Донев
★★
- Член од
- 9 мај 2008
- Мислења
- 35.800
- Поени од реакции
- 52.814

Една од игрите кои мислам дека кои излагаат годинава за кои мислам дека ќе бидат успешни и ќе ни понудат добра забава. Brink е мешавина од FPS и Mirrors Edge, што би можело да биде добитна комбинација и баш тоа ја прави еден од моите фаворити за оваа година. Значи фпс игра со free run, што би требало да донесе добра забава со можноста да правиме најразлични акробатски движења и убиства.
Дејствието се случува во град кој е познат како The Ark, и се наоѓа на обалата на Сан Франциско. Градот е создаден со цел да биде перфектното место за живеење. Град во кој околу 5 000 луѓе треба да го живеат животот од своите соништа. Но во градот се населуваат многу повеќе луѓе од планираното што доведува до недостаток на основните ресурси, вода и храна. Незадоволните граѓани на The Ark формираат сојуз наречен The Resistance (Отпорот), и бараат да им се дадат доволно ресурси во градот, како би можеле да преживеат. Откако лидерите на градот ги одбиваат барањата на народот, Отпорот ги превзема работите во свои раце, ги вооружуваат своите луѓе и одлучуваат сами да дојдат до храна и вода. Лидерите повикуваат дополнително засилување во градот за да можат да ги сопрат незадоволните граѓани, и така започнува борбата за опстанок.
Во Brink ќе има четири класи на играчи со кои ќе може да играме. Soldier, Medic, Engineer и Operative.
Soldier - класа која ќе снабдува со оружје и ќе користи експлозиви со цел да се уништат некои клучни објекти.
Medic - класа која ќе има можност да ги лечи повредените сограѓани и да ја зголемува енергијата.
Engineer - класа која е задолжена за апгрејд на оружјата како и дефанзивните системи.
Operative - класа која ќе врши саботажа, ќе снабдува со информации за противничките објекти, и ќе има можност да се маскира како еден од противниците со што ќе може да добива информации за нивните планови.
Останува да почекаме до 17ти мај и да ја пробаме. Излага за PC, XBOX 360 и PS3. Еве и видеа: