Soreno
Big Brother
- Член од
- 14 јануари 2009
- Мислења
- 530
- Поени од реакции
- 19
И покрај, Бугарија до ден денес остана најпријателска и најпроруска држава меѓу соседите на Русија, оценува рускиот писател Анатолиј Королов во коментар посветен на одбележувањето на "Годината на Бугарија" во Русија. Според Королов, Софија претставува "химна на руската победа над Турците и на ослободувањето на Бугарите од 500-годишното османлиско ропство. Покрај спомениците посветени на ослободителната Руско-турска војна, во Бугарија мирно стојат и монументите од советската епоха, како што е пловдивскиот споменик кого народот од љубов го нарекува "Аљоша", наведува Королов.
Тој смета дека во Бугарија е невозможно да се повтори случајот од Естонија, каде неодамна беше дислоциран споменикот посветен на советските војници. "Половина од луѓето по бугарските улици весело разговараат на руски со еден патеписец од Москва. Руски знаат сите продавачи, дури и најмладите. Бројот на оние кои сакаат да научат руски драстично пораснал на 200.000", наведува Королов, додавајќи дека рускиот јазик е на второто место на листата на приоритетни јазици на бугарската младина.
Рускиот писател оценува дека еуфоријата од "новите времиња што ја потресоа Бугарија" веќе е минато. Королов, кој во Русија важи за "татко на рускиот постмодернизам", е автор на над десет книги и голем број есеи и радиодрами. Светска слава му донесе романот "Главата на Гогољ", за кој ја доби и италијанската книжевна награда "Пене".