Breaking Benjamin

  • Креатор на темата Креатор на темата BliND
  • Време на започнување Време на започнување

BliND

Raptus regaliter...
Член од
16 јануари 2006
Мислења
3.963
Поени од реакции
361
Возраст
27
Breaking Benjamin е Американски алтернативен метал бенд кој постои од 1999 година и до сега има издадено 3 албума а четвртиот е во изработка.
Бендот се состои од :
Benjamin Burnley - Вокал и ритам гитара
Aaron Flink - Соло гитара
Mark Klepaski - Бас гитара
Chad Szeliga - Тапани

Бендот е пред се познат по својата енергија на сцена, заразните рифови како и вчудонедувачко добрите текстови (во споредба со останатите од овој жанр) . Дури и во самиот почеток на нивната музичка кариера нивните дела биле искористени како музичка позадина во повеќе игри вклучувајќи ги Halo 2 и дури 6 верзии на WWE .
Исто така нивната музика е вметната и во повеќе филмови .
Најголемиот успех го доживеале со нумерата “Diary of Jane " која во летото 2006 можеше да биде чуена на 100 американски радиа. Со самото пуштање на нумерата таа започна високо да котира на топ-листите и го зазеде првото место на повеќе топ-листи.
Видео спотот пак на Diary of Jane кој беше издаден на 21 Јуни 2006 предизвика голема врева во јавноста со самата завршна сцена каде што вокалот на бендот ја затворува книгата над погребната плоча на која е напишано името Jane B.... (нејасни се последните букви ) и се претпоставува дека се работи за Jane Bryan која била американска филмска звезда во 1930` и 1940` . Препоставките за тоа се бидејќи еден од нејзините најголеми филмски хитови „We are not Alone" е воедно и името на вториот албум на Breaking Benjamin .
Прашањето за значењето на видео спотот секогаш беше успешно одбегнувано од страна на членовите на бендот.

Покрај "Diary of Jane" најголеми хитови на овој бенд се : „Sooner or Later" , "Polyamorous" , "Breath" , "So Cold" , "Firefly" , "Away" и др.

 
Diary of Jane! :vozbud:

солиден бенд.. не ги слушам многу, но јаки се.. XDD
 
Потражив за бендов ама не најдов ваква тема, ако е дупла слободно бришете.

Брејкинг Бенџамин е американски рок бенд од Пенсилванија формиран во 1998 година. Досега имаат издадено 4 албума Saturate, We are not alone, Phobia и Dear agony. Последниот албум Dear agony беше издаден минатата година.

Бендот брои 4 члена: Бенџамин Барнли, Арон Финк, Марк Клепаски и Чед Целига. Интересно е како групата го добила денешното име. Пејачот Бенџамин додека изведувал песна од Нирвана успеал да го скрши микрофонот.
Дечкиве имаат прекрасни песни и феноменални живи настапи. За заинтересирани еве некои линкови од јутјуб:



 
ееее и ја мислев да отворам...одличен вовед :)
значи дечкиве се закон, се надевам повеќе кајганџии ке почнат да ги слушаат, штета што не се познати тука:toe:
пејачот само каков моќен глас има :zver:

моја омилена песна од последниот албум

 
Лелееее не ми се веруава некој ме претркал и отворил тема за групава! Значи како да кажам..........ГИ САКАМ И ОБОЖАВАМ НАЈВИШЕ НА СВЕТТТТ! Најомилен бенд ми се, и погодени ми се ко за душа! Чудно е што да речеме ова време минататa година и поима немав кои се ама откако дознав за нив случајно од еден линк на Фејсбук, песната ја засакав у секунда и си реков дај да видам што е работава со групава, и богами имав што да видам, односно слушнам и i was like OMFG!:vozbud: Не можам ни да опишам колку им ја сакам музиката и буквално непрестано ги слушам, откако ги дознав главно нивни песни ми се на рипит. Сите песни им ги симнав и да ги опишам со еден збор - ФЕНОМЕНАЛНО! Од музиката, оригиналноста, најјаките текстови, па се до прекрасниот глас на Бен♥! И стварно заслужуваат поголемо признание! Ај ја да не замарам повеќе иначе ќе трае постов бајагииии :pipi: еве ја првата песна што ја слушнав од нив и која што ме навлече тотално!!:vozbud: Воедно е и нивниот последен видео спот издаден.

 
Give me a sign е исто првата песна која што ја имам слушнато од оваа група и прескромно би било ако кажам дека е убава, преубава е :music1: ... но се уште ја немам искористено шансата да ги запознаам подобро како група и музиката која ја изведуваат.
 
Еден од најдобрите бендови на сите времиња. Едни од моите најомилени песни се, Diary of Jane, I will not bow, So cold, Sooner or later, Polyamorous

 
Не можев да издржам а да не пишам :) Во последен период пак си ги вртам онака активно. Ајде нешто што не сум ставила :)

Ради името

ради прекарот
:pos:

Го сакам Бен:back:
 
Брејкинг Бенџамин !!! :wub: Една од моите омилени, ако не и омилена група. Зошто немам пишано на темава ??
Anyway, почнав да ги слушам пред две години. Преокупирана бев со нив :) Им ја знаев секоја песна, сите текстови, биографии и сл. Ги слушам и сега, да, ама тогаш не знаев ништо друго освен нив, во смисла, само нив сакав да ги слушам. Омилена песна ? Хм, не знам дали можам да издвојам некоја, но So Cold беше првата што ја слушнав, па... Тука се и : The Diary of Jane, Next to Nothing, Follow, Simple Design, Sooner or Later, Breath.. а од новиов албум Dear Agony и Give me a Sign. Хух, претерав малце. Реков, не можам да издвојам, сите ми се убави. :)

И :pipi:

 
Не, не врне, си слушам онака рандом песни и... испробувам како работи search :D
 
Некако слабо со Benjamin?! Иначе последниот албум им е излезен уште од 2009 и го носи името исто како и песнава, спотот е добар исто така :).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom