Ок после 2 дена во камена доба (немав интернет, shame on you T-home) ја симнав последната епизода да видам каква завршница ќе има фејл клифхенгерот од предходната. Ќе ми недостасува Hank но презадоволен сум од разврската на сцената и си ги повлекувам зборовите кажани за предходната епизода но сепак мислам дека клифхенгерот беше очаен трик за билдање тензија, можат они и подобро.
Не навлагам во детали и анализи на епизодата пошто немаше сцена која не ми се допадна. Искрено фалеше сцена-две за да ја сметам епизодава за финале, навистина имаше таков квалитет. Сцената со бурето беше брилиантна, имав осмех од едно до друго уво, нешто што ми требаше по сите оние дешавки од пред некоја минута.
Друго, иако и давам 10/10 на епизодава споредбите со GoT (Red Wedding) се навистина непотребни и смешни. Како прво факторот на изненадување кај GoT беше милион посто додека цела недела тука се прават теории како Ханк и компанија ќе го изедат стапот... Од друга страна се разбира се е субјективно. Хардкор фан на Breaking Bad ќе паѓа во транс за оваа епизода, GoT фан за Red Wedding, едно е заедничко за двете а тоа е дека двете се ебано добри епизоди! Толку офтопик од мене.
П.С. Навивам за Walter White нормално.