Бриж - белгисјката Венеција

  • Креатор на темата Креатор на темата devojka87
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
26 март 2011
Мислења
659
Поени од реакции
668
Доколку не сте знаеле времеплов постои, и се вика Бриж. Со боја од чоколада, а мирис на квалитетно сирење и добро белгијско пиво. Неговата автентична средновековна архитектура, тесните калдрмски улици, тишината која е нарушена само од тропотот на коњските кочии, цветните плоштади и чипкани мотиви кои се кријат позади секое ќоше, дрвореди кои се отсликуваат во водата имаат моќ да ве шармираат до таа мерка што ќе помислите дека сте се вратиле во минатото.

Бриж е сместен во северозападна Белгија, во регионот Фландрија. На површина од 138 квадратни километри живее нешто помалку од 120 000 жители. Статистичките податоци покауваат дека секоја година околу три ипол милиони туристи уживаат во магијата на бајковитиот град кој својата лепота ја потврдува и со надимакот - Северна или Белгијска Венеција, поради прекрасните канали на кои лежи.

Прекрасно место кое маѓепсува на прв поглед.
Сте го посетиле?
Импресии?

Мене ме остави без текст, секако едно од ретките места каде што би сакала да се вратам повторно. Велат особено е магично во зима.
Уживајте во сликите

zp-30-31-putovanja-glavna_620x0.jpg

1472752_10204967419483807_8677829389998499649_n.jpg


10522436_10204967418323778_8508404521063518523_n.jpg

KUCE-NA-KANALU3.jpg
 
Сигурна дестинација ми е за во иднина, а чим @devojka87 вика дека зима е поубаво, ќе треба да си ги сменам плановите :)
 
Јас имам слушнато дека се смета за едно од најромантичните места во светот. А и дека е одлично место за прослава на Новата година:)

travel-blog-magazine-2668_3.jpg
 
Јас имам слушнато дека се смета за едно од најромантичните места во светот. А и дека е одлично место за прослава на Новата година:)

travel-blog-magazine-2668_3.jpg
Јас иам слушнато дека Номчета од Бичимци продавал леблеви и топли кикиритки во Бриж.
Незнам дали го знајш ама стварно продават, не се заебавам.
 
Сум бил еднаш 2010...Град што воодушевува едноставно,мора да се посети. Тој туристичкиот водич дури ни кажа дека имало повеќе канали од Венеција. Прекрасна катедрала,прекрасни канали,прекрасни стари градби кој што се зачувани и ден денеска луѓе живеат во нив. Морам да го посетам уште еднаш,тогаш бев 1-2 година средно така нешто. Иначе нема врска,јас бев летно време(август месец) и пак беше прекрасно :)
 
Лани бев по втор пат, овој пат само на 1 ден ама не пропушта да воодушеви. За разлика од Венеција, Бриж е многу почист и многу помалку „натрупан“ со туристи. Има полесен пристап со кола од колку Венеција и воопшто нема да разочара. Храната и чоколадите предобри (y)
Препорачувам да се качите на кулата што е на централниот плоштад, боље поглед од ајфелова кула има и да се пробаат чоколадните вафли :love::love:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom