Оваа мала интимна исповед на една редовна читателка на ВЕЧЕР, не иницираше да го свртиме бројот на телефонот за да дознаеме нешто повеќе за софистицираните уреди-бубачки за прислушување
"Го фатив жив, со швалерка в кревет! Го прочитав огласот во вашиот весник дека за 250 денари се продава буба-шпион за прислушување на простории, ја нарачав, ја ставив во вазната до телефонот и го слушнав како договара љубовен состанок. Го следев и ете, моето сомневање дека има друга жена, ти било вистина.
Го избркав од дома и веднаш поднесов бракоразводна парница. Сега сум скршена ама истовремено и задоволна што конечно ја дознав вистината, па сакав преку Вечер бидејќи од вас дознав, да му се заблагодарам на човекот за изумот бидејќи тоа мало апаратче ми ги отвори очите".
Оваа мала интимна исповед на една редовна читателка на ВЕЧЕР, не иницираше да го свртиме и ние телефонскиот број за да дознаеме нешто повеќе за софистицираните уреди. За соговорник имавме електроничар и по професија и по вокација кој со задоволство ни раскажа се за бубите.
- Најпрво да ви кажам дека не станува збор за моја иновација, туку за школски пример којшто се учи во сите средни електротехнички училишта и може секој да ја направи, само што јас го прилагодив за домашна корисна примена. Всушност, мојата намера беше да направам мало апаратче кое работи на радиофреквеција и со домет од 50 до 100 метри, едноставно за примена што може практично да помогне во многу ситуации во секојдневието. Како на пример, мајката да има гласовна контрола врз бебето во другата соба, дали спие, плаче, или ако некој има болно или инвалидизирано лице во близина постојано да биде во врска со него или пак, бубицата во рацете на едно дете може да биде безжичен микрофон и тоа ќе може да пее, рецитира, учи, а притоа да се слуша на радио.
Имам примери каде што родителите купуваат за да откријат дали нивното дете се дрогира, но и како аларм против арамии - ни раскажа нашиот соговорник на кого изработката на бубачките му е хоби што го релаксира во периодот додека ги минува спокојните пензионерски денови. Токму затоа, вели тој, и цената е симболична. - Има стотици позитивни примери каде што ова мало уретче помогнало, но свесен сум дека има стотина примери каде што е злоупотребено. Како на пример, за откривање на тајни љубовни афери, учениците за препишување на тестови и слично.
Но, морам да нагласам дека овој уред не е воопшто опасен, опасен е човекот којшто наоѓа начин за да го злоупотреби. Но, и ножот што во продавница се продава за да му користи на човекот, па може да се злоупотреби - додава иноваторот.
Бубата функционира на тој начин што во апаратчето се става обична батерија, се испушта антената а во близина се вклучува радио или мобилен телефон, по што се бара на која фреквенција може да се слуша. Во просек, месечно продава по десетина уреди.
извор
гледам многу од читателите во Вечер сериозно се заинтересирале за апаратчево