неколку години стана масовно национално-ослободително движење. Тоа не им одговараше на владејачките кругови во бугарското кнежевство. Било примено како директно загрозување на големобугарските претензии кон нашата земја. Токму тогашниот претседател на бугарската влада Константин Стоилов им упатил инструкција на бугарските трговски агенти во Османлиското Царство „да го знаат дејствувањето на таа Организација и да постигнат такво влијание за таа да не може да прави ништо што е спротивно со гледиштето на бугарската влада“.

* Кој бил преломниот момент во планот за елиминацијата на Делчев?

- Како што е познато, Делчев категорично се спротивставувал на кревањето на востанието во 1903 година. Сметал дека не се поволни околностите - од расположението на европските сили до степенот на вооружувањето на борците. И бил во право. Наспроти ова, бугарските врховистички елементи, кои имаа стратегија за инфилтрација во Организацијата, му даваат задача на Иван Гарванов, Бугарин од Стара Загора, што побргу да ја наметне одлуката за кревањето на востанието. Се очекувало османлиската војска најжестоко да се пресмета со македонските востаници. Со тоа, истовремено, би се убил секаков стремеж кај македонскиот народ за создавање самостојна македонска држава, а ослободувањето би се очекувало од бугарското кнежевство. Таквата одлука за кревањето на востанието била донесена на јануарскиот конгрес во Солун. Врховистите стравувале дека Делчев, со својот авторитет, може да издејствува да се поништи решението за востание напролет. Затоа било потребно физички да се елиминира. Не сакаленепосредно да се ангажираат во ликвидацијата за да немало негативни последици по врховизмот. Бил воспоставен систем на перманентно следење на Делчев од врховистичките елементи, дојавување на неговото престојувалиште во Баница и конечната пресметка.

* Може ли да се каже конкретно кој е предавникот?

- Тајната за предавството на Делчев и за директната вмешаност на бугарската влада
и на кнежевскиот двор била разоткриена по само неколку месеци од задушувањето на Илинденското востание. Непосредни актери биле тогашниот министер Паприков и агентот Кулишев, кои непосредно влијаеле на Солунскиот конгрес да се донесе одлука за предвременото востание. Тоа било утврдено на Собранието на раководителите на МРО одржано во почетокот на 1904 година. Водечките личности на МРО се изјасниле дека Бугарија со својата политика била и останала главен виновник за трагедијата на македонскиот народ. Тогаш биле констатирани и основани индиции за непосредната вмешаност на инфилтрираните врховисти и за предавството на Делчев. Раководствата на Серскиот и на Драмскиот револуционерен округ биле задолжени да преземат мерки за утврдувањето на предавството на Делчев. На терен биле упатени неколку вооружени чети, меѓу кои и четата на Георги Радев. Таа чета жестоко ги казнила тие за кои се утврдило дека го предале Делчев. Селаните од Баница Марин Георгакиев и Коста Маџаров биле застрелани, првиот на местото на загинувањето на Гоце Делчев, а другиот на неговиот гроб.Има и други верзии за тоа кој го извршил предавството. Британскиот конзул од Серес, Теодоридес, во извештајот напишал дека на 4 мај во близина на Баница бил уапсен учител врз чиј исказ било блокирано селото. Францускиот конзулски агент, пак, тврди дека предавството го извршил неидентификуван селанец. Тоа го објавил и Пеју Јаворов, близок соработник на Делчев, кој ја дал и втората верзија според која предавството го направил „учител Андреј“. Даме Груев, пак, во своите спомени посочува дека предавникот бил некој благајник. Тврдењето на Ѓорче Петров за можно непосредно учество на Иван Гарванов во тоа останува недокажано. Бугарските историчари загинувањето на Делчев го претставуваат како сплет на несреќни околности.
 
Жално.
И кој спечали од тоа предавство ?
Грција.
Голем зулум врз Македонците се правело и се прави, голем зулум.
 
И кој спечали од тоа предавство ?
Грција.

екскјуземоа??? кој дел од текстот е со црвени букви....

Бугарите го издадоа, Грците покажаа со прстот Турцитре го убија....КОЈ СПЕЧАЛИ

БУГАРИЈА, ГРЦИЈА И СРБИЈА
 
екскјуземоа??? кој дел од текстот е со црвени букви....

Бугарите го издадоа, Грците покажаа со прстот Турцитре го убија....КОЈ СПЕЧАЛИ

БУГАРИЈА, ГРЦИЈА И СРБИЈА


Демек, работило се е в неверојатен синхрон. Значи п'рво е докладвано на б'лгарското правителсвто, тија са реагирали моментално и са информирали г'рците, които на свој ред са показали точното место на турската армија?! Др'н, др'н...:nenene:

И да ревеш до небесата и да пускаш кьор фишеци е јасно, дека Гоце е предаден от местен човек, а каков е тоја човек, нјама как да разберем.

ПП - Какво стана с ПАРАВОЕННИОТ ПОХОД, бе мошеник?
 
Македонцки пак сее омраза по форума. След като се разправи с паравоениа поход сега е ред да заштити Делчев от лошите бугари.
 
Македонцки пак сее омраза по форума. След като се разправи с паравоениа поход сега е ред да заштити Делчев от лошите бугари.
а вие пилиња ни на мравка не газите...
 
ПП - Какво стана с ПАРАВОЕННИОТ ПОХОД, бе мошеник?
Шо стана. Топореше се, па сега кути како ***** в нови гаки. Тиа са jунаци само пред мониторо. Притесних се дека се изкуби момчето, оти сметам дека е арен човек, а само се прави на лош. И шо стана. Нито знамена веаха, нито провокации имаше от страна на татарите.:)
 
Македонцки тебе треба да ти дадат награда за историски откритија и да ти дадат да ја напишеш вистинската Македонска историја.
 
Па на сите е јасно дека Делчев беше против тоа проклето востание со кое се дотолча моралот на Македонците за своја држава во тоа време.

Затоа и ние Македонците и не треба многу многу по мене да го славиме тоа востание, т.е. тој пораз на Македонското дело поттикнат од туѓите пропаганди, а најмногу од Грција. Грците преку најглупиот народ на Балканот т.е. Бугарите, го поттикнаа востанието за подоцна побрзо да го загушат преку Турција. Да ги уништат Македонските комити се со цел да не се организираат со време во некоја организирана армија која во дадениот историски момент би ја ослободила Македонија и главниот град Солун во една нова независна и најјака држава на Балканот. Меѓутоа грците преку нивните кралеви и кралици врзани со сите од Русите, преку Германците до Англичаните, не нахушкаа нас сами да им ја завршиме нивната работа. Затоа што да не пропаднеше востанието и да продолжеше екипирањето на четите и омасовувањето којзнае со каква сила ќе се судреше ,,храбрата,, грчка војска која ниту една битка во историјата нема добиено.

Сите самосвесни Македонски патриоти од тоа време беа против ова востание
од Гоце, преку Ѓорче, Јане, Пере Тошев, Карев, Петар Поп-Арсов, и ред други кои знаеја каде лежи зајакот.
 
Vidi, vistina e se sto e kazano. Osven edna, kade se tvrdi deka bugarite se najglupiot narod. Ne, tie se gnasi, ama nie sme najglupi, oti povtorno, kako niz vekovite, taka i sega, gi povtoruvame greskite koi ne obezlicuvaat kako narod, drzava i entitet.

Preku Kiro, Branko, Ljubco, Hari, Bucko, Gvujo, se predavnik do predavnik i antimakedonec, a na vlast so nas amin.

Па на сите е јасно дека Делчев беше против тоа проклето востание со кое се дотолча моралот на Македонците за своја држава во тоа време.

Затоа и ние Македонците и не треба многу многу по мене да го славиме тоа востание, т.е. тој пораз на Македонското дело поттикнат од туѓите пропаганди, а најмногу од Грција. Грците преку најглупиот народ на Балканот т.е. Бугарите, го поттикнаа востанието за подоцна побрзо да го загушат преку Турција. Да ги уништат Македонските комити се со цел да не се организираат со време во некоја организирана армија која во дадениот историски момент би ја ослободила Македонија и главниот град Солун во една нова независна и најјака држава на Балканот. Меѓутоа грците преку нивните кралеви и кралици врзани со сите од Русите, преку Германците до Англичаните, не нахушкаа нас сами да им ја завршиме нивната работа. Затоа што да не пропаднеше востанието и да продолжеше екипирањето на четите и омасовувањето којзнае со каква сила ќе се судреше ,,храбрата,, грчка војска која ниту една битка во историјата нема добиено.

Сите самосвесни Македонски патриоти од тоа време беа против ова востание
од Гоце, преку Ѓорче, Јане, Пере Тошев, Карев, Петар Поп-Арсов, и ред други кои знаеја каде лежи зајакот.

Boldiraniot mi e pradedo.
 
Ха,ха,ха..
Пет'р Наумов Тошев/Пере Тошев/ прадедо на Гарфилд не вервам!!!
От сите администратори Гарфилд е нај-големиот бугарумразец а то што било, прадедо му бил бугарин.
Пере Тошев участва в с'единението на Кнјажество Б'лгарија и Източна Румелија. Като доброволец в Блгарската армија участва Србско-Блгарската војна и получава орден за храброст.
Инспектор е на блгарските училишта в Македонија.
Неговите племеници д-р Светлозар Тошев и сина му Николај Тошев живејат в Блгарија и са борци за запазване на блгарштината в Македонија.

Требваше да избереш некој по непознат за да се кичеш с неговото име:nenene:
 
Definitivno ubistvoto na Goce NE E SLUCAJNOST, tuku rezultat na intenzivnoto angaziranje da se unisti Makedonskata nacionalna kauza.....
...na nasa zalost uspesno.....i toa trae do den denesen na se poperfiden nacin. Direktni akteri: Bugarija,Grcija i Srbija, vo denesno vreme i Albanija..site so svoite mentori, kako masi na borbata bas na tie mentori za prevlast vo mnogu strateskiot prostor na Makedonija.....
Kolku pak realno Goce bi bil faktor na promena na istorijata...toa e rabota na spekuliranje, posebno sto gorenavedenite "pravoslavci" temelno likvidirale i kupuvale...se sto ima bilo kakov Makedonski predznak i misla...do den denesen....
 
dzabe im e na site sosedi i nivnata politika ....Makedonecot e pirej
 
dzabe im e na site sosedi i nivnata politika ....Makedonecot e pirej

Do koga be firewall pirej ke glumime i ke se tesime... :) znae li voopsto nekoj za sto moze da se koristi toa rastenie...osven sto site go trebat, zosto im preci...?????....
daj izmislete nekoja poelegantno opravduvanje... za nastata katastrofalna NESPOSOBNOST...:)
 
Back
На врв Bottom