- Член од
- 15 февруари 2007
- Мислења
- 114
- Поени од реакции
- 0
Мислам дека таа вест е поврзана со етничка свест и припадност, пропаганда, политика.
Бугарија ќе отвори музеј на Ванѓа
Бугарската влада реши да отвори музеј, посветен на познатата пророчица Ванѓа, извести бугарската радиомрежа „Дарик“.
Музејот ќе биде во градот Петрич, каде што Ванѓа мина најголем дел од животот. Бугарската влада соопшти во четвртокот дека ќе подари еден општински објект за дом на идниот музеј, во кој ќе бидат изложени предмети што и припаѓале на Ванѓа, како и многу фотографии.
По смртта на Ванѓа на 11 август 1996 година, бил пронајден нејзиниот тестамент, во кој таа вели дека ги подарува сиот нејзин имот, предмети, банковни сметки и скапоцености на државата. Во него е изразена и желба нејзиниот дом да стане музеј.
Ванѓа е родена како Вангелија Гуштерова во Струмица во 1911 година. На 12-годишна возраст го загубила видот кога силен ветер и ги извалкал очите со прав и со песок, па се појавила инфекција која на крајот довела до слепило. Подоцна се омажила во Бугарија, каде што почнала да им гледа на луѓето во текот на Втората светска војна.
Тврдела дека јасновидските моќи ги црпи од древниот град длабоко под месноста Рупите, близу Петрич. Во социјализмот во одредени период и било забрането да им гледа на луѓето, но во поголемиот дел од времето државата и прогледувала низ прсти или дури и и давала логистичка помош.
Бугарските медиуми проценуваат дека низ нејзината скромна собичка во Петрич минале околу еден милион луѓе, меѓу кои имало светски познати поети, актери, политичари, воени лица и обични луѓе - и Бугари и странци.
http://www.spic.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=244&ArticleID=11358
Слики од комплексот на Ванѓа во месноста Рупите каj Петрич:
Интериорот на викендицата на Ванѓа:
Викендицата на Ванѓа:
Црквата "Св. Петка Бугарска", изградена од Ванѓа:
Гробот на Ванѓа во дворот на истата црква: