Тони Врајт (42) не спиел цели 11 дена. Така поставил нов рекорд во неспиење и влегол во Гинесовата книга на рекорди. За да остане буден, тој се хранел со овошје, салати, семки и лешници.
Тони Истакнал дека поради таква исхрана и чаеви од билки успеал да остане буден. Но критични моменти биле кога ги пишувал на интернет своите дневни коментари. Од голема помош му биле и пријателите кои го држеле буден. Тие зборувале со него и играле билијард.
Врајт последните 15 години ја испитува поврзаноста на мозокот и сонот. Тој тврди дека на секоја страна од мозокот и е потреба одредена количина на сон, така да со одредени припреми може да остане необичаено долго буден. Неуморниот Британец пред соборувањето на рекордот извел околу 100 различни експерименти, така што знаел да остане буден од два до осум дена.
- Не се осеќам уморно, но сум малку лабав. Мислам дека несакам во блиска иднина да го соборувам својот рекорд, но би можел сега да останам уште еден ден буден - се шегувал Врајт.
Истиот рекорд од 11 дена неспиење го соборил во далечната 1964 во Сан Диего средношколецот Ренди Гарднер, кој исто така отишол во Гинесовата книга на рекорди.
Еве слика од рекордерот