Breaking Bad

  • Креатор на темата Креатор на темата Psyside
  • Време на започнување Време на започнување
Абе ми ја заеба шалата сеа. :rolleyes:

zLxkLDw.png
 
Ми се вртат 2-3 можни сценарија во глава како ќе заврши серијата и прилично сум сигурен дека така и ќе заврши, ама нема да пишувам спојлери за да не добијам бан. Очекувам добро финале без разлика како ќе заврши.

Sent from my Nexus 4 using Tapatalk 2
 
Не си баба Ванѓа па да биде спојлер твоја претпоставка. Еве јас ќе напишам моја.

Џеси нема да заврши среќно, бидејќи тој е трагичниот лик во целата оваа приказна. Но тоа не значи ни дека ќе умре, бидејќи на некој начин, така ќе се спаси од маките. Џеси ќе заврши во кома или тотално неподвижен по несреќа во лабораторијата, па затоа ќе мора да живее и ќе не може ништо да направи околу тоа. А тоа ќе се случи поради еден лик, а тоа е Џек. Чичко Џек е лик кој е многу неодговорен околу опасностите кои ги има изработката на мет, нешто што видовме во сцената кога не носеше маска и покрај опасноста од гасовите кои ги има во процесот. Џек пуши цигари, а во флешбекот видовме како Волтер му кажува на Џеси дека не треба да пуши. Затоа, Џеси кога ќе биде на само со Џек, ќе побара од него да запали цигара и ќе се случи експлозијата, нешто што Џеси сака да случи, зашто нели не сака да живее повеќе. Зошто ќе биде сам Џек, а нема да биде Тод во просторијата? Тод ќе биде зафатен со Лидија, сакајќи да ја импресионира со нешто. Како што раскажуваше Баџер со приказната за Стар Трек, во битката кој повеќ изеде пита, води еден од ликовите, но со измама со помош на својот асистент, кој ги телепортира питите во вселената. Но тогаш ќе влезе женски лик и асистентот ќе се збуни и ќе го убие својот соработник. Така ќе се случи и со Тод и Џек, само на поинаков начин. Џек и можеби уште еден умира а Џеси е тешко повреден, но потоа пронајден од својот пријател Баџер (го пишува дека ќе има улога во последната епизода, па би можело да биде ова) Волтер ќе влезе во базата тогаш и ќе ги убие останатите нацисти и Лидија. Парите и дрогата ќе ги запали. Остава порака на својата фамилија и го бара рицинот. Но тој го нема во неговиот џеб. Тогаш се решава за последната работа, да се убие со пиштол. И тоа се случува. Produced by Vince Gilligan.

Само моја претпоставка а ништо не пишува за Скајлер и Џуниор, бидејќи не би знаел за нив што како...
 
уште сега плаче форест, а што ќе прави кога ќе го изгледа финалето?
се бара волонтер да го набљудува и да го теши да не се самоубие :D

или нека се самоубие, еден хипстер помалку..
 
Тогаш ајде да споделам и јас. Според мене Волт конечно ќе го реши проблемот што го мачи долго време и поради кој и ја започна целата работа со метот. После интервјуто што го виде на ТВ каде Шварцови го дискредитираа побесна и според мене мора да има одмазда за нив. Но побесна и поради фактот што синиот мет кој беше негов изум сеуште се произведува, по што сфати дека Џек не го убил Џеси. Мислам дека нешто ќе направи за да ги уништи Шварцови, а можно е и да ги искористи на некој начин само незнам како, но некаква одмазда ќе има. Џек и бандата ќе завршат лошо, само во никој случај не ми се верува дека Волт директно ќе им влезе со машинка и ќе ги испука сите, нацистите сепак не се толку глупави и знаат како да ја играат играта, видовме дека се способни да убијат цела банда и двајца агенти на ДЕА без око да им трепне, а Волт не е толку добар со оружје па не ми се верува дека во финалето ќе го вклучи Рамбо модот, или во неговиот случај Скарфејс модот :) . Нив ќе ги среди со надигрување, ќе игра на карта кој е попаметен. Џеси мислам дека ќе биде тој што ќе го убие Тод, но претходно и Лидија ќе ја упука најверојатно поради одмазда за Андреа, а неговите пријатели или барем Беџер како што рече ти ќе му помогне некако на некој начин. Рицинот е дефинитивно наменет за Волт, само дали ќе има храброст и можност да го употреби на себе незнам, ќе видиме. А контакт помеѓу Волт и Џеси ако има тогаш мислам дека пак нема да се испоубијат еден со друг, сепак долга историја имаат. Имам уште едно сценарио во глава што ми се мота ама нема да го напишам бидејќи неможам од телефонов, очите ми истекоа. Сепак како и да е неможеме да знаеме со сигурност, ќе мора да чекаме до финалето, ова се само наши теории и желби.

Sent from my Nexus 4 using Tapatalk 2
 
уште сега плаче форест, а што ќе прави кога ќе го изгледа финалето?
се бара волонтер да го набљудува и да го теши да не се самоубие :D

или нека се самоубие, еден хипстер помалку..

Си иам шал4е за плакање.
 
Не знам зашто мислите дека Волт ќе се одмаздува на Гречен и Ушлето. Тие беа само како курири на пораката дека бизнисот со мет го продолжиле нацистите и дека го користат Џеси за тоа и дека Волтер веќе не постои за светот, дека тој е мртов. Со тоа тој сфати дека нема што да изгуби и ќе мора да го заврши бизнисот кој тој го почна. Тој знае дека Гречен и Ушле го рекоа тоа за да не им пропадне фирмата а не дека стварно мислат така, дека не учествувал во формирање на фирмата. Плус тој нема ништо против нив или пак тие не му направиле нешто лошо.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom