Бугарија ќе им плаќа на бабите и дедовците за чување внуци

  • Креатор на темата Креатор на темата vone
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Локација
Тука негде наоколу
Бидејки мајките се занимаваат со високо доходовна дејност низ земјите на ЕУ ........



Бугарија ќе им плаќа на бабите и дедовците за чување внуци
Софија /30/12/ 12:17


Бугарија од 1 јануари ќе воведе плати за баби и дедовци кои ги чуваат своите внуци со цел да се придонесе кон подобрување на наталитетот што е најнизок меѓу државите на Европската унија (ЕУ).

Бабите или дедовците кои ги чуваат своите внуци, од наредната година, ќе може да примаат дополнителна сума на ниво на минимална плата од 240 лева (120 евра) до третата година од староста на детето.

Бугарија имаше најниска стапка на наталитетот во ЕУ од минус пет промили за 2007 година, според податоците на европската статистичка агенција Евростат.

Таа веќе презеде серија мерки да го поттикне наталитетот, вклучително и воведување на најдолго породилно боледување во ЕУ од 45 недели, која мајката добива 90 проценти од платата.

Татковците, исто така, се поттикнуваат да земат отсуство за чување на детето кое и за нив е платено.

Владата, од минатата година, ги презеде обврските на лицата кои ги чуваат децата, на ниво на минимална плата, до вториот роденден на детето.

http://www.makfax.com.mk/look/novin...n=2&NrArticle=136780&NrIssue=860&NrSection=20
 
Една политика на владата,за коja сум ЗА.Така или иначи бабити и дедовците гледат голем процент от децата,па поне да им се дава плата.Така ке им се осигурат и допалнителни пари ком пензиите.Вместо да одат во децки градини уште мали, да си ги чуват бабите.Ке бидат поздрави,ке са наjaдени шо сакат,ке са зодоволени на 100%.Сите знаеме какви са бабите и дедовците на Балкан.За внуците си и душата си дават.Да са ни живи и здрави.
 
Добра одлука, кога веќе Славјаните си ја напуштија филозофијата на живот што ја имаа со милениуми и се фатија со западњаците на орото.

Пензионерите се најмногу погодени во Бугарија а и наталитетот е на последно место.
 
.
Бугарија имаше најниска стапка на наталитетот во ЕУ од минус пет промили за 2007 година, според податоците на европската статистичка агенција Евростат.

Това не е вјарно:

eupopul.jpg


В Б'лгарија раждаемостта/наталитет (birth rate) не е нај-ниска, Германија, Австрија и Малта имат по-ниска раждаемост, но в Б'лгарија има висока см'ртност(death rate) и затова има отрицателен "естествен прираст"(population growth rate).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom